Што добиваат и што губат оние кои ја напуштаат Македонија?

Tranquilis

Putting Macedonia on the map.
Член од
10 август 2011
Мислења
526
Поени од реакции
657
Најлошиот дел од странското секојдневие?
Кога ќе отвориш македонски news агрегатори. Дури ни фејсбук не ми се отвора деновиве, саде црнила.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Znam samo deka decki so vo Mk. gi smetaja za nesposobni dibeci,sega na zapad imaat novi koli,pa zamisli duri i kuki si kupija.Pa kaj nas samo da pomislis za nova kola e naucna fantastika pa kamo li kuka da kupis.Eeee toa e najinteresno kako ljugevo so bile smetani za nesposobni kaj nas ,naednas na zapad se pretvorile vo vredni vorkoholici koj se sposobni da si ja izdrzuvaat familijata bez nikakov problem.
 
M

Moon Child

Гостин
Каков разговор и аргументи, да заплаче човек.
Еве јас работам во шанк, и имам плата поголема од онаа што просечното македонче лиже шупак цел живот да ја добие во администрација.
Што сум добила?
Сум добила работно место без да лижам шупак цел живот, затоа што моето достинство нема цена и нема да успее ниедна партија да го купи. Јас сум се одрекнала од живот во сопствената држава, каде што моите ги гледам еднаш годишно, затоа што сум одбила да се вклопам во масата на амеби,кои целиот живот ракоплескаат по митинзи, се возат со автобуси од град во град и се принудени да ги слушаат истите говори на истите митинзи.
Јас не размислувам што ќе правам ако друга партија дојде на власт, затоа што ЈАС самата сум способна да најдам работа, ако треба на Антарктикот ќе отидам ама газ нема да лижам за посрано работно место што стои на стаклени нозе и варира во зависност која партија е на власт.

Јас не се срамам да кажам дека работам во шанк, и дека мојот сопруг работи градежништво овде во Црна Гора. Заработуваме доволно, и повеќе од доволно и двајцата, толку и да ни останат пари на крајот од месецот, значи буквално пари што ни остануваат со кои незнаеме што да правиме, па само ги тргнуваме на страна. Не се крстиме на ниедна пензија од нашите и не се плашиме да имаме деца.

Живееме сами, без свекор, свекрвва, девер, золва и јатрва во една иста куќа под еден ист покрив, јадеме убава храна, а не леб и пинџур секој ден,.
Без разлика на тоа што јас работам во кафич, а тој на градежништво, кога ќе излеземе во град сме јас Госпоѓа, а тој Господин. Имаме пари да си приуштиме пијачка, вечера, и плус да почастиме некој.
Кога би престанала да работам во кафич, би чистела и куќи, ако ми е тоа платено. Се додека не сум принудена да лижам шупак, цел живот клекната на колена, се додека не се крстам во пензијата на свекорот и свекрвата, би чистела и улици.

Не добив ни изгубив ништо, јас кога се преселив од Македонија, си го задржав моето достоинство.
Сега сум среќна, што сум далеку од масата на амеби, што никој не успеал нити ќе успее да ми го испира мозокот, среќна сум што моето суштествување на оваа планета не зависи од ниедна партија ни лидер, и среќна сум што јасно и гласно можам да серам што сакам и за кого сакам. И таму нда дојдам ќе им плеснам во лице на сите што мислам, и од овде можам, не ми преставува никаков проблем.
Живеам мирен и среќен живот, без стресови и нервози, настрана од сите глупи муабети кои морав во Македонија да ги слушам секојдневно, независно дали на ТВ или ИРЛ.
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
868
Поени од реакции
568
POveketo luge se zaminati zatoa sto morale da zaminat, nemale ni najmala sansa da se zaposlat, pa duri i da lizele supaci, ednostavno nema mesto za site. Makedonija ne generaira rabotni mesta, so dobri plati, toa teba da se prifati, ednostavno taka e! Tuka ne e vinoven ni Trajko ni Petko! Toj sto emigiral ne treba da ja krsi glavata dali nesto gubiel ili dobival, zivotot go nateral, mora da se adaptira i da si go anjde mestoto pod tugoto sonce
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Сега сум среќна, што сум далеку од масата на амеби, што никој не успеал нити ќе успее да ми го испира мозокот, среќна сум што моето суштествување на оваа планета не зависи од ниедна партија ни лидер, и среќна сум што јасно и гласно можам да серам што сакам и за кого сакам.
По добро што стори сите не амебизира и не напрај лижачи... Толку ли не мрзиш?
Се е ова добро во цитатот само да се ослободиш од омразата и предрасудите и ќе си сосем слободна. Овде има луѓе што се обидуваат да бидат или се слободни и во овие услови, што ич не е лесно. Најмногу има луѓе што би постапиле исто како тебе кога би имале прилика, ама ја немаат, дома имаат сметки деца сопствени школарини ама немаат прилика да заминат некаде и мораат да одат по митинзи и да молат луѓе што не се за молење. Има луѓе што зависат од пензии. Имаме и луѓе што одат гладни на работа за да платат некоја сметка. Мислиш дека сакаат да е така?
Значи сите сме луѓе, условите се такви какви што се, и секој мора да живее кој како знае.
 
