Што е љубовта?

Член од
27 јуни 2008
Мислења
53
Поени од реакции
5
Љубовта ти е подарок од господ како и душата што ти ја дал, нема дефиниција, формула, опис,карактер, што значи дека спаѓа во редот на непознати (сеуште) појави, облици, или слична форма која не може да се потенцира.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.616

интересно...занимливо...
I respect your opiniot....but it's WRONG :D (од маркицата на еден од кајганџиите)
 
А можеш да ми дефинираш што е тоа љубов? И да ми експериментираш љубов како доказ на спротивноста на моето мислење, пошо викаш дека е wrong.Докажи го спротивното.:vozbud:
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
4
Поени од реакции
0
osvesti se i veruvaj deka ne si vi pravo.ljubovta ne e bajka taa e vistinata na sekoj covek.nikogas ne gubi nadez.bidi sigurna deka ce dojde toj den.pozdrav

mnogu vistinito
 
cacikr

K@ŧ€ň©€ŧǾ
Член од
4 јануари 2008
Мислења
452
Поени од реакции
8
Чувството на љубовта
Да живееш... Да копнееш... Да се будиш секое утро со помислата дека си некому потребен... Најубавото чувство. Тоа што нè исполнува. Ни го прави животот посебен и единствен. Единствен, на начин на кој некогаш бил само дел од нашите сонови. Што е тоа? Кое е тоа чувство кое може да ги помине сите препреки само за да спои две срца? Да, тоа е љубовта! Љубов – толку мало зборче, а сепак исполнето со многу емоции, чувства... Исполнето со огромна светлина и радост, но понекогаш и тага. Љубовта постоела отсекогаш и претставувала чувство без кое ако размислам, човечкиот род не би можел да опстане. Без разлика на времето, местото и положбата во која се наоѓале, луѓето секогаш биле способни да дадат љубов, па дури и да го дадат својот живот за оние кои ги сакале.
Што е тоа љубов? Понекогаш ќе се прашаме. Всушност мислам дека тоа е најчесто поставувано прашање. За некого љубовта претставува само болка и страдање, додека за некого претставува најубавото и најпрекрасното нешто на светот, единствена причина за живеење. За мене љубовта е еден вид пријателство, да бидеш со тој што го сакаш во добро и во зло, да растете заедно, да плачете, да се смеете... Да ги поминувате заедно најубавите моменти. Да си верувате еден на друг, но пред се да верувате во вашата љубов. Едноставно, тогаш целиот свет е само ваш, а на него постоите само вие двајца и нормално вашата љубов.
Се уште не можам да зборувам за љубовта и нејзината убавина, но сепак мислам дека таа е дел од секого и дека декој има право да ја почувствува. Пролетта е време за вљубување. Па затоа се вели дека на вљубените целиот живот им е пролет. Љубовта е најубавото нешто на светот. Кога сум вљубен чувствувам дека целиот свет е мој, а светот е обоен со розова боја, прекрасна волшебна боја... Љубовта знам колку е слатка, но знам и колку боли. Не се откажав од љубовта, бидејќи таа доаѓа кон оние кои веруваат во неа. И секој пат кога ќе ги осетам оние пеперутки во стомакот, ја осеќам љубовта на своја кожа, сите убави мигови, се осеќам најубаво. Па дури и кога нема љубов во мојот живот, остануваат спомените од нешто поминато, спомени кои ми го одржуваат животот. Љубовта е најсилната сила. Сила која го врти светот. Во школо не учат за гравитациона, електростатичка и други сили кои не опкружуваат, но дали се тие и најважни? Тие се сили кои ги проучуваат некои научници, кои го трошат својот живот затворени во својата работна соба, проучувајќи ги законите и она што не опкружува. Но ниту еден човек, ниту еден научник или слично не може, не е способен да ги открие сите закони на љубовта. На таа сила која според мене има најголема моќ.
Но љубовта е секогаш непредвидлива. Иако ни ја носи најголемата среќа во животот, знае да донесе и болка, тага и мнгоу солзи. Но сепак тој баланс помеѓу среќата и тагата е неопходен во нашите животи и сето тоа се надминува. Најбитна е убавината на љубовта, за која доколку е вистинска вреди да се ризикува животот. Дали само еден цвет ја прави ливадата шарена? Дали само една ѕвезда го прави небото чудесно? Само еден лебед ли ги прави водите на езерото романтични? Започнав со мелодијата на пријателството, а завршувам со песната на љубовта. Љубовта е како музичка кутија која е затворена со катанче, а клучот на тоа катанче го има тој што го сакаме. А душата, таа претставува огледало, при секој поглед во него се гледа нашата љубов. Ако си го отвориме срцето, љубовта ќе ни ја отвори душата. Кога музиката од музичката кутија допира до мојата душа, започнува љубовта. А, кога ќе запре музиката се крши огледалото и се губи клучот – тука лежат одговорите на сите прашања. Неверствата и лагите ја трујат љубовта. Помалите лаги и неверства бавно ја уништуваат љубовта. Големите лаги и неверства ја уништуваат побрзо. Љубовта не значи само болка и повредување. Љубов значи: Љубовта да ја подариш на оној што мислиш дека му е потребна и искрено и безусловно да го сакаш. Љубовта е најубавото нешто на светот, но само ако е возвратена! Секогаш носи љубов во твоето срце, затоа што само така ќе бидеш среќен и ќе те сакаат. А тоа, да бидеш сакан е најубавото нешто што може да ти се случи. Деновите потрошени без љубов, се залудно потрошени денови... Тој што те сака, и ти сакај го, но тој што те повредува, засекогаш избриши го од твојот живот. Ако си во мојот живот само за да си играш со моите чувства, не си го губи времето и оди си. Но, ако си тука да ме сакаш и да ми покажеш што е вистинска љубов, можеш да
останеш засекогаш...
 
