Што е Исус?

Што е Исус?

  • Господ/Бог (Отецот)

    Гласови: 14 3,6%
  • Божји Син (синот)

    Гласови: 184 47,1%
  • Светиот Дух (гулабот)

    Гласови: 6 1,5%
  • Божји Пратеник

    Гласови: 82 21,0%
  • Нешто друго...

    Гласови: 105 26,9%

  • Вкупно гласачи
    391
J

Johnny Stulic

Гостин
Јас се двоумам помеѓу индиго-дете и обичен дограмаџија кој од досада почнал да јаде печурки.

Првата варијанта ми е дека Исус е индиго-дете кој поседувал некакви паранормални способности но далеку од тоа да воскресни,покажувам повеќе емпатија и имал навистина добри пораки кон своите соограѓани и пријатели кој во него гледале како светец зошто непоимливо им било како може еден дограмаџија да покажува вакви ораторски способности и да биде на интелектуално ниво како благородник од највисока каста. Сите овие телепатски способности и пораки се фризирани и запишани во евангелија кој подоцна се сублимира и со ревизија кај Константин се оформува Библијата.


Втората варијанта е дека Исус имал навистина напорна работа како дограмаџија и како ерген во поодминати години навистина монотон и досаден живот.
Но сакал да експериментира со храна се додека не ги открива псилоцибинските печурки тогаш неговиот живот добива смисла и мисли дека има супер моќи. На тајна вечера покрај другото се служат и такви печурки и се мисли дека водата се претвора во вино и дека Исус оди по вода и слични манифестации после конзумирање на псилоцибинска пачурка и првите евангелија се запишани под дејство на печурката па подоцна се раскажуваа од дедо на внук па Константин прави ревизија и излегува изданието со единствена намера за контролирање на сиромашната маса.

Мене ми е поблиска првата варијанта иако и втората не е далеку од вистината сепак оставам научниците да го кажат последниот збор
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ај додај уште некоја „варијанта„, стануваш јако „занимљив„...
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Ај додај уште некоја „варијанта„, стануваш јако „занимљив„...
МИКИ1 разгледај ги овие две, дај свој предлог можеби ќе се дојде до некое рационално решение сега засега мене овие ми паѓаат на памет.

Фала за занимљив не знам зошто е само варијанта во наводници изгледа ради уметнички дојам.:helou:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
МИКИ1 разгледај ги овие две, дај свој предлог можеби ќе се дојде до некое рационално решение сега засега мене овие ми паѓаат на памет.

Фала за занимљив не знам зошто е само варијанта во наводници изгледа ради уметнички дојам.:helou:
Џони бој, немам потреба од рагледување „варијанти„ (во знак-наводник) оти не се занимавам со разгледување варијанти, кога веќе имам кажано што имам да кажам.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Е добро де, те разбирам, ти мислиш дека Господ никогаш не би се претставил преку човечко тело на Земјава сам Тој, па да јаде, да пие, да го гледаат како со сите зборува, како плаќа данок, како страда, како се радува, како умира. За тебе тоа е богохулење. Но за мене не е. Јас мислам дека Бог не гледа само со презир кон луѓето, туку и со сожалување. За мене не е чудно тоа што Бог се појавил во од мајка родено човечко тело за да проповеда и да го објави патот на спасението, не е невозможно за допуштање. За мене не е невозмошно сам Бог да ги извршил сите тие работи запишани во Евангелијата, и да ги кажал вистините за кои апостолите сведочеле дека ги кажал, за мене не е невозможно тој човек наречен Исус Христос да бил Господ, кого луѓето не го познале и маченички го распнале. Оној кој на крстот го одвеле како што се носи јагне на колење, и кој по тоа ја објавил победата над смртта со своето воскресение, за мене не е невозможно да бил Тој за кој зборувале пророците и божјите пратеници низ вековите. За мене е невозможно само сето тоа да му се случило на обичен човек. И ти мислиш дека си ги фатил евангелистите во очигледна лага со овие работи, а јас не мислам така. Евангелистите не ја негирале исусовата човечка природа.
Евангелистите не ја негирале Исусовата човечка природа тоа е точно, од проста причини што Исус токму и тоа бил : ЧОВЕК, и никогаш не рекол за сдебе дека е Бог, и дека луѓето треба него да го обожуваат!

Да ти разјаснам некои работи и тебе и на МИКИ кецот, кому уште ќе му реплицирам. :)

Во ниту една библија не постои зборот БОГОЧОВЕК , за ова можеш слободно да ја отвориш секоја библија коа ќе ти дојде в раце, дали печатена или во електонска форма и да ја пребараш целата Библија, и ке се увериш (а одама си веќе уверен) дека во ниту една од нив не постои зборот БОГОЧОВЕК, ниту некогаш Исус се нарекол себеси БОГОЧОВЕК . Ти слободно прелистај ја секоја библија која ќе ја добиеш, па кога ке го најдеш тој збор јави се тука.
Она што е најблиску до тоа, можеме да најдеме , во Јован 1:18.

Зачудувачки е фактот што во ниту еден превод не стои СИНБОГ, освен во Македонскиот и тоа во поновите изданиа, инаку во постарите не стои.

За да не речеш дека не е така ке ти дадам пример колку за споредба :

Имајки предвид дека Новиот Завет е напишан на Грчки јазик и тоа не на било кој Грчки туку на старо Грчки јазик познат под називот КОИН кој што се употребувал во раното Христијанство, прво ке погледнеме како е даден таму овој стих.

Κοινη (ГРЦ)
ΚΑΤΑ ΙΩΑΝΝΗΝ 1(1550 Stephanus New Testament)
18. θεον ουδεις εωρακεν πωποτε ο μονογενης υιος ο ων εις τον κολπον του πατρος εκεινος εξηγησατο
( на англиски е преведено " begotten Son " или на македонски едино родениот или самородениот, но исто така и на другите јазици е преведено како единородениот или самородениот син но нигде нема да најдете СИНБОГ, а тоа ке го видите и сами во понатамошноте излагања на истиот стих на различни јазици).

ΚΑΤΑ ΙΩΑΝΝΗΝ 1(1881 Westcott-Hort New Testament)
18. θεον ουδεις εωρακεν πωποτε μονογενης θεος ο ων εις τον κολπον του πατρος εκεινος εξηγησατο ( преводот е ист како и погоре но не е СИНБОГ ).

ΚΑΤΑ ΙΩΑΝΝΗΝ 1(1894 Scrivener New Testament)
18θεον ουδεις εωρακεν πωποτε ο μονογενης υιος ο ων εις τον κολπον του πατρος εκεινος εξηγησατο
[/b]
Да видиме како е преведена во другите библии.
јоан 1 (1940 Булгариан Библе)
18. Никој, кога да е, не е видјал Бога; Единороднијат Син, којто е в лоното на Отца, Тој Го изјави.

John 1 (Douay-Rheims 1899 American Edition.)
18. No man hath seen God at any time: the only begotten Son who is in the bosom of the Father, he hath declared him.

John 1 (King James Version)
18No man hath seen God at any time, the only begotten Son, which is in the bosom of the Father, he hath declared him.

John 1 (Holman Christian Standard Bible)
18 No one has ever seen God. The One and Only Son the One who is at the Father's side He has revealed Him.

Овие преводи како и многу други се базирани и преведени od (A)=Codex Alexandrius i (R) =Rezeptus

Но кога ќе анализираме малку подетално и ке ги разгледаме аргументите ќе увидиме дека не е во секоја Библија преводот ист.

Пример:
John 1 (New International Version)
18. No one has ever seen God, but God the One and Only,who is at the Father's side, has made him known.

John 1 (New International Version - UK)
18 No-one has ever seen God, but God the One and Only, who is at the Father's side, has made him known.


Како тоа да еден ист стих се преведе на различни начини и со различни значања ?!!!
Многу едноставно, причината за овие разлики е во тоа што последните две библии не се наклониле на (A)=Codex Alexandrius i (R) =Rezeptus каде што стои ЕДИНОРОДЕНИОТ СИН , туку поголемиот дел од нивниот превод се преведувал од (S)=Codex Sinaiticus, (B)=Codex Vaticanus,(C)=Codex Ephraemi, Единородениот Бог, што само по себе е парадокс.