Тоа и е темата, што добиваат а што губат.
Што им пружа Македонија, и како ги натерала луѓето да живеат.
Јас не ги обвинувам луѓето што се крстат на пензијата затоа што мораат, ја обвинувам државата што ги натерала така да живеат, во тие услови, и не се погрижила да им обезбеди подобро.
Затоа и напишав не се плашам да имам деца, затоа што овде како што сум сега, можам да им обезбедам, а доколку би била во Македонија, би размислила убаво, дали е време и дали ќе можам да им пружам макар најосновно.
Јас бев исфрустрирана таму, ова што го пишувам е разултат на мојата секојдневна фрустрација, која и ме натера да си отидам. А знам и дека половина, ако не и повеќе луѓе на отприлика моја возраст се чувствуваат исто и не си ја гледаат својата иднина.
Не е срамота да си исфрустриран, напротив добро е, тоа е знак дека си свесен за ситуацијата.
Во врска со амебизирањето, јас ги амебизирам оние кои лижат партиски шупаци, не реков дека секој Македонец е амеба. И ќе ги амебизирам секогаш, за мене партиските полтрони се најниско нешто што може на човештвото да му се случи, и за навек и векова амеби ќе останат во моите очи.
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Можеби е надвор од темата ова,ама ме интересира ваше мислење.Дали доколку планирате место каде да се одселите,климата на таа земја ви игра улога?
Во смисол,дали доколку не сакате ладно и тмурно време или пак не поднесувате тропска клима,би се преселиле по секоја цена,на такво место?
Знам дека можеби е глупаво прашањето,но како човек што не сака облачно и врнежливо време,го земам тоа за фактор доколку би одлучил да се преселам накај север.Искрено времето во Лондон на пример не можам да го поднесам.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Можеби е надвор од темата ова,ама ме интересира ваше мислење.Дали доколку планирате место каде да се одселите,климата на таа земја ви игра улога?
Со климата ќе се справам и на сибир и во африка хаха :)
Не планирам никаде да одам, ама овдешнава клима и загадување ич не ги сакам. Сакам во Струга да живеам и тоа приградска населба/селце, да се оди со точак до центар. Барем е почисто.
Мислам дека ако одиш некаде одиш со некој сон да го оствариш, временските услови се нешто пропратно се снаоѓаш како и сите други што живеат таму.
Луѓе што познавам неколку што имаат живеено во Лондон, имам впечаток дека не го даваат тој град за ништо, независно од времето.[DOUBLEPOST=1429098128][/DOUBLEPOST]
Тоа и е темата, што добиваат а што губат.
Што им пружа Македонија, и како ги натерала луѓето да живеат.
темата е за вас што сте надвор а не за нас овде, а ти од мака што си видела да се спасиш од овде почнуваш да кажуваш за надвор што добиваш, се префрлаш за овде што е како е и тераш пола страна
Ти добиваш пристоен живот, не губиш ништо оти сте одбрале убаво место можеш да дојдеш кога сакаш не еднаш годишно туку секогаш кога има потреба. Ние губиме, брат ми е во азија, колку за последниот пост за времето штом тој издржа жешко и убаво му е, секоја клима е топ ако имаш пристоен живот

Ќе кажев брат ми е далеку, мило ми е за него, се радувам кога ќе го видам или слушнам среќен и безгрижен, ми помага да застанам на нозе ако заглавам некаде во македонштинава, само едно
јас бев пред две години на викенд во едно село и пиев кафе кај едни стари луѓе
Имаше слика од една невеста, стара слика, прашав и ми кажа старецот дека сам ја однел сестра му до аеродром во Белград на времето, ја испратил на работа во Америка и не ја видел никогаш. Живеела добро. Се јавувала.Плачеше.
Незнам како лавина камења да паднаа над мене, секогаш кога ќе одложи доаѓање за друг пат за налето за назима, сликата од стариот ми иде пред очи. Па бркам облаци демек во друг век живееме и некогаш ќе се видиме се со ред.
 