cacikr

K@ŧ€ň©€ŧǾ
Член од
4 јануари 2008
Мислења
452
Поени од реакции
8
А можеш да ми дефинираш што е тоа љубов? И да ми експериментираш љубов како доказ на спротивноста на моето мислење, пошо викаш дека е wrong.Докажи го спротивното.:vozbud:
Никој неможе да каже конкретна дефиниција за тоа што е љубов.Секој ја сфаќа на поинаков начин.За некој тоа е најубавото нешто во животот,а за некој таа е најлошото искуство што му се има случено во животот.Иако напишав во мојот пост погоре дека љубовта ја носи најголемата среќа и дека може да донесе болка,тага и многу солзи,но ако љубовта донесе солзи значи дека таму немало љубов тоа не е љубов.Ехх таа љубов...
 
cacikr

K@ŧ€ň©€ŧǾ
Член од
4 јануари 2008
Мислења
452
Поени од реакции
8
Еве уште нешто за љубовта:
Љубовта е...
- Љубовта не е самобендисаност, чуство на фалење или издигање на самиот себе, туку е чуство на радост што не облева додека работиме, нешто во што се самореализираме.
- Љубовта не бара моќ, популарност ниту контрола. Љубовта е интимност.
- Љубовта не е осаменост, потолченост, конфликт ниту беда.
- Љубовта не е расипаност, атеизам, страв, несигурност, напнатост ниту грижа.
- Љубовта не е програмирана. Љубовта е состојба на среќа.
- Љубовта не бара стрепување, неспокојство, врзаност, ниту манипулирање. Љубовта е среќата што ја чуствуваме во моментот.
- Љубовта не е желба, фрустрација, нервоза, уплашеност, ниту твоите кошмари, ниту убедување. Љубовта бара отфрлање.
- Љубовта не е потреба, вредност, вкус, став, навика, изглед, религија ниту културно убедување.
- Љубовта не е бес, горчина, загриженост, ниту бара егзистенција. Таа не е раздразлива, треперлива, чувство на вина ниту избегнивање. Таа не е насилна, таа бара смиреност.
- Љубовта не е принуда, робување, условеност. Таа е ослободување.
- Љубовта не е напор, добра воља, ниту бара пари, успех, добар глас, страст, зависност, разочарување, љубомора, параноја ниту патење. Љубовта е самоизразување.
- Љубовта не се фантазиите на твојот дух. Љубовта е истаржување.
- Љубовта не бара наслада, опиеност, загрозеност, вознемиреност, ниту е умор или тежината на душата. Љубовта е отфрлање.
- Љубовта не е штитење, ниту чување. Љубовта е мирис на илјада цветови.
- Љубовта не е илузија, затвор, измама, искористување, ниту посесивност. Љубовта е слобода, познавање на самиот себе, господарење со самиот себе. Љубовта е свесност.
- Љубовта не е слепа, а ниту е секс. Љубовта е чуство на единственост.
- Љубовта не е сомневање, сигурност. Љубовта е отвореност. Љубовта е веселост.
- Љубовта не е игнорирање. Љубовта е сегашност што се менува.