Во Македонскиот јазик има повеке преводи , да разгледаме некои:
Евангелие според Јован во преводот од 1990 стои
Глава 1:18
„Бога никогаш никој не Го видел; Единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот - Он го објави“.
Во оваа библија јасно се гледа од кои извори е преведена, имено од (A)=Codex Alexandrius i (R) =Rezeptus

Во Јован 1 (Macedonian New Testament) е преведено вака:
18. Никој, никогаш не Го видел Бога; но имаме објава за Него, преку Единородниот Син - Кој е Бог, и Кој произлегува од Таткото.

Зборовите Кој е Бог не се наоѓаат во ниту еден манускрипт, или постар документ , туку тие се додадени во преодна фаза пред да го завземе конечниот облик стихот кој што покасно треба да гласи вака:
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН од 1999
Глава 1:18
Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот СинБог, Кој е во прегратката на Таткото, Тој Го објави.”

Таа преодна фаза веќе е направена и во денешната библија стои СИНБОГ, со тек на време после неколку генерации, постарите библии ке исчезнат, а во новите Библии кои ке бидат во продажба веќе ќе стои СИНБОГ.

Стихот при преводот е превземен од изворите (A)=Codex Alexandrius i (R) =Rezeptus, но на него е додаден зборот Бог кој што е превземен од изворите (S)=Codex Sinaiticus, (B)=Codex Vaticanus,(C)=Codex Ephraemi, се со цел да се создадат некакви си Аргументи, наводно дека Исус е Бог.

Јас сум длабоко убеден дека измените кои се правеле и се прават сега, ќе продолжат и во иднина.

Како и да е јас сепак тебе Барабанџија те повикувам , нам да ни покажеш, и ни донесеш аргументи од било која Библија на било кој јазик и од било кое време да ни покажеш каде тоа во Библијата стои зборот БОГОЧОВЕК.

Но да погледнеме накратко која е пораката од овој стих:

18. Бога никогаш никој не Го видел; Единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот - Он го објави.

Што сакаш појасно од ова Барабанџијо ?!!!
Бог никој никогаш не го видел, самите овие зборови се доказ дека Исус не е Бог. Имајки предвид дека тој престојувал меѓу луѓето, живеел меѓу нас. Туку како што продолжува стихот Бога го објавил, го најавил Исус, за верата , и начинот на кој што треба да се верува, за неговото постоење.

Исус не бил ништо повеке, туку Пратеник како и сите останати Пратеници кои биле пратени да ни го објават вистинскиот пат и начинот на кој треба да веруваме и да се молиме.
Вие го нарекувате Отец во библијата оној кој што Исус го објавува.
Зарем Исус не вели Отецот е поголем од мене ?

Јован: 14:28 :„Чувте дека Јас ви реков: “Одам од вас и пак ќе дојдам при вас.”Но ако Ме љубевте Мене, ќе се зарадувавте што реков: одам при Мојот Отец; зашто Мојот Отец е Поголем од Мене.
Јован: 10:29 Мојот Отец, што Ми ги даде, е поголем од сите; и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Отец.

Примери во самата Библија дека Отецот е Поголем од Исус има многу, но за секој разумен човек и овие аргументи кои ги наведов тука се повеке од доволно за да ја свати вистината, за да свати какви валкани игри се прават од вашите свештени лица, какви манипулации се прават со таканаречените свети книги ( Библијата ).

Не заборавај, дека јас не треба да ти докажам дека Библијата не е веродостојна, туку ти која веруваш и ја браниш треба да докажеш за веродостојноста на библијата , за кое јас сум цврсто убедена дека за такво нешто никој нема капацитет и знаење за да може да докаже, од проста причина , што аргументите кои ја деградираат библијата се премногу, а вие немате контра аргументи.

Јас сепак нема да ти кажам да се откажеш од твоето верување, слободно настојувај да веруваш во тоа што ти веруваш, но она што јас барам и очекувам од тебе е , да ти во најмала рака сам си земеш и ги анализираш приложените Аргументи и тоа непристрасно кон ниту една религија, туку сето тоа да се анализира од неутрална перспектива.

Те читам дека се удираш в гради, те како ние сме немале аргументи, или не сме биле во можност да сватиме затоа што не го разбираме светото тројство, небаре ти ни достави некаков аргумент, се што постираше на оваа тема е твојот филозофски пост.

Ти Барабанџијо , ако си искрен демантирај ги дадените аргументи со издржливи докази.
Со радост ќе почекам да ги прочитам твоите контра аргументи , само се надевам дека нема пак да се (избациш) со некакви си филозофски текстови.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
1. Да разбираше, или, да бидам појасен, да веруваше, се ќе ти станеше јасно. Вака, не ти останува ништо друго освен тврдоглав пристап кон Богооткриените вистини-хула на Светиот ДУх.
2. Бог не се дели на „делови„. Бог е составен од „делови„: Отец, Син и Свет Дух, и таа личносна релација меѓу трите наведени лика, ја нарекуваме „...Пресвета, единосуштна и неразделна Троица...„. Се надевам дека сеа ти е троа појасно како е „уреден„ Едниот Бог.
3. Да, многумина себе си се прогласија за месии и за богови ама на крајот не им избегаа гробовите.
4. Не бе, каква манипулација, кој вели дека манипулираш? Туку, правиш уште полошо: се повикуваш на цитати кои ги „толкуваш„ како ќе ти притреба, согласно твоите предрасуди за христијанскиот Бог, а гледано од позиција на исламски верник, не?

Драг пријателе МИКИ1! Сега ќе ти наведам некои мои аргументи на кои сакам да подзастанш и точка по точка доколку си во можност, ги објасниш , а не само бегло да ми пишуваш како јас не разбирам, не верувам , хулам итн.

Верата е отворена за секој човек, Библијата е достапна за секого,нели? :) Но да почнам:

Одговор на некои заблуди кои ги имаат Христијаните

Христијаните велат „ Месија ( Исус ) е вистински Бог од вистинскиот Бог"
Ваквото нивно верување го побиваат самите Исусови зборови, кои се наоѓаат во нивните свети книги.
Ние ќе спомнеме само неколку од нив:

1. Oбраќајки се на Бога самиот Исус вели:

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН
Глава 17:3
А ова е вечен живот: да Те познаат Тебе, Единствениот вистински Бог, и Исуса Христа, Кого си Го испратил.

2. Исус исто така рекол:

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАРКО
Глава 12:29
Исус одговори: „Првата е: ‘Слушај Израеле - Господ, нашиот Бог - е единствен Господ,

исклучувајки ја можноста да тој е Бог , затоа што Исус не им вели , " Слушај израеле- Господ е вашиот Бог , туку вели Господ е нашиот Бог
воедно ставејки се и самиот себе во таа група кои не се Богови.

3. Обраќајки се до своите ученици Исус вели :

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ
Глава 23
9 И никого на земјата не наречувајте го свој ‘татко’, зашто е Еден вашиот небесен Татко.

10 Ниту се наречувајте наставници, зашто е Еден вашиот Наставник - Христос.

Исус им забранува да некого нарекуват Бог ( Татко ) затоа што имаат само еден а тој не рекол дека тој е тој, но што рекол тогаш ?!!!
Јасно и гласно им рекол дека тој е учител, еден од многуте пратеници кои се пратени на земјата да ги повикуваат лугето во вистинската вера .

Кога би бил Исус Бог, зошто тогаш негира дека е Бог ?
Зошто вели за себе дека е учител, а за Таткото вели дека е Бог ?!!!

4. Обраќајки се на Евреите Исус следното им вели :

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН
Глава 8: 40

А сега сакате да Ме убиете Мене, Човекот, Кој ви ја кажа вистината, што ја чув од Бога. Авраам не направи така.

Зошто Исус не вели : сакате да ме убиете мене БОГОТ , туку вели за себе Човекот, токму од причина што он не бил Бог туку човек како и сите ние останатите, а во продолжение на стихот тој самиот потврдува дека го објавувал тоа што го чул од Бога .

5. При една друга прилика коа еден началник го нарече Исус " ДОБАР ", Исус му врати со следните зборови:

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА
Глава 18 19
А Исус му рече: „Зошто Ме нарекуваш добар? Никој не е добар, освен Единиот Бог.

Зошто Исус би негирал дека е добар кога веке тврди дека само Бог е добар ?!!!
Одговорот е , ЗАТОА ШТО ИСУС НЕ БИЛ БОГ !
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Драг пријателе МИКИ1! Сега ќе ти наведам некои мои аргументи на кои сакам да подзастанш и точка по точка доколку си во можност, ги објасниш , а не само бегло да ми пишуваш како јас не разбирам, не верувам , хулам итн.

Верата е отворена за секој човек, Библијата е достапна за секого,нели? :) Но да почнам:

Одговор на некои заблуди кои ги имаат Христијаните

Христијаните велат „ Месија ( Исус ) е вистински Бог од вистинскиот Бог"
Ваквото нивно верување го побиваат самите Исусови зборови, кои се наоѓаат во нивните свети книги.
Ние ќе спомнеме само неколку од нив:

1. Oбраќајки се на Бога самиот Исус вели:

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН
Глава 17:3
А ова е вечен живот: да Те познаат Тебе, Единствениот вистински Бог, и Исуса Христа, Кого си Го испратил.

2. Исус исто така рекол:

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАРКО
Глава 12:29
Исус одговори: „Првата е: ‘Слушај Израеле - Господ, нашиот Бог - е единствен Господ,

исклучувајки ја можноста да тој е Бог , затоа што Исус не им вели , " Слушај израеле- Господ е вашиот Бог , туку вели Господ е нашиот Бог
воедно ставејки се и самиот себе во таа група кои не се Богови.

3. Обраќајки се до своите ученици Исус вели :

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ
Глава 23
9 И никого на земјата не наречувајте го свој ‘татко’, зашто е Еден вашиот небесен Татко.

10 Ниту се наречувајте наставници, зашто е Еден вашиот Наставник - Христос.

Исус им забранува да некого нарекуват Бог ( Татко ) затоа што имаат само еден а тој не рекол дека тој е тој, но што рекол тогаш ?!!!
Јасно и гласно им рекол дека тој е учител, еден од многуте пратеници кои се пратени на земјата да ги повикуваат лугето во вистинската вера .

Кога би бил Исус Бог, зошто тогаш негира дека е Бог ?
Зошто вели за себе дека е учител, а за Таткото вели дека е Бог ?!!!

4. Обраќајки се на Евреите Исус следното им вели :

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН
Глава 8: 40

А сега сакате да Ме убиете Мене, Човекот, Кој ви ја кажа вистината, што ја чув од Бога. Авраам не направи така.

Зошто Исус не вели : сакате да ме убиете мене БОГОТ , туку вели за себе Човекот, токму од причина што он не бил Бог туку човек како и сите ние останатите, а во продолжение на стихот тој самиот потврдува дека го објавувал тоа што го чул од Бога .

5. При една друга прилика коа еден началник го нарече Исус " ДОБАР ", Исус му врати со следните зборови:

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА
Глава 18 19
А Исус му рече: „Зошто Ме нарекуваш добар? Никој не е добар, освен Единиот Бог.

Зошто Исус би негирал дека е добар кога веке тврди дека само Бог е добар ?!!!
Одговорот е , ЗАТОА ШТО ИСУС НЕ БИЛ БОГ !
Пред да те оставам да живееш во својата опрелестеност и во ставот дека Исус е џоа саде обичен човек, ќе ти одговорам, точка по точка, колку ми дозоволува форматот на форумов и времево:

1. Да, Бог е Еден (Троедин!) а Отецот Го испрати Синот на Земјава-нема тука ништо нејасно! Христос, меѓу другото, дојде да Го објави и Својот Отец Небесен, а Отецот, посведочи од Небесата дека Исус е Неговиот возљубен Син!

2. Дека Исус Сам Себе се „исклучил„ од Троичноста Божја, тоа е твој приватен став-Христос Бог тоа никаде не го кажал!

3. Навистина, само Еден е нашиот Отец („Отец„-не „татко„!) на Небесата, оти Он, Отецот Му е Отец и на Синот а во творечка смисла, Он, Отецот, ни е „татко„.

3. Норамлно дека Христос вели дека само Еден е нашиот Отец (не „татко„!), оти Христос мисли на Отецот Небесен. А тоа што Христос никаде непосредно не се нарекол „Бог„, тоа Он (Христос) го чини од проста причина-Он, Христос, е „најавен„ уште од старозаветниот пророк Исаија, па така самите јудеи, поучени од своето свештенство, Го очекувале доаѓањето на Месијата. Он, Христос, Месијата, дојде, како овоплотен Син Божји преку човекот Исус, и така стана Богочовек, а јудеите, кои и самите Го очекуваа, требало и да Го препознаат својот очекуван Месија, а не самиот Месија да се „рекламира„ самиот себе, во стилот „...Еве ме, јас сум месијата...„. Дека Христос Е Месијата, тоа го утврдија дури и неуките пастири, кои дојда да Му се поклонат (на Младенецот), а тоа го сторија и мудреците од Вавилон, кои следејќи ва ѕвездата-водителка, Го најдоа Младенецот и Му донесоа соодветни дарови. За ралика од пастирите и мудреците, најголем дел од јудејците и нивните свештенци, кои точно знаеја дека Исус ќе се роди меѓу нив и ќе се роди токму во Витлеем, не Го препознаа Христа-Месијата, туку го сторија спротивното-Го распнаа!

4. Христос повеќепати има посочено за својата двоја природа-како Син Божји но и како Син човечки. Што е нејасно во посочениот стих? И кој е тој обичен смртник пред Христа Бога, кој нешто „чул„ непосредно од Бога Отецот!?

А во поставеното прашање, во стилот „...Зашто Исус не кажал вака или така...„, самиот си поставуваш лични желби и очекувања, небаре Христос е должен да исполнува приватни потреби.

5. Кога Исус одговара со „...Само Еден е добар...„, притоа Христос мисли на Себе Си, иако тоа за тебе, не се сомнеавм, е неприфатлив одговор. Христос го дава токму таквиот одговор, оти богатиот младич не Го препознал Бога во Христа, туку богатиот во Христа гледал само обичен учител и ништо повеќе од тоа.

Биди ми поздравен.
 

Silber

Peace/Salaam
Член од
31 март 2009
Мислења
500
Поени од реакции
15
Eh bre drugar Omer el Faruk . Nemoj da mislis h deka ne znat deka ne e taka kako sto tie mislat.
Na dlaboko dushata si ja znat istinata deka Isus ne bil Bog nego eden bozji pratenik.
No da go priznavat toa nema nikogash da ja priznavat.
Ke nastavat da zieveat na zabluda.

No ako ja kazuvat istinata tamam rabota , treba da ucat od knigata koj sto veli deka ALLAH E EDEN.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Исус е роден од јосифа а бог го гледа како духовен татко. Кога зборува за бог Исус вели “мојот татко кој е на небесата“ што значи дека има и друг кој не е на небесата. Да беше само и единствено Бог таткото немаше да го потенцира на кој мисли едноставно Татко ќе го наречеше.
Сите евреи се сметаа себе си (како и Исус) како синови божји но си имаа и свои овозмени татковци. Како што на Исус тоа му е Јосиф и преку Јосиф (како што кажуваат евангелијата) води потекло од царот Давид.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Лет3, оди покриј се и не лупај вакви небулози, жив ти све, да не соблазниш некого од неупатените членови на форумов па да си стајш беља на грбо па и за нив да одговараш на Судниот ден, разбираш...

Не верувам дека можеш да носиш таков терет.
 

Musab

konekting pipl
Член од
26 јуни 2007
Мислења
244
Поени од реакции
20
3. Норамлно дека Христос вели дека само Еден е нашиот Отец (не „татко„!), оти Христос мисли на Отецот Небесен. А тоа што Христос никаде непосредно не се нарекол „Бог„, тоа Он (Христос) го чини од проста причина-Он, Христос, е „најавен„ уште од старозаветниот пророк Исаија, па така самите јудеи, поучени од своето свештенство, Го очекувале доаѓањето на Месијата. Он, Христос, Месијата, дојде, како овоплотен Син Божји преку човекот Исус, и така стана Богочовек, а јудеите, кои и самите Го очекуваа, требало и да Го препознаат својот очекуван Месија, а не самиот Месија да се „рекламира„ самиот себе, во стилот „...Еве ме, јас сум месијата...„. Дека Христос Е Месијата, тоа го утврдија дури и неуките пастири, кои дојда да Му се поклонат (на Младенецот), а тоа го сторија и мудреците од Вавилон, кои следејќи ва ѕвездата-водителка, Го најдоа Младенецот и Му донесоа соодветни дарови. За ралика од пастирите и мудреците, најголем дел од јудејците и нивните свештенци, кои точно знаеја дека Исус ќе се роди меѓу нив и ќе се роди токму во Витлеем, не Го препознаа Христа-Месијата, туку го сторија спротивното-Го распнаа!


Биди ми поздравен.

Еднаш прашав не ми одговоривте ,по кој знае кој пат ја пробувам среката .Го споменуваш ‘‘ пророкот‘‘ Изаија дека најавил доагањето на Исус ,да не го најавил Мухаммед с.а.в? па да ли е така проценете сами:

Изаија 21:6-7
6.Зашто Господ ми рече вака: „Оди, постави стражари! Нека јават, што ќе видат.
7. Ако видат коњаници, вдвоени јавачи, јавачи на осли, јавачи на камили, нека внимаваат добро, со напрегнато внимание!”

Прашање е кој е Тој ЈАВАЧ НА КАМИЛА?

После наставува вака:

8 А стражарот извика: „Господару, постојано сум во стражарницата дење, јас престојувам на стража целата ноќ.”
9 И ете, доаѓаат коњаници, двојни јавачи. Тие ми викнаа, тие рекоа: „Падна, падна, Вавилон! Сите кипови на неговите богови се искршија на земја.”

Историјата не учи дека Бабилон падна пред Исламот,но исто знаеме дека исламот е единствената вера која стварно успеала да ги сруши сите кипови богови.


па наставува


11 Пророштво за Едом. Ми викаат од Сир: „Стражару, кое доба на ноќта е? Стражару, кое доба на ноќта е?” 12 Стражарот одговори: „Утрото доаѓа, а потоа пак ноќта. Сакате ли да прашувате, прашајте, вратете се, дојдете!”

13 Пророштво за Арабјаните. Почивате во пустинските грмушници, дедански каравани.
14 Изнесете вода пред жедните жители на Темската Земја, излезете со леб пред бегалците.
15 Тие бегаат пред мечевите, пред извлечениот меч, пред оптегнатиот лак, пред жестокиот бој.

Што е тоа ТЕМСКАТА ЗЕМЈА?: тема е деветтиот син Исмаелов (Битие 25:13-15)од кога почнуваат арапите,а ако поседувате Библиски мапи ке видите дека ТЕМА е место сред Арабија,блиску Медина,во кои становниците на Тема (т.ест ал-медина) који ги примиле Мухаџирите (мигрантите од Мекка) и им давале вода и храна,ги примиле,зар тоа не говори јасно за миграцијата (хиџра)на Мухаммед с.а.в.Од Мекка до Медина .....ако не е тогаш тоа пророчанство уште не е исполнето,да не заборавиме да таму (земја Тема) нема христијани.


16 Да, вака ми рече Господ: „Уште една година, надничарска година, и ќе ја снема сета Кидарова слава. 17 А од многубројните стрелци меѓу храбрите Кидарови синови малкумина ќе останат.” Така зборуваше Господ, Израелевиот Бог.

Кој е Кидар...друг син Исмаелов,од каде потекнуваат арапите,арапи становници на кедаровата село (Мекка) погледајте ги мапите....
Бог рече дека после една година неверниците од Мекка ,ке ја изгубат ратот и од тогаш Божјата вера ке се шири, стварно другата година по хиџра, Ансари (муслимани од медина) ги победиле неверниците (мекка) и ислам почнал да се прошири.

Евреите знаеја дека обеканиот посланик ке дојде во Арабија и затоа многуте од ЛЕВИ мигрирале во тоа место чекајки го Тој Посланик.Но не очекувале дека нема да биде евреин ,и зата се разочарале и не можеле тоа да го прифакат,но се прашуваме зошто Христијаните тоа не го прифакаат,па ако самиот Бог во Библија рече дека тоа ке дојде ,зошто тоа го игнорираат?


Allah najdobro znae

И мики уште еднаш Изаија ,ама овој пат многу поинтересно ,можеби најинтересно ,сакам да ме просветлиш вака:

Првата Божја објава на Мухаммед с.а.в е сура алак ,еднаш кога бил во печината Хира,размислувал,тогаш се појавува Џибрил и рекол :ЧИТАЈ -Мухаммед с.а.в му одговорил :‘‘не знам да читам‘‘-Џибрил поновил ‘‘читај‘‘- ‘‘не знам да читам ‘‘одговорил тогаш Џибрил : Читај во име на Господарот кој створува.....‘‘ и тоа е првата куранска објава (за подетално читајте сура алак)

Е сега муабетот е ова и да видиме ‘‘пророкот‘‘ Изаија што го споменуваш што велит за ова: ИЗАИЈА 29:11-12

11 Затоа секое видение ќе ви биде како зборови во запечатена книга: ако му биде дадена на некој што знае да чита, велејќи: „Ајде, читај го тоа!” - тој ќе одговори: „Не можам, зашто е запечатена.”
12 А ако му биде дадена на некој што не знае да чита, велејќи: „Читај го тоа!” - тој ќе одговори: „Не знам да читам.”

Чудно нели?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мусаб, можам само да ти честитам на вештината, да го видиш она кое го нема или она кое е поинаку објавено, или, најлошо, она кое ти сакаш да го видиш, по својот мерак. Навистина, ме мрзи да го коментирам твојов пост, а се надевам дека помалку ќе ме мрзи во друга прилика.


Отидов јас, доста е за денес...
 

Musab

konekting pipl
Член од
26 јуни 2007
Мислења
244
Поени од реакции
20
Мусаб, можам само да ти честитам на вештината, да го видиш она кое го нема или она кое е поинаку објавено, или, најлошо, она кое ти сакаш да го видиш, по својот мерак. Навистина, ме мрзи да го коментирам твојов пост, а се надевам дека помалку ќе ме мрзи во друга прилика.


Отидов јас, доста е за денес...
Како што спомнав и горе Мики1 по којзнае кој пат моите прашања остануваат неодговорени ,едно знам дека овие прашања до сега никој не ти поставил ,и те уверувам дека тешко некој да успее да ми одговори,и при тоа да ме задоволи со одговорот .
поздрав
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Лет3, оди покриј се и не лупај вакви небулози, жив ти све, да не соблазниш некого од неупатените членови на форумов па да си стајш беља на грбо па и за нив да одговараш на Судниот ден, разбираш...

Не верувам дека можеш да носиш таков терет.
А во православната Црква, еден од основните услови да се биде нејзин член, е потребата од немање доверба во своето мислење.
Mислам дека до совршенство си го довел своето членство
 
Член од
15 октомври 2008
Мислења
85
Поени од реакции
6
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА
Глава 3

23 А Тој - Исус имаше околу триесет години, кога почна да проповеда и беше - како што мислеа - син Јосифов, Илиев,

Spored Luka 3:23 Isus pocnal da propoveda koga imal okolu treset godini.

Gi molam tie sto veruvaat deka Isus e Bog (del od trojstvoto) da mi odgovorat zasto ne pocnal Isus "Bog" da propoveda porano ,i sto pravel Isus "Bog" do 30 godishna vozrast.

Posto gledam deka ima dobri poznavaci na biblijata koj sto ne se hristijani gi molam i niv za nnivno mislenje.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom