Па јас не реков дека никој не им приоѓа, но факт е дека не се доволно приметувани. На крај краева, да, можеби е полесно за женско да се разголи, НО зошто да го прави тоа? За да ја забележат треба да прави нешто што не сака?
Најчесто машките се ловци, а девојките пленови. И тие бираат на крај краева на кого ќе се пуштат. И многу им е полесно да фатат девојка, доколку навистина тоа го сакаат.
Ако пристојно нормално момче пријде на просечна нормална девојка, таа нема да го одбие за муабет и за размена на броеви, така да, него му е полесно да најде девојка, затоа што тој е оној кој приоѓа.
На тој што приоѓа иако оди на ризик, секогаш му е полесно да фати некоја, отколку на таа што чека да и пријдат.