Што е љубовта?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mad Maxx
  • Време на започнување Време на започнување
А кој пиша дека е мислење уопште??(упс отварачот на темава пишал...е нема такво мислење)

Изеди таму пет шест милка чоколада и во мозокот ќе се случува истио процес....наречен љубов..ама тоа ти е уствари некаква...симулација:)

А ако навистина сакаш некое чупе и од неа имаш деца...ма ќе треба да си подготвен буквално да делиш од себе за деците и за неа...ова тинејџ срањето ко во америчките комедии кај шо торлакот ја фаќа најјаката пичка....е само филм...баталете такви комедии-лошо влијаат.

ИИИ ќе го поткрепиш со???

Се извинувам за отварењето на нова тема не успеав да ја забележам а не ни имаше слични :S.
Така е јбг ја не видов ништо добро од тоа па затоа е боље да се мисли дека не постои таква работа :).
 
Се извинувам за отварењето на нова тема не успеав да ја забележам а не ни имаше слични :S.
Така е јбг ја не видов ништо добро од тоа па затоа е боље да се мисли дека не постои таква работа :).

Колку години имаш? Не си видел ништо добро? Боље е да се мисли дека не постои таква работа?

Да дојде некој дедо или баба на 80 години и да ми кажат дека љубов не постои и дека е подобро да не постои, ќе ги разберам, проживеале низ животот, па имаат став. Иако не би се согласила со тоа.

Ако нешто те повредило, не е љубов. Љубовта не повредува, луѓето се оние кои повредуваат. Тоа што си направил грешки на тоа поле, не значи дека треба да ја деградираш љубовта.

И можете сите што сакате да мислите, ама љубовта е насекаде. Љубовта е се, љубовта е алфа и омега, љубовта е она заради кое што постоиме и смислата на се што постои.
Љубовта е СОВРШЕНА. Единствено совршенство на светов е љубовта. Тоа што луѓето не се, тоа е друга работа. Љубовта постои итекако и тоа богами во големи количини, но луѓето сами бираат да бегаат од неа и да ја отфрлаат од себе.
Престанете со научни докажувања, науката не може се да објасни, посебно не љубовта.

Ако некој ме повредил, најмалку од се ќе престанам да верувам во љубов. Тоа ќе ме поттикне уште повеќе да сакам, барем ако јас не осетам љубов, да му покажам на друг како е да се биде сакан.

Не сум осетила возвратена љубов во вистинска смисла на зборот, но сум сакала, сакам и ќе сакам.

Луѓето се себични, сакаат да бидат сакани, а не сакаат да даваат љубов. Е па додека е тоа така, ќе има скепса околу љубовта. Се додека е така, луѓето ќе мислат дека таа постои.

За да осетиш љубов и да сфатиш дека таа постои, првиот чекор е да дадеш љубов, да се дадеш себеси.

Ќе те повредат, да, но тоа се луѓе, но љубовта ќе ги излечи сите рани кога тогаш и едноставно се што било лошо ќе исчезне.
 
Љубовта е борва во која победуваат двајцата.:toe:
 
Едноставен пример земи некој украс од кристал,скршиго,залипиго и повториго тоа 5-6 пати па кажи дали ќе го има сјајот како што го имаше?Така и љубовта кога не ти е возвратена повеќе пати и срцето тик се скрши престануваш да верувавш.
 
И јас порано го зборев тоа, као демек вазната ако се скрши не можеш да ја залепиш и да биде ко порано, но не и кога е во прашање љубовта. Верувај ми, можам да докторирам на тема невозвратена љубов. Но, за тоа не е виновна љубовта. Ако некој не не' сакал, не значи и дека љубовта не постои. Секој мора да направи грешки и лоши избори, за кога ќе дојде она правото да знае вистински да го цени.

Сигурно и имало личност која имала чувства за тебе, но ти не си можел да и ги возвратиш. Тоа нема врска со љубовта, едноставно не било тоа вистинското.

Не смееме да ја обвинуваме љубовта, заради сопствените грешни процени и избори.

И не можеш ти да одлучуваш дали таа постои или да сакаш да мислиш дека не постои. Кога ќе те најде и ќе те погоди, нема да можеш да и избегаш и нема да сакаш да и избегаш, зашто ќе ја почувствуваш совршеноста на љубовта како чувство. Односите меѓу луѓето од друга страна не се и никогаш нема да бидат совршени. И затоа треба многу труд и напори за вистинската љубов.

Ме повредиле, да. Дали сум престанала да верувам? Никогаш!

Еве и два цитати кои одговараат на целиот муабет:

На светот секогаш постои една личност која ја чека онаа другата.
На патот кон моето срце напишав „забрането минување“, но љубовта влезе смеејќи се и извика: „Јас влегувам секаде“.
 
Едноставен пример земи некој украс од кристал,скршиго,залипиго и повториго тоа 5-6 пати па кажи дали ќе го има сјајот како што го имаше?Така и љубовта кога не ти е возвратена повеќе пати и срцето тик се скрши престануваш да верувавш.

нема да го лепиш тој украс, нема да се обидуваш да му го вратиш истиот сјај... едноставно ќе си најдеш друг украс, нов украс, кој што ќе биде со нов сјај...

а љубовта што е?! хм... би рекла движечка сила, кога си заљубен едноставно подруго гледаш на работите, се ти е полесно, се ти е поубаво... но, љубовта сама по себе не е доволна... таа знае и да боли...
сепак треба да се има надеж за се во животот па така и за љубовта...
 
Љубовта (помеѓу маж и жена) е хемиска реакција која има за цел да соедини два различни пола како би дошло до полов акт со цел продолжување на видот, која со тек на време се намалува до потполно исчезнување, освен ако не станува збор за другарство т.е. една душа во две тела кајнд оф ситуација...

А општо, љубовта е душевна состојба која не прави разлика помежу една и било која друга работа, соединување на објектот и субјектот, екстатична состојба на блаженство. Баш е тешко да се пронајдат зборови за да се опише таа апстракција наречена љубов.
 
ИМАО(им мај арогант опинион) ништо не е. Како деца е платонска, искрено чувство на детски фантазии. Како возрасни е физичка привлечност, секс и карактерно согласување. Толку, нема веќе. Ни хемиски реакции ни аморови стрели ни булшет никаков.
 
Како возрасни е физичка привлечност, секс и карактерно согласување. Толку, нема веќе. Ни хемиски реакции ни аморови стрели ни булшет никаков.

...така да:

Како возрасни е физичка привлечност, секс и карактерно согласување.

е хемиска реакција, чиста хемија, краткотрајна...:toe:
 
...така да:

е хемиска реакција, чиста хемија, краткотрајна...:toe:

Oк нека ти биде. Човекот е животно како и останатите. Се води од инстинкти и од нагони. Според мене хемија е наука за хемиските елементи и процеси. Не постои таква работа.
 
љубовта нема тажен крај, зошто љубовта нема крај...:back:
 
Oк нека ти биде. Човекот е животно како и останатите. Се води од инстинкти и од нагони. Според мене хемија е наука за хемиските елементи и процеси. Не постои таква работа.

:)
затоа и си арогантен, и како шо велиш сакаш да си ја намалиш арогантноста тогаш освен Amygdala - Примитивниот мозок, почни да го користиш Neo Cortex - Модерниот мозок :wink:

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=49946&page=8
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom