Што добиваат и што губат оние кои ја напуштаат Македонија?

M

Moon Child

Гостин
@moni_moja морам да навлезам политички за да ти доловам поента.
Бидејќи јас потекнувам од семејство кое нема стаж во ниедна партија, ниту бенефит од иста, сум научила дека лижењето шупаци по штабови не е вистинскиот начин да просперираш во животот. Затоа и сум го одбрала потешкиот пат и никогаш нема да ги разберам штабските лижачи, кои за мене ќе останат амеби, без чувство за емпатија кон сопствениот народ, гледајќи го својот личен бенефит. Затоа и си отидов од Македонија.

Јас, за разлика од просечен штабски пушач, имам развиено свест, и емпатија кон сопствениот народ, кој го гледам како се дави во гомна до гуша, и кого гледам дека партиите го столчиле во животот, се поради тоа што поедини гледале свој личен бенефит.
Ете ги на ФБ, отвори насекаде ги има, ги има и овде, за својот личен бенефит, слепи и глуви пред несреќата на народот, обичниот народ, кој кренал раце низ овие 25 години оној народ кој не зависи од партија, а партија му го крои животот.
Погледни ооклу себе и погледни колку несреќни луѓе држи земјава. Луѓе што својата иднина никаде не си ја гледаат, заглавени до гуша во сопствената безизлезност. На таквиот народ парттиите им ја ебале мајката, а партиите ги гласаат штабските куропушачи поради како што кажав, личниот бенефит.

Сум можела и јас да се зачленам