Што е Исус?

Што е Исус?

  • Господ/Бог (Отецот)

    Гласови: 14 3,6%
  • Божји Син (синот)

    Гласови: 184 47,1%
  • Светиот Дух (гулабот)

    Гласови: 6 1,5%
  • Божји Пратеник

    Гласови: 82 21,0%
  • Нешто друго...

    Гласови: 105 26,9%

  • Вкупно гласачи
    391

sinatra

Френки
Член од
25 септември 2009
Мислења
186
Поени од реакции
3
Друже, не суди кога не ме знаеш. Имам учено историја и ја имам проучувано Библијата. Не дојдов овде зашо само сум читкал нешо таму.

Исус беше посебен Сам по себе. Тој беше богочовекот и не верувам дека дојде на земјава да се држи до обичаите.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277

Зошто Марија не излегува се додека исус не ја повика.
 
sinatra

Френки
Член од
25 септември 2009
Мислења
186
Поени од реакции
3
Ајде кажи, не е работава јас да испаднам паметен, туку ти.
Напрај си го меракот.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ајде кажи, не е работава јас да испаднам паметен, туку ти.
Напрај си го меракот.
Ако знаеш, одговори. Ако не, извини се дека си се правел фраер за нешто што не го знаеш. Ќе ти се прости.

(додека не прочитам извинување од овој арогантен лик, има да го гањам се додека еден од нас двајца не биде трајно избркан од форумов)
 
sinatra

Френки
Член од
25 септември 2009
Мислења
186
Поени од реакции
3
Ти прв извини се шо се мајтапеше, а потоа и јас.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Ајде кажи, не е работава јас да испаднам паметен, туку ти.
Напрај си го меракот.
Не се паничи.
Сакам да ти кажам дека зборовите, изразите, обичаите, говорот, смислата на реченицата се менува со тек на години и векови. Плус ако се работи за други народи за други култури, поднебја... разликата може да е драстична па дури и она што нам во 21 век ни се чини едно , во време кога е пишувано значело нешто сосема друго.
Во конкретниот случај, Марија седи “шива“ Еврејски обичај кога мажена жена оплакува некого близок. Таа смее да ја прекини шивата и да излезе само ако ја повика нејсиниот маж
Исус ја повика и таа излезе.
Ние сме дене отуѓени од обичаите кои беа нормални и секојдневни во Македонија пред 100 или 200 години а камоли да ги знаеме познаваме и разбирама обичаите и законите на некој друг народ пред 2000 години. За 90% верници Јудеја, Галилеја, Палестина Ерусалем, Цезареја, Јордан.. се некои мистични места за кои не би можеле ни на карта да ги најдат а камоли да навлезат подлабоко во систем на мерки, пари кои се користеле, верски правци во јудаизмот, историја, политика, обичаи на тоа време и тоиа место
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Кон болтуваното со црвена боја:

Омер бе, па кога муслиманските верници би го прифатиле одговорот кон прашањето за човечките особини Исусови, тогаш таквите поставувачи на прашања, веднаш и би поверувале дека Исус Е Богочовекот!

А вака, не Ви преостанува ништо друго, освен глумење наивност и покрај дадените одговори на поставените прашања, а како контра-мерка на се, непрестајното навраќање на личната забетонираност во Исламскиот рационализам, разбираш...
Ич не разбирам. Јас разбирам Бог и човек, ама богочовек никако. Јас сум монотеист и така ја разбирам верата во Бога.Бог не се дели на делови. Јас знам дека многумина во човечката историја се прогласиле за богочовеци, ама сите знаеме дека тие тоа не биле, туку биле измамници, манипуланти со простата маса. Е кај вас некој друг изманипулирал и сакал да го прикаже Исуса она што не е!

Башка се што пишувам и цитирам го поткрепувам со цитати од Библијата. Значи не манипулирам ич.