Последно уредено:
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Со климата ќе се справам и на сибир и во африка хаха :)
Не планирам никаде да одам, ама овдешнава клима и загадување ич не ги сакам. Сакам во Струга да живеам и тоа приградска населба/селце, да се оди со точак до центар. Барем е почисто.
Мислам дека ако одиш некаде одиш со некој сон да го оствариш, временските услови се нешто пропратно се снаоѓаш како и сите други што живеат таму.
Луѓе што познавам неколку што имаат живеено во Лондон, имам впечаток дека не го даваат тој град за ништо, независно од времето.
Се согласувам со тебе.Особено околу делот со овдешната загаденост.
Чисто го поставив прашањето бидејќи вчера во друштво падна ваков муабет.И слушав работи од типот,никат не би се преселил таму бидејќи е многу топло,или пак таму дека е многу ладно..
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
По добро што стори сите не амебизира и не напрај лижачи... Толку ли не мрзиш?
Се е ова добро во цитатот само да се ослободиш од омразата и предрасудите и ќе си сосем слободна. Овде има луѓе што се обидуваат да бидат или се слободни и во овие услови, што ич не е лесно. Најмногу има луѓе што би постапиле исто како тебе кога би имале прилика, ама ја немаат, дома имаат сметки деца сопствени школарини ама немаат прилика да заминат некаде и мораат да одат по митинзи и да молат луѓе што не се за молење. Има луѓе што зависат од пензии. Имаме и луѓе што одат гладни на работа за да платат некоја сметка. Мислиш дека сакаат да е така?
Значи сите сме луѓе, условите се такви какви што се, и секој мора да живее кој како знае.
дали го знаеш, процентот на луѓе што се слободни во Македонија и може да најдат работа само со cv ?
тоа се едвај 10-15.000 луѓе (претежно ИТ). Колку за споредба има повеќе зависници од хероин во Македонија отколку слободни луѓе да најдат работа.
Знаеш колку слободни луѓе има да завршат работа во администрација/здравство/образование без лижење ? Ниту еден.
Па јас за еден обичен интернет од Т-Хоме, за да ми завршат побрзо работа требаше да се распрашувам, за да кај вистинскиот човек ме препорачаат.
И ова не е мразење, ова е кажување на факти за нашиот отомански/комунистички менталитет.
Ти го викаш мразење и предрасуди од проста причина што не си видел нешто поразлично од моментално сервираното.
Да сме виделе ние како држава, барем 10 години демократија ситуацијата ќе беше друга[DOUBLEPOST=1429125996][/DOUBLEPOST]
Можеби е надвор од темата ова,ама ме интересира ваше мислење.Дали доколку планирате место каде да се одселите,климата на таа земја ви игра улога?
Во смисол,дали доколку не сакате ладно и тмурно време или пак не поднесувате тропска клима,би се преселиле по секоја цена,на такво место?
Знам дека можеби е глупаво прашањето,но како човек што не сака облачно и врнежливо време,го земам тоа за фактор доколку би одлучил да се преселам накај север.Искрено времето во Лондон на пример не можам да го поднесам.
Искрено, климата е и те како голем фактор, да биде реални, што ќе ти се толку пари кога нема да ги потрошиш, а само сонцето знае да те натера дома да не седиш :)
Јас гледам и друг фактор, а тоа е колку Македонци има во дотичната земја
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.391
Поени од реакции
13.362
Каков разговор и аргументи, да заплаче човек.
Еве јас работам во шанк, и имам плата поголема од онаа што просечното македонче лиже шупак цел живот да ја добие во администрација.
Што сум добила?
Сум добила работно место без да лижам шупак цел живот, затоа што моето достинство нема цена и нема да успее ниедна партија да го купи. Јас сум се одрекнала од живот во сопствената држава, каде што моите ги гледам еднаш годишно, затоа што сум одбила да се вклопам во масата на амеби,кои целиот живот ракоплескаат по митинзи, се возат со автобуси од град во град и се принудени да ги слушаат истите говори на истите митинзи.
Јас не размислувам што ќе правам ако друга партија дојде на власт, затоа што ЈАС самата сум способна да најдам работа, ако треба на Антарктикот ќе отидам ама газ нема да лижам за посрано работно место што стои на стаклени нозе и варира во зависност која партија е на власт.