- Љубовта не е неосетлива, ниту глува. Таа не е депресија, ниту амбиција. Љубовта е покајување.
- Љубовта не е минато, ниту иднина, љубовта е сегашност.
- Љубовта не е мрзелива, тапа, ниту измислува. Таа е бистра, луцидна, еластична и активна.
- Љубовта не е заспана, не бара авторитет, традиција ниту вера. Љубовта е вистинита. Љубовта е револуционер. Љубовта е светост.
- Љубовта не е комплимент, посакување, незадоволство, алчност, егоизам ниту празнина. Љубовта е мудрост на природата.
- Љубовта не е крута, логична, механичка ниту безживотна. Љубовта е креативна. Љубовта е едноставна.
- Љубовта не е удобност ниту блокираност. Љубовта е промена.
- Љубовта не е казнување, награда, дисциплина, проповеди, обвинување, посакување ниту гордост. Љубовта е прифаќање.
- Љубовта не е порок, лакомост, суета, истакнување, ниту допаѓање. Љубовта е наивна. Љубовта е набљудување.
- Љубовта не е насилна, нетолерантна ниту патење. Љубовта е самозапознавање.
- Љубовта не бара подреденост, прифаќање, одобрување ниту ликување.
- Љубовта не прекорува, не бара правила, не моли, не е мода ниту признание. Љубовта е допир со реалноста, став предодреден за љубов...
- Љубовта не е формула, ниту зборови. Љубовта е чуство, пат кон вселената, љубовта е невина.
- Љубовта не лаже и не користи маски. Љубовта е отворена, гола. Љубовта е она што е. ТАА Е НЕДЕЛИВА!!!
- Љубовта не е наредба, етикета ниту грев. Таа е бесплатна.
- Љубовта не е свесна за себе.
- Љубовта не е објект, ниту бара заслуги. Љубовта е слобода и е склад со се околу себе.
- Љубовта не е исклучување, одрекување ниту бара мани. Љубовта е спознавање на се. Љубовта е простување.
- Љубовта не е бариера, визија, идеја, ниту предрасуда.
- Љубовта не е добра ниту лоша, убава ниту грда. Љубовта е она што е.
- Љубовта не е посебна, ниту бара наклоност. Љубовта е заеднички однос.
- Љубовта не се бара ниту служи. Љубовта е запознавање на себе и запознавање на другиот. Љубовта е чин на согледување и одрекување од самиот себе.
- Љубовта не е докажување ниту прифаќање. Љубовта е свежина.
- Љубовта не е пристрасна. Љубовта е проучување, набљудување и разбирање.
- Љубовта не е одбивност, ниту осуда, поседување, добрина на срцето, симпатија ниту внимание према другите. Љубовта е чуствителност на секој дел од реалноста во тебе и околу тебе.
- Љубовта не е совршена, недоволна ниту делимична. Љубовта е целосна, или ја имаш или ја немаш.
- Љубовта не е рамнодушност, закоравено срце ниту одрекување. Љубовта е жртвуавње.
- Љубовта не бара наглост, нетрпеливост, ниту да си непријател на самиот себе.