Кои се според тебе тие човечки особини што ги поседувал Исус а кои ги поседувале и другите луѓе??? Кажи неколку како пример па можи да дебатираме.
Али пази:
Јасно е кажано дека Исус бил човек (поседувал машко човечко тело), не ламја, не сонце, не облак, не птица, не месечина, не крава или камен.. Според тоа ти не можеш тикитукутака да влечеш докази дека ете штом тој бил човек не бил Божји Син и човечки приказ на совршената божја душа. А сега пошто спомна, ај докажи ми дека бил ОБИЧЕН ЧОВЕК, бидејќи нели, тоа мислиш дека можеш да го докажеш.
Барабанџијо, сам поставуваш прашање, сам одговараш, сам се негираш. Секако дека Исус бил човек, кој немал ништо поразлично од физички аспект од другите луѓе. Исус духовно бил далеку подобар од другите луѓе со тоа што бил одбран за Божји Пратеник,...но никако за Бог. :nenene: Во продолжение во репликата на Синатра читај ги Библиските докази дека Исус не бил бог, туку човек Божји Пратеник.

Абе седи, не ме знаеш. Просветителу мој!

Јован 1:1-3 Во почеток беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог. Тоа беше во почетокот во Бога. Сè стана преку Него, и ништо, што стана, не стана без Него.

14 И Словото стана тело и се настани меѓу нас и ја видовме Неговата слава, славата што ја има како Единороден од Таткото - полн со благодат и вистина.

Словото=Исус

Прво и основно, Исус не е создаден од Отецот, туку е едносуштен со Него-Бог. И немој да ги измешаш поимите роден и создаден.

Исус имаше двојна природа: човечка и божествена.

Јас ти го сфаќам проблемот што го имаш, ама уште пред вие да го добиете куранот од Мухамед, Бог се објави преку Библијата. Ха-ха!

Што мислиш е поверодостојно? Библијата или куранот?

Кој живее свет живот: Исус или Мухамед? Кој од нив би го земал да ти биде пример?

Мухамед ја искасапил Библијата, додал свои учења, паганизми и ереси и оп-ислам.
Кај бил алах пред толку многу векови, зарем ги оставил своите деца во незнаење се до раѓањето на Мухамед?

За разлика од алах објавен во куранот, Бог, Троедниниот, Кој јасно е објавен во Светото Писмо, е со своите чеда уште од создавањето на светот.
И да те знам и да не те знам исто ти се фаќа. Пет пари не вредиш.:tv: И не оди оф топик со набадањата за Исламот, Мухаммед а.с. и Кур'анот. Тоа можеш да го правиш на соодветни теми, ама овде не.

Сега се враќаме на зададената тема и читај што има во твојата касапница, пардон Библија.

Бог е роден
Павле, слуга на Исуса Христа, повикан за апостол, одделен за Евангелието од Бога, кое Тој го вети однапред преку Своите пророци во Светите писма, а кое зборува за Неговиот Син, по тело роден од Давидовото семе. (ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО РИМЈАНИТЕ
Глава 1 , 1:3)

Бог има претци!
Книга на родословот на Исуса Христа, син Давидов, син Авраамов: (Матеј, 1:1)

Бог има пол!
“И кога навршија осум дена, за Неговото обрезание, Му го дадоа името Исус, како што Го нарече ангелот, пред да биде зачнат во утробата.”(Лука , 2:21)

Бог од градите пиел (цицал) млеко!
А кога го зборуваше тоа, една жена од множеството извика: „Блажена е утробата, која Те носела; и градите од кои си се хранел.(Лука, 11:27)

Бог има родно место
А кога Исус се роди во Витлеем Јудејски, во дните на цар Ирод, ете, мудреци од исток пристигнаа во Ерусалим, и рекоа: „Каде е Тој кој се родил, Царот на Јудејците?...” ( Матеј, 2: 1-2)

Бог има и занает

Не е ли овој дрводелец, Синот на Марија…” (Марко, 6:3) Не е ли Овој син на дрводелецот?(Матеј,13:55)

Бог има превозно средство

”Кажете и на Сионската Ќерка: Еве, твојот Цар доаѓа при тебе, кроток и јава на ослица(магарица) и осле(магаре) - младенче на ослица!”( Матеј, 21:5) А Исус најде осле( магаре), и седна на него,…” ( Јован, 12:14)

Бог јаде храна и пие алкохол

Дојде Синот Човечки, кој јаде и пие, па велат: „Еве, човек лаком и пијаница, пријател на цариници и на грешници!...” ( Матеј, 11:19) (Лука, 7:34)

Бог е сиромашен

А Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небесни - гнезда, а Синот Човечки нема каде да ја положи главата. ( Матеј, 8:20 )

Бог оди понизно и се моли

А наутро, додека уште беше темно, стана, излезе и отиде во пусто место, и таму се молеше.( Марко, 1:35)

Бог е искрен следбеник

Му рекоа: „На царот!” Тогаш им рече: „Подајте му го царевото на царот, а Божјото на Бога!” (Матеј, 22:21) „Зарем вашиот Учител не плаќа две драхми?” Тој рече: „Да.” (Матеј,17:24-25)

Јосиф од Назарет е божјиот татко

Филип го сретна Натанаила и му рече: „Го најдовме Оној за Кого пишува Мојсеј во Законот и Пророците: Исуса, синот Јосифов од Назарет.”( Јован, 1:45)

Бог има браќа и сестри

И штом дојде во Својот роден крај, ги поучуваше во нивните синагоги, така што се зачудуваа и зборуваа: „Откаде Му се на Овој оваа мудрост и силни дела? Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не ли се вика Марија, а Неговите браќа: Јаков, Јосиф, Симон и Јуда? И Неговите сестри не се ли сите со нас? Откаде Му е тогаш на Овој сето тоа?” ( Матеј, 13: 54-56)

Бог телесно и духовно напредува!

А детето растеше и јакнеше во дух, исполнувајќи се со мудрост,…” ( Лука, 2:40) А Исус напредуваше во мудрост, во растењето и во благодатта пред Бога и пред луѓето. ( Лука, 2:52)

Бог имал дванаесет години кога неговиот татко го одведол во Ерусалим

И секоја година Неговите родители одеа во Ерусалим на празникот Пасха. Кога му беа пак дванаесет години отидоа, според обичајот во Ерусалим, на празникот. (Лука, 2:41-42)

Бог е немоќен!

Јас ништо не можам да правам Сам од Себе;…” ( Јован, 5:30)

Во книгата Ислам или христијанство, предизвик на времето , Мухаммед Газали вели:
Дали оној кој при себе ги има овие особини може да биде еднаков на Бога? А вие, христијани, дури тврдете дека Исус е убиен? Кој го убил? Дали го убил некој како него, или тоа бил некој друг бог? Навистина тоа била жестока борба која што се случила помеѓу боговите! Уште почудно е тоа што вселената останала онаква каква што и била, иако Бог е убиен и распнат!
Постои уште и трет бог, кој што е чуден и чија што задача е непозната. Се нарекува Светиот Дух. Каква е неговата улога, врз постоењето на Бог Отецот и Бог Синот?
Разумот укажува дека сето ова е измислено и невистина, зошо, НЕМА ДРУГ БОГ ОСВЕН АЛЛАХ!
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
Башка се што пишувам и цитирам го поткрепувам со цитати од Библијата. Значи не манипулирам ич.

Барабанџијо, сам поставуваш прашање, сам одговараш, сам се негираш. Секако дека Исус бил човек, кој немал ништо поразлично од физички аспект од другите луѓе. Исус духовно бил далеку подобар од другите луѓе со тоа што бил одбран за Божји Пратеник,...но никако за Бог.

Е добро де, те разбирам, ти мислиш дека Господ никогаш не би се претставил преку човечко тело на Земјава сам Тој, па да јаде, да пие, да го гледаат како со сите зборува, како плаќа данок, како страда, како се радува, како умира. За тебе тоа е богохулење. Но за мене не е. Јас мислам дека Бог не гледа само со презир кон луѓето, туку и со сожалување. За мене не е чудно тоа што Бог се појавил во од мајка родено човечко тело за да проповеда и да го објави патот на спасението, не е невозможно за допуштање. За мене не е невозмошно сам Бог да ги извршил сите тие работи запишани во Евангелијата, и да ги кажал вистините за кои апостолите сведочеле дека ги кажал, за мене не е невозможно тој човек наречен Исус Христос да бил Господ, кого луѓето не го познале и маченички го распнале. Оној кој на крстот го одвеле како што се носи јагне на колење, и кој по тоа ја објавил победата над смртта со своето воскресение, за мене не е невозможно да бил Тој за кој зборувале пророците и божјите пратеници низ вековите. За мене е невозможно само сето тоа да му се случило на обичен човек. И ти мислиш дека си ги фатил евангелистите во очигледна лага со овие работи, а јас не мислам така. Евангелистите не ја негирале исусовата човечка природа.
 
sinatra

Френки
Член од
25 септември 2009
Мислења
186
Поени од реакции
3
Не се паничи.
Сакам да ти кажам дека зборовите, изразите, обичаите, говорот, смислата на реченицата се менува со тек на години и векови. Плус ако се работи за други народи за други култури, поднебја... разликата може да е драстична па дури и она што нам во 21 век ни се чини едно , во време кога е пишувано значело нешто сосема друго.
Во конкретниот случај, Марија седи “шива“ Еврејски обичај кога мажена жена оплакува некого близок. Таа смее да ја прекини шивата и да излезе само ако ја повика нејсиниот маж
Исус ја повика и таа излезе.
Ние сме дене отуѓени од обичаите кои беа нормални и секојдневни во Македонија пред 100 или 200 години а камоли да ги знаеме познаваме и разбирама обичаите и законите на некој друг народ пред 2000 години. За 90% верници Јудеја, Галилеја, Палестина Ерусалем, Цезареја, Јордан.. се некои мистични места за кои не би можеле ни на карта да ги најдат а камоли да навлезат подлабоко во систем на мерки, пари кои се користеле, верски правци во јудаизмот, историја, политика, обичаи на тоа време и тоиа место

Не паничам воопшто, туку фаќам сеир. Тука те чекав.

Нели Марија Магдалена му била жена на Исус?
Од кај па сега излезе оваа друга Марија? Немој само да ми кажеш дека бил бигамист и дека двете жени му се викале Марија!

Епа или Ден Браун е во право или?
 
debi7777

Girls in your city for night
Член од
12 септември 2009
Мислења
411
Поени од реакции
8
Еден судија имал син кој направил криминално дело. Се погодило да треба таткото да биде судија на делото на синот. И судијата го прогласил синот за виновен и требало да плати за делото.
Арно ама синот не бил способен, немоќен да ја плати казната. И судијата излегол од судницата, се пресоблекол, ја оставил судииската облека и облекол секојдневна облека и отисол и ја платил казната за синот!

Така, исто направи и Бог! Не осуди, не прогласи за ВИНОВНИ. Иако ни е Татко, иако не љуби безусловно... И виде дека човекот сам не може да ја плати потребната казна, не е моќен, па го остави Божјиот престол (судницата) и зеде обличје како еден од нас, стана човек (се пресоблече како судијата) и ЈА ПЛАТИ нашата казна, која Сам Тој ја изрече за нас!
Ете Тоа е Исус, Бог Кој дојде како човек за да ја плати нашата казна за гревот!

Зошто Марија не излегува се додека исус не ја повика.
Море Лет3... сега ти ги сфакам целосно намерите...вчера ја бранеше Библијата, навидум изгледаше верник, дури и некој ти рече Од кога си верник...(Не ми се бара сега по постови да ти цитирам). Другпат убедуваш демек некој не ја почитува библијата, криво ја толкува или не почитува се, демек нешто поништуваме христијаните... А денес уууу каква вистина изнесуваш, ти се молам! Дури пак и знаеш совршена историја. Совршено ги понзваш обичаите на Евреите од тоа време. Човек може да си помисли - те бе човеко навистина е начитан, истражувал... е те според она што објаснува вистина е! Пласираш убаво сервирана лага, замоткана со шарена хартија и со машничка, а всушност даваш бомба, која директно ќе ги убие сите кои ќе ти го прифатат пласираното...
Овде на форумов има неупатени така баш, па некој ќе ти се фати на јадицата, на која си закачил убаво залаче, ама не гледаат дека тоа залаче е смртоносно!
Навистина сакаш да ги збуниш луѓето и затоа не се отворено декларираш ни како верник, ниту пак како неверник...
Ти се молам друже, не ќе да ти даде оној медалче или почесно место до него, ако поеќе луѓе одвлечкаш со тебе кај него. Ако не ја сакаш спасителната гума која ти е подадена зашто се давеш, бар не лажи ги другите дека е нешто друго.

Кажи кој ти е учителот, од која книгичка го пласираш сето ова? Не ќе да се твои заклучоци!
Ако Исус имал жена зошто отворено не кажал, не ја спомнал... зошто би криел па Исус не е против бракот! (но сигурно не бил женет Он самиот)!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Во конкретниот случај, Марија седи “шива“ Еврејски обичај кога мажена жена оплакува некого близок. Таа смее да ја прекини шивата и да излезе само ако ја повика нејсиниот маж
Исус ја повика и таа излезе.
Оплакувачот (оној кој ја извршува шивата) не мора да биде „мажена жена“, туку било кој близок роднина на починатиот (татко, мајка, син, ќерка, брат, сестра или сопруга). Воопшто не е услов оплакувачот да е мажен или женет.

http://en.wikipedia.org/wiki/Shiva_(Judaism) напиша:
In Judaism, shiva (or shiv'ah, Hebrew: שבעה ; "seven") is the week-long period of grief and mourning for the seven first-degree relatives: father, mother, son, daughter, brother, sister, and spouse...
Immediately upon the burial of the departed (which in Judaism traditionally occurs within one day of death whenever possible), any first-degree relatives assume the halakhic status of "avel" (Hebrew: אבל ; "mourner").
Понатаму, не е точно дека оплакувачот може да ја прекине шивата „само ако ја повикал нејзиниот маж“.

http://en.wikipedia.org/wiki/Shiva_(Judaism)#Leaving_the_shiva_house напиша:

Leaving the shiva house

Generally, the mourner may not leave the shiva location during the shiva period. But there are a number of exceptions:

  • Leaving the house is permitted when traveling between two locations where shiva is being observed by different members of the family. When doing so, the mourner shall be accompanied by a non-mourner.
  • Whenever a human life is in danger, whether that of the mourner or someone else, leaving the house to do whatever is necessary to save a life is permitted.
  • The mourner may leave home to do something necessary to prevent another person from suffering, if no other person is available to do the same. This includes helping his/her own child, visiting an elderly or sick person (such as one's parent), or even helping a person outside the family.
  • It is permitted to leave the house to tend to the needs of one's animals. Though if possible, others should meet the needs of the animals, if this cannot be achieved, one may feed or perform any other care necessary for one's animals.
  • If the mourner has an exemption to work or conduct business, leaving the house as necessary do to so is permitted.
  • If another relative for whom the mourner is required to sit shiva dies during shiva, the mourner may attend the funeral. The two shiva periods may overlap in these situations. If another person dies (such as an extended relative), a rabbi shall be consulted to determine if the mourner may attend the funeral.
  • Leaving the house is permitted on Shabbat.
Како што гледаш, постојат повеќе причини заради кои оплакувачот можел да ја напушти куќата, но НИТУ ЕДНА ОД НИВ НЕ Есамо ако ја повика нејзиниот маж“, ниту пак „ако ја повика нејзиниот маж“.

