Љубовта неможе да се опише ни со 1000 зборови..колку и да пробуваме да ја опишеме тоа ке биде само приближно,како јас сега..
Љубов..кога ке го слушнеш тој збор,веднаш ти асоцира на внимание,нега,грижа и блискост мегу две личности.
Во љубовта страдаме,но сепак неможеме без неа и ја бараме повторно.Многу пати таа знае сурово да ве удри по лицето,но истотака знае и да биде нежна со вас,да ве негува и пази,да се почуствувате сакани и истовремено да сакате.
Тоа е чуство..кога иако сте скарани..неможеш да издржиш без да му кажеш збор во наредните 5минути,кога сеуште не сте се разделиле а веке ти недостига,кога уживаш во секој момент со партнерот и светот за тебе застанал едноставно не ти е грижа за ништо друго.Кога спремен си да подариш,но и да примиш подарок.Да се жртвуваш..
Да знаеш како се чуствува партнерот во билокоја ситуација..без ни збор да ти каже за истото.Го гушкаш партнерот..и лебдиш на седмо небо,се бакнувате..а тебе безброј пеперутки во стомакот ти летаат.
Љубовта е светлина која ја гледаш низ очите на партнерот,чуствуваш топлина во срцето иако е минус 20 степени,потреба да се биде со него за да бидеш осполнет.
Љубовта е волшебство,а јас само пробав приближно да ја опишам.