Јас не се срамам да кажам дека работам во шанк, и дека мојот сопруг работи градежништво овде во Црна Гора. Заработуваме доволно, и повеќе од доволно и двајцата, толку и да ни останат пари на крајот од месецот, значи буквално пари што ни остануваат со кои незнаеме што да правиме, па само ги тргнуваме на страна. Не се крстиме на ниедна пензија од нашите и не се плашиме да имаме деца.

Живееме сами, без свекор, свекрвва, девер, золва и јатрва во една иста куќа под еден ист покрив, јадеме убава храна, а не леб и пинџур секој ден,.
Без разлика на тоа што јас работам во кафич, а тој на градежништво, кога ќе излеземе во град сме јас Госпоѓа, а тој Господин. Имаме пари да си приуштиме пијачка, вечера, и плус да почастиме некој.
Кога би престанала да работам во кафич, би чистела и куќи, ако ми е тоа платено. Се додека не сум принудена да лижам шупак, цел живот клекната на колена, се додека не се крстам во пензијата на свекорот и свекрвата, би чистела и улици.

Не добив ни изгубив ништо, јас кога се преселив од Македонија, си го задржав моето достоинство.
Сега сум среќна, што сум далеку од масата на амеби, што никој не успеал нити ќе успее да ми го испира мозокот, среќна сум што моето суштествување на оваа планета не зависи од ниедна партија ни лидер, и среќна сум што јасно и гласно можам да серам што сакам и за кого сакам. И таму нда дојдам ќе им плеснам во лице на сите што мислам, и од овде можам, не ми преставува никаков проблем.
Живеам мирен и среќен живот, без стресови и нервози, настрана од сите глупи муабети кои морав во Македонија да ги слушам секојдневно, независно дали на ТВ или ИРЛ.
Смири се малце, што сме ти криви ние што сме успеале да се вработиме во администрациja?
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Малку сме што сме независни од политички кризи и состојби, и не се иде лесно на тоа ниво, ама ќе не има човек штом намисли, како викаат каде има волја има и начин
Сепак не се осудувам да ги потценам оние што немаат леб и лек како го набавуваат, се срамам пред Христос за такво нешто.
Не ги почитувам оние што грабаат богатства таков знам еден, маса такви амеби немаме мора амеби и гзолижачи да се однесува на сиромаштијава, тоа е омраза навреда и потценување
 
Не е омраза, навреда и потценување тоа е факт, дека за парче леб ќе си го продадеме газот. Сепак до сега имаше доста избори и луѓето избираат тоа што избираат, можеа и да свртат страна.
Тоа што се манипулирало со гласањето, а никој не протестираше е знак дека така требало да биде. Пак ќе кажам, немаме ние доживеано демократија и видено благосостојба како народ одреден период, па да може да дигнеме глава и смениме нешто.
Инаку омраза, навреда и потценување е кога им се смејат на Грците дека се во криза, дека ЕУ е во криза, а во суштина ние плачеме да имаме таква криза, ужасно силно бараме да имаме барем 10% од тоа што го имаат тие.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
За кого ќе гласаа да биде овде како во странство, дури и неважечките беа манипулирани
А викаш за парче леб, дали си останал без него некогаш?
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
За кого ќе гласаа да биде овде како во странство, дури и неважечките беа манипулирани
А викаш за парче леб, дали си останал без него некогаш?
Да сум бил и голем очај е и луѓето се притиснати, но треба да знаеш, ако не можеш да најдеш класична работа, Македонија е земја што раѓа и може да се прехраниш. Ама изгледа на некој не му се враќа на селските корени и убаво им е во град т.е глумат дека им е убаво.
Барем во историјата на македонија никогаш немало голем глад, секогаш имало барем за јадење
 
Kajgana Shop

На врв Bottom