Прво, доколку евангелиетите сакале да го „сокријат“ бракот на Исус со оваа Марија, и доколку навистина бил таков обичајот (дека жената може да излезе само дококу мажот ја повика), тогаш тие немале да го напишат овој дел во евангелието по Јован. Тоа е исто како да сакаш да сокриеш дека некој трча брзо, а пишуваш дека испешачил 100 метри за 10 секунди :D

Второ, зошто апостолите/евангелистите би криеле доколку Исус евентуално бил оженет? Христијанското верување не би било променето ниту еден грам, доколку Христос бил навистина оженет. Христијантвото никогаш не било противник на бракот. Дури е и чудно и уникатно, тоа што Исус не бил оженет, бидејќи сите познати библиски личности биле (на пример: Мојсеј, Давид, Соломон, Петар и други...) Според тоа, чудно е да се тврди дека Библиските писатели сокриле информација која со ништо немала да го промени нивното тврдење. Зошто би направиле такво нешто?

Трето, е постои ниту еден (НИТУ ЕДЕН!) древен запис во кој пишува дека Исус бил оженет. Ова е многу важен аргумент, бидејќи постојат многу записи и од противници на христијанството, но дури ниту еден од нив не се осмелува да протурка ваков аргумент. Дури ни во гностичката литература (иако временски доста подоцна и според тоа помалку веродостојна од Новиот Завет), која е позната како еден од изворите на контраверзни информации, не постои таков детал. Христос бил јавна личност, која честопати говорела во јавност. Ваква тајна сигурно би излезела на виделина доколку само христијаните ја криеле.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ич не разбирам. Јас разбирам Бог и човек, ама богочовек никако. Јас сум монотеист и така ја разбирам верата во Бога.Бог не се дели на делови. Јас знам дека многумина во човечката историја се прогласиле за богочовеци, ама сите знаеме дека тие тоа не биле, туку биле измамници, манипуланти со простата маса. Е кај вас некој друг изманипулирал и сакал да го прикаже Исуса она што не е!

Башка се што пишувам и цитирам го поткрепувам со цитати од Библијата. Значи не манипулирам ич.
1. Да разбираше, или, да бидам појасен, да веруваше, се ќе ти станеше јасно. Вака, не ти останува ништо друго освен тврдоглав пристап кон Богооткриените вистини-хула на Светиот ДУх.
2. Бог не се дели на „делови„. Бог е составен од „делови„: Отец, Син и Свет Дух, и таа личносна релација меѓу трите наведени лика, ја нарекуваме „...Пресвета, единосуштна и неразделна Троица...„. Се надевам дека сеа ти е троа појасно како е „уреден„ Едниот Бог.
3. Да, многумина себе си се прогласија за месии и за богови ама на крајот не им избегаа гробовите.
4. Не бе, каква манипулација, кој вели дека манипулираш? Туку, правиш уште полошо: се повикуваш на цитати кои ги „толкуваш„ како ќе ти притреба, согласно твоите предрасуди за христијанскиот Бог, а гледано од позиција на исламски верник, не?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Трето, е постои ниту еден (НИТУ ЕДЕН!) древен запис во кој пишува дека Исус бил оженет. Ова е многу важен аргумент,
Не постои ниту еден древен запис на кој е опишан исус како изгледал. Па пак имаме полни цркви со негов лик.

Али да се вратиме на бракот “Не постои ниту еден (НИТУ ЕДЕН!) древен запис во кој пишува дека Исус НЕ бил оженет. Ова е многу важен аргумент“

Сосема нормално, секојдневно и вообичаено кај Евреите беше да стапат во брак и тоа доста рано уште на 16-17 години. Неоженетите биле невообичаени, и сигурно еден таков случај би се споменал. Кај Исуса, брачното стање било вообичаено онака како што се очекува и како мора да биди еден рабин, кој подучува по синагогите. Во еврејскиот закон се вели “Неоженет човек не може да биди рабин“. Евреите не се бунат кога Исус подучува по синагогите, не неоѓаат пречка во тоа како и кога му се обраќаат со “рави“ (рабине, учителе)

Инаку во наведените примери за излегување од дома кога се седи шива не видов ни еден зошто би излегла. Нит некој друг и умре, нит животот и беше во опасност.... само повикот на мажот е логична причина за тоа.