Многу пати животот ни носи врски што започнуваат на привлечност, од привлечност прераснуваат во уживање, па продолжуваат во прикачување и врзување, што на крај завршуваат со замор и досада. Истото тоа завршува со раскинување и одново започнува кругот кој е пропратен со немир, љубомора, грабливост и патење, и ако имаме среќа може да ве заслеп некој/а и ќе доживееме состојба на заљубеност, а заљубеноста е еуфорија, и таа таканаречена љубов потекнува од убедување, вистинито или лажно дека е љубов.

Љубовта е единствено нешто во вас што прави да уживате во се и во ништо. Меѓутоа не заборавајте ако не сме будни и со отворени очи тогаш таа може неограничено да трае...

Извинете што напишав три поста еден под друг:)
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.616
А можеш да ми дефинираш што е тоа љубов? И да ми експериментираш љубов како доказ на спротивноста на моето мислење, пошо викаш дека е wrong.Докажи го спротивното.:vozbud:
е неможам...љубовта си е чуство...пред се убаво чуство...

добар копи/пасте удри...можеше нешто твое да напишеш пошто темава е за вашите/нашите мислења...не на некој од нет, книга, списание...

иначе за постовите одма некој админ/модератор ти ги средил:helou:
 
cacikr

K@ŧ€ň©€ŧǾ
Член од
4 јануари 2008
Мислења
452
Поени од реакции
8
statusQuO напиша:
добар копи/пасте удри...можеше нешто твое да напишеш пошто темава е за вашите/нашите мислења...не на некој од нет, книга, списание...

иначе за постовите одма некој админ/модератор ти ги средил:helou:
Иначе да ти кажам дека и „Чувството на љубовта„(т.е. мојот состав по македонски)е копи/пасте.А јас си кажав што е за мене љубовта така да ај чаос:helou:
 
Член од
21 јануари 2008
Мислења
2.782
Поени од реакции
33
Љубовта е смрт ..:tapp:
зарем не?
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
53
Поени од реакции
5
Е и што сега заклучуваме од се ова што е искажано?
Љубовта е НЕШТО што е во пропорционалност со секојдневието и животот, секој различно ја разбира, сваќа, ја доживува и понатака сите муабети се вртат во круг и тоа затворен круг само што секој си употребува свои зборови за да се искаже, а суштината е сосема иста секаде.ај :salut:.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Крајниот стадиум на среќа. Единствената шанса да се игнорира секој можен проблем во, пред, околу и далеку од себе.
Но, истовремено пропагирајќи ги сите космички закони каде владее рамнотежата не би можел да го избегнам делот за обврска и моќта која се поседува да се повреди љубовта, да се изневерат чувствата со обично трепнување кое ќе изгледа непотребно и погрешно.
На крајот, љубовта е two way street. Еднострана не постои, во тој случај сме биле слепи или сме сакале да бидеме. Затоа и носиме толку голема обврска во исто време кога толку многу се чувствуваме лесни како ветрот, како бојата на виножитото... :smir:
 
Член од
6 април 2006
Мислења
87
Поени од реакции
0
Крајниот стадиум на среќа. Единствената шанса да се игнорира секој можен проблем во, пред, околу и далеку од себе.
Но, истовремено пропагирајќи ги сите космички закони каде владее рамнотежата не би можел да го избегнам делот за обврска и моќта која се поседува да се повреди љубовта, да се изневерат чувствата со обично трепнување кое ќе изгледа непотребно и погрешно.
На крајот, љубовта е two way street. Еднострана не постои, во тој случај сме биле слепи или сме сакале да бидеме. Затоа и носиме толку голема обврска во исто време кога толку многу се чувствуваме лесни како ветрот, како бојата на виножитото... :smir:[/quote

Можеби имаш право за повекето работи овде напишани, ама кога ќе се исполнат сите тие тогаш ќе ги почувствуваш вистинските проблеми од љубовта.
Дури се освестиш ќе се чувствуваш 1000 пати поразлично од горниот напис.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
ЉУБОВ...

Премногу искористен, натоварен, преувеличен, а сепак неразјаснет збор кој длабоко во себе е сосема кристално невино-јасен... според мене...

Ништо помалку... ништо повеќе...

Едноставен и совршен како утринска роса...а искомплексиран и нагрден од страна на човекот, кој трудејќи се да го долови го упропасти... :smir::smir::smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom