Е добро де, те разбирам, ти мислиш дека Господ никогаш не би се претставил преку човечко тело на Земјава сам Тој, па да јаде, да пие, да го гледаат како со сите зборува, како плаќа данок, како страда, како се радува, како умира. За тебе тоа е богохулење. Но за мене не е. Јас мислам дека Бог не гледа само со презир кон луѓето, туку и со сожалување. За мене не е чудно тоа што Бог се појавил во од мајка родено човечко тело за да проповеда и да го објави патот на спасението, не е невозможно за допуштање. За мене не е невозмошно сам Бог да ги извршил сите тие работи запишани во Евангелијата, и да ги кажал вистините за кои апостолите сведочеле дека ги кажал, за мене не е невозможно тој човек наречен Исус Христос да бил Господ, кого луѓето не го познале и маченички го распнале. Оној кој на крстот го одвеле како што се носи јагне на колење, и кој по тоа ја објавил победата над смртта со своето воскресение, за мене не е невозможно да бил Тој за кој зборувале пророците и божјите пратеници низ вековите. За мене е невозможно само сето тоа да му се случило на обичен човек. И ти мислиш дека си ги фатил евангелистите во очигледна лага со овие работи, а јас не мислам така. Евангелистите не ја негирале исусовата човечка природа.
Евангелистите не ја негирале Исусовата човечка природа тоа е точно, од проста причини што Исус токму и тоа бил : ЧОВЕК, и никогаш не рекол за сдебе дека е Бог, и дека луѓето треба него да го обожуваат!
Да ти разјаснам некои работи и тебе и на МИКИ кецот, кому уште ќе му реплицирам.
Во ниту една библија не постои зборот
БОГОЧОВЕК , за ова можеш слободно да ја отвориш секоја библија коа ќе ти дојде в раце, дали печатена или во електонска форма и да ја пребараш целата Библија, и ке се увериш (а одама си веќе уверен) дека во ниту една од нив не постои зборот
БОГОЧОВЕК, ниту некогаш Исус се нарекол себеси
БОГОЧОВЕК . Ти слободно прелистај ја секоја библија која ќе ја добиеш, па кога ке го најдеш тој збор јави се тука.
Она што е најблиску до тоа, можеме да најдеме , во
Јован 1:18.
Зачудувачки е фактот што во ниту еден превод не стои
СИНБОГ, освен во Македонскиот и тоа во поновите изданиа, инаку во постарите не стои.
За да не речеш дека не е така ке ти дадам пример колку за споредба :
Имајки предвид дека Новиот Завет е напишан на Грчки јазик и тоа не на било кој Грчки туку на старо Грчки јазик познат под називот КОИН кој што се употребувал во раното Христијанство, прво ке погледнеме како е даден таму овој стих.
Κοινη (ГРЦ)
ΚΑΤΑ ΙΩΑΝΝΗΝ 1(1550 Stephanus New Testament)
18. θεον ουδεις εωρακεν πωποτε ο
μονογενης υιος ο ων εις τον κολπον του πατρος εκεινος εξηγησατο
( на англиски е преведено
" begotten Son " или на македонски
едино родениот или
самородениот, но исто така и на другите јазици е преведено како единородениот или самородениот син но нигде нема да најдете
СИНБОГ, а тоа ке го видите и сами во понатамошноте излагања на истиот стих на различни јазици).
ΚΑΤΑ ΙΩΑΝΝΗΝ 1(1881 Westcott-Hort New Testament)
18. θεον ουδεις εωρακεν πωποτε
μονογενης θεος ο ων εις τον κολπον του πατρος εκεινος εξηγησατο ( преводот е ист како и погоре но не е
СИНБОГ ).
ΚΑΤΑ ΙΩΑΝΝΗΝ 1(1894 Scrivener New Testament)
18θεον ουδεις εωρακεν πωποτε ο
μονογενης υιος ο ων εις τον κολπον του πατρος εκεινος εξηγησατο
[/b]
Да видиме како е преведена во другите библии.
јоан 1 (1940 Булгариан Библе)
18. Никој, кога да е, не е видјал Бога;
Единороднијат Син, којто е в лоното на Отца, Тој Го изјави.
John 1 (Douay-Rheims 1899 American Edition.)
18. No man hath seen God at any time: the only
begotten Son who is in the bosom of the Father, he hath declared him.
John 1 (King James Version)
18No man hath seen God at any time, the only
begotten Son, which is in the bosom of the Father, he hath declared him.
John 1 (Holman Christian Standard Bible)
18 No one has ever seen God. The O
ne and Only Son the One who is at the Father's side He has revealed Him.
Овие преводи како и многу други се базирани и преведени od
(A)=Codex Alexandrius i
(R) =Rezeptus
Но кога ќе анализираме малку подетално и ке ги разгледаме аргументите ќе увидиме дека не е во секоја Библија преводот ист.
Пример:
John 1 (New International Version)
18. No one has ever seen God, but
God the One and Only,who is at the Father's side, has made him known.
John 1 (New International Version - UK)
18 No-one has ever seen God, but
God the One and Only, who is at the Father's side, has made him known.
Како тоа да еден ист стих се преведе на различни начини и со различни значања ?!!!
Многу едноставно, причината за овие разлики е во тоа што последните две библии не се наклониле на
(A)=Codex Alexandrius i
(R) =Rezeptus каде што стои
ЕДИНОРОДЕНИОТ СИН , туку поголемиот дел од нивниот превод се преведувал од
(S)=Codex Sinaiticus,
(B)=Codex Vaticanus,
(C)=Codex Ephraemi,
Единородениот Бог, што само по себе е
парадокс.
Во Македонскиот јазик има повеке преводи , да разгледаме некои:
Евангелие според Јован во преводот од 1990 стои
Глава 1:18
„Бога никогаш никој не Го видел;
Единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот - Он го објави“.
Во оваа библија јасно се гледа од кои извори е преведена, имено од
(A)=Codex Alexandrius i (R) =Rezeptus
Во Јован 1 (Macedonian New Testament) е преведено вака:
18. Никој, никогаш не Го видел Бога; но имаме објава за Него, преку
Единородниот Син - Кој е Бог, и Кој произлегува од Таткото.
Зборовите
Кој е Бог не се наоѓаат во ниту еден манускрипт, или постар документ , туку тие се додадени во преодна фаза пред да го завземе конечниот облик стихот кој што покасно треба да гласи вака:
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН од 1999
Глава 1:18
Бога никој никогаш не Го видел;
Единородниот СинБог, Кој е во прегратката на Таткото, Тој Го објави.”
Таа преодна фаза веќе е направена и во денешната библија стои
СИНБОГ, со тек на време после неколку генерации, постарите библии ке исчезнат, а во новите Библии кои ке бидат во продажба веќе ќе стои
СИНБОГ.
Стихот при преводот е превземен од изворите
(A)=Codex Alexandrius i (R) =Rezeptus, но на него е додаден зборот
Бог кој што е превземен од изворите
(S)=Codex Sinaiticus, (B)=Codex Vaticanus,(C)=Codex Ephraemi, се со цел да се создадат некакви си Аргументи,
наводно дека Исус е Бог.
Јас сум длабоко убеден дека измените кои се правеле и се прават сега, ќе продолжат и во иднина.
Како и да е јас сепак тебе Барабанџија те повикувам , нам да ни покажеш, и ни донесеш аргументи од било која Библија на било кој јазик и од било кое време да ни покажеш каде тоа во Библијата стои зборот
БОГОЧОВЕК.
Но да погледнеме накратко која е пораката од овој стих:
18. Бога никогаш никој не Го видел; Единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот - Он го објави.
Што сакаш појасно од ова Барабанџијо ?!!!
Бог никој никогаш не го видел, самите овие зборови
се доказ дека
Исус не е Бог. Имајки предвид дека тој престојувал меѓу луѓето, живеел меѓу нас. Туку како што продолжува стихот Бога го објавил, го најавил Исус, за верата , и начинот на кој што треба да се верува, за неговото постоење.
Исус не бил ништо повеке, туку Пратеник како и сите останати Пратеници кои биле пратени да ни го објават вистинскиот пат и начинот на кој треба да веруваме и да се молиме.
Вие го нарекувате Отец во библијата оној кој што Исус го објавува.
Зарем Исус не вели Отецот е поголем од мене ?
Јован: 14:28 :„Чувте дека Јас ви реков: “Одам од вас и пак ќе дојдам при вас.”Но ако Ме љубевте Мене, ќе се зарадувавте што реков: одам при Мојот Отец; зашто Мојот Отец е Поголем од Мене.
Јован: 10:29 Мојот Отец, што Ми ги даде, е поголем од сите; и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Отец.
Примери во самата Библија дека Отецот е Поголем од Исус има многу, но за секој разумен човек и овие аргументи кои ги наведов тука се повеке од доволно за да ја свати вистината, за да свати какви валкани игри се прават од вашите свештени лица, какви манипулации се прават со таканаречените свети книги ( Библијата ).
Не заборавај, дека јас не треба да ти докажам дека Библијата не е веродостојна, туку ти која веруваш и ја браниш треба да докажеш за веродостојноста на библијата , за кое јас сум цврсто убедена дека за такво нешто никој нема капацитет и знаење за да може да докаже, од проста причина , што аргументите кои ја деградираат библијата се премногу, а вие немате контра аргументи.
Јас сепак нема да ти кажам да се откажеш од твоето верување, слободно настојувај да веруваш во тоа што ти веруваш, но она што јас барам и очекувам од тебе е , да ти во најмала рака сам си земеш и ги анализираш приложените Аргументи и тоа непристрасно кон ниту една религија, туку сето тоа да се анализира од неутрална перспектива.
Те читам дека се удираш в гради, те како ние сме немале аргументи, или не сме биле во можност да сватиме затоа што не го разбираме светото тројство, небаре ти ни достави некаков аргумент, се што постираше на оваа тема е твојот филозофски пост.
Ти Барабанџијо , ако си искрен демантирај ги дадените аргументи со издржливи докази.
Со радост ќе почекам да ги прочитам твоите контра аргументи , само се надевам дека нема пак да се (избациш) со некакви си филозофски текстови.