Во лука 10 38-42, кога Исус е во куќата на Марија, сестрата нејзина Марта расфаќа низ дома а Марија седи кај нозете на Исус и го слуша и Марта му вели на Исус “Господи зар неќеш да знаеш дека сестра ми ме остави да служам сама, Кажи и да ми помогне“
Значи во нечија “туѓа“ куќа Исус има власт над една од жените да и каже дали да стане и помага во служење на сестра и или не. како што секој маж во тоа време би имал власт над својата жена и како би било некултурно и безобразно да на некоја која не ти е род или жена во нејзината кужа и велиш дали да служи или не. Значи сестра и не и се обраќа нејзе директно “Стани и помогни ми “ туку преку Исус преку некој кој тоа треба или може да и го нареди. Дури и денес 21 век подоцна би било чудно, невообичаено и некултурно некој туѓ дома на домашните да му кажува кој да стани и служи. И денес тоа би можел да го направи само блисок роднина или маж.
Евангелијата се пишувани со децении по смрта на исус, а се редигирани со векови, многу работи се замаглени, премолчани, али оставија траги од преданијата кои влегоа во евангелијата дека Исус сепак бил сосема нормално, вообичаено и очекувано оженет.
Исто и свадбата во Кана, таа кога ќе се разгледа од реален аспект ќе се види дека таму е Исус и случајно неговата мајка, тоа не е некоја мала свечаност туку раскошна и богата свадба со слуги и дури и пехарник (човек задолжен за послужување и мешање на вина) тоа е голема свадба пошто кога снаме вино Исус претватра уште 600 литри вода во вино, значи голем број на гости, тоа е свадба каде на самата свеченост без поговор слугите исполнуваат заповедите на мМарија, мајката на Исус и што да направат и што да донесат и колку да наполнат, тоа е свадба на која откако Исус создал вино, пехарникот (старосват во македонски превод) го повикува младоженецот и го фали за квалитетот на виното.
Значи се укажува дека Исус и Марија не се само случајни гости на некоја непозната свадба, туку истата ја раководат како да е нивна.
Дали беше со Марија, дали со магдалена, дали Марија и Магдалена се иста личност... но за тоа друга тема

се уште низ библијата можат да се најдат траги на прикривања, еве во момент кои ми паѓаат на ум, неодредено се кажува колку римски војници дошле да го уапсат исуса, денес кога би прашал некој верник тој врз основа на евангелијата би рекол дека можеби 10-30 римјани, но тоа е далеееку од вистината или од она како стои во првите верзии на евангелијата, или денес е општо прифатено дека Пилат ставил натпис Исус Христ крал јудејски на крстот ради потсмев или поруга иако нигде низ евангелијата не е споменато дека ради тоа е ставено, и иако сегде низ евангелијата го нарекуваат и го признаваат Исуса како полноправен крал Јудејски, наследник на Давида, па и самиот исус тоа го признава додуше не во подоцнежните преводи туку во раните верзии на евангелијата

Дури ни во гностичката литература (иако временски доста подоцна и според тоа помалку веродостојна од Новиот Завет), која е позната како еден од изворите на контраверзни информации, не постои таков детал.
Спасителот ја сакаше Марија Магдалена повеќе од сите. И често и ги бацуваше усните нејзини. Осѕтанатите беа љубоморни на неа. Рекоа: “Зошто повеќе ја сакач неа од колку нас“ Спасителот им одговори “Зошто не ве сакам вас како нејзе“

Господ се направил во тајност, крштевање, поамзување, причест, искупување и брачната ложница

Постои Син Човечки и постои син на синот Човечки. Господ е синот човечки а син на Синот Човечки од бога примил моќ да создава. Негово е и да зачнува
(овде веќе имаме наговест дека Исус имал и дете)

Евангелије по Филип
збирка Наг хамади
 
Kajgana Shop

На врв Bottom