statusQuO
Модератор
- Член од
- 18 јуни 2008
- Мислења
- 13.038
- Поени од реакции
- 7.616
http://www.google.com/search?q=define%3Alove
еве што ми кажа чичко гугл...
еве што ми кажа чичко гугл...
интересно...занимливо...Љубовта ти е подарок од господ како и душата што ти ја дал, нема дефиниција, формула, опис,карактер, што значи дека спаѓа во редот на непознати (сеуште) појави, облици, или слична форма која не може да се потенцира.
А можеш да ми дефинираш што е тоа љубов? И да ми експериментираш љубов како доказ на спротивноста на моето мислење, пошо викаш дека е wrong.Докажи го спротивното.интересно...занимливо...
I respect your opiniot....but it's WRONG (од маркицата на еден од кајганџиите)
Никој неможе да каже конкретна дефиниција за тоа што е љубов.Секој ја сфаќа на поинаков начин.За некој тоа е најубавото нешто во животот,а за некој таа е најлошото искуство што му се има случено во животот.Иако напишав во мојот пост погоре дека љубовта ја носи најголемата среќа и дека може да донесе болка,тага и многу солзи,но ако љубовта донесе солзи значи дека таму немало љубов тоа не е љубов.Ехх таа љубов...А можеш да ми дефинираш што е тоа љубов? И да ми експериментираш љубов како доказ на спротивноста на моето мислење, пошо викаш дека е wrong.Докажи го спротивното.
е неможам...љубовта си е чуство...пред се убаво чуство...А можеш да ми дефинираш што е тоа љубов? И да ми експериментираш љубов како доказ на спротивноста на моето мислење, пошо викаш дека е wrong.Докажи го спротивното.
добар копи/пасте удри...можеше нешто твое да напишеш пошто темава е за вашите/нашите мислења...не на некој од нет, книга, списание...Еве уште нешто за љубовта:
Љубовта е...
- Љубовта не е самобендисаност, чуство на фалење или издигање на самиот себе, туку е чуство на радост што не облева додека работиме, нешто во што се самореализираме.
- Љубовта не бара моќ, популарност ниту контрола. Љубовта е интимност.
- Љубовта не е осаменост, потолченост, конфликт ниту беда.
- Љубовта не е расипаност, атеизам, страв, несигурност, напнатост ниту грижа.
- Љубовта не е програмирана. Љубовта е состојба на среќа.
- Љубовта не бара стрепување, неспокојство, врзаност, ниту манипулирање. Љубовта е среќата што ја чуствуваме во моментот.
- Љубовта не е желба, фрустрација, нервоза, уплашеност, ниту твоите кошмари, ниту убедување. Љубовта бара отфрлање.
- Љубовта не е потреба, вредност, вкус, став, навика, изглед, религија ниту културно убедување.
- Љубовта не е бес, горчина, загриженост, ниту бара егзистенција. Таа не е раздразлива, треперлива, чувство на вина ниту избегнивање. Таа не е насилна, таа бара смиреност.
- Љубовта не е принуда, робување, условеност. Таа е ослободување.
- Љубовта не е напор, добра воља, ниту бара пари, успех, добар глас, страст, зависност, разочарување, љубомора, параноја ниту патење. Љубовта е самоизразување.
- Љубовта не се фантазиите на твојот дух. Љубовта е истаржување.
- Љубовта не бара наслада, опиеност, загрозеност, вознемиреност, ниту е умор или тежината на душата. Љубовта е отфрлање.
- Љубовта не е штитење, ниту чување. Љубовта е мирис на илјада цветови.
- Љубовта не е илузија, затвор, измама, искористување, ниту посесивност. Љубовта е слобода, познавање на самиот себе, господарење со самиот себе. Љубовта е свесност.
- Љубовта не е слепа, а ниту е секс. Љубовта е чуство на единственост.
- Љубовта не е сомневање, сигурност. Љубовта е отвореност. Љубовта е веселост.
- Љубовта не е игнорирање. Љубовта е сегашност што се менува.
- Љубовта не е неосетлива, ниту глува. Таа не е депресија, ниту амбиција. Љубовта е покајување.
- Љубовта не е минато, ниту иднина, љубовта е сегашност.
- Љубовта не е мрзелива, тапа, ниту измислува. Таа е бистра, луцидна, еластична и активна.
- Љубовта не е заспана, не бара авторитет, традиција ниту вера. Љубовта е вистинита. Љубовта е револуционер. Љубовта е светост.
- Љубовта не е комплимент, посакување, незадоволство, алчност, егоизам ниту празнина. Љубовта е мудрост на природата.
- Љубовта не е крута, логична, механичка ниту безживотна. Љубовта е креативна. Љубовта е едноставна.
- Љубовта не е удобност ниту блокираност. Љубовта е промена.
- Љубовта не е казнување, награда, дисциплина, проповеди, обвинување, посакување ниту гордост. Љубовта е прифаќање.
- Љубовта не е порок, лакомост, суета, истакнување, ниту допаѓање. Љубовта е наивна. Љубовта е набљудување.
- Љубовта не е насилна, нетолерантна ниту патење. Љубовта е самозапознавање.
- Љубовта не бара подреденост, прифаќање, одобрување ниту ликување.
- Љубовта не прекорува, не бара правила, не моли, не е мода ниту признание. Љубовта е допир со реалноста, став предодреден за љубов...
- Љубовта не е формула, ниту зборови. Љубовта е чуство, пат кон вселената, љубовта е невина.
- Љубовта не лаже и не користи маски. Љубовта е отворена, гола. Љубовта е она што е. ТАА Е НЕДЕЛИВА!!!
- Љубовта не е наредба, етикета ниту грев. Таа е бесплатна.
- Љубовта не е свесна за себе.
- Љубовта не е објект, ниту бара заслуги. Љубовта е слобода и е склад со се околу себе.
- Љубовта не е исклучување, одрекување ниту бара мани. Љубовта е спознавање на се. Љубовта е простување.
- Љубовта не е бариера, визија, идеја, ниту предрасуда.
- Љубовта не е добра ниту лоша, убава ниту грда. Љубовта е она што е.
- Љубовта не е посебна, ниту бара наклоност. Љубовта е заеднички однос.
- Љубовта не се бара ниту служи. Љубовта е запознавање на себе и запознавање на другиот. Љубовта е чин на согледување и одрекување од самиот себе.
- Љубовта не е докажување ниту прифаќање. Љубовта е свежина.
- Љубовта не е пристрасна. Љубовта е проучување, набљудување и разбирање.
- Љубовта не е одбивност, ниту осуда, поседување, добрина на срцето, симпатија ниту внимание према другите. Љубовта е чуствителност на секој дел од реалноста во тебе и околу тебе.
- Љубовта не е совршена, недоволна ниту делимична. Љубовта е целосна, или ја имаш или ја немаш.
- Љубовта не е рамнодушност, закоравено срце ниту одрекување. Љубовта е жртвуавње.
- Љубовта не бара наглост, нетрпеливост, ниту да си непријател на самиот себе.
Многу пати животот ни носи врски што започнуваат на привлечност, од привлечност прераснуваат во уживање, па продолжуваат во прикачување и врзување, што на крај завршуваат со замор и досада. Истото тоа завршува со раскинување и одново започнува кругот кој е пропратен со немир, љубомора, грабливост и патење, и ако имаме среќа може да ве заслеп некој/а и ќе доживееме состојба на заљубеност, а заљубеноста е еуфорија, и таа таканаречена љубов потекнува од убедување, вистинито или лажно дека е љубов.
Љубовта е единствено нешто во вас што прави да уживате во се и во ништо. Меѓутоа не заборавајте ако не сме будни и со отворени очи тогаш таа може неограничено да трае...
Извинете што напишав три поста еден под друг
Иначе да ти кажам дека и „Чувството на љубовта„(т.е. мојот состав по македонски)е копи/пасте.А јас си кажав што е за мене љубовта така да ај чаос:helou:statusQuO напиша:добар копи/пасте удри...можеше нешто твое да напишеш пошто темава е за вашите/нашите мислења...не на некој од нет, книга, списание...
иначе за постовите одма некој админ/модератор ти ги средил:helou:
Крајниот стадиум на среќа. Единствената шанса да се игнорира секој можен проблем во, пред, околу и далеку од себе.
Но, истовремено пропагирајќи ги сите космички закони каде владее рамнотежата не би можел да го избегнам делот за обврска и моќта која се поседува да се повреди љубовта, да се изневерат чувствата со обично трепнување кое ќе изгледа непотребно и погрешно.
На крајот, љубовта е two way street. Еднострана не постои, во тој случај сме биле слепи или сме сакале да бидеме. Затоа и носиме толку голема обврска во исто време кога толку многу се чувствуваме лесни како ветрот, како бојата на виножитото... :smir:[/quote
Можеби имаш право за повекето работи овде напишани, ама кога ќе се исполнат сите тие тогаш ќе ги почувствуваш вистинските проблеми од љубовта.
Дури се освестиш ќе се чувствуваш 1000 пати поразлично од горниот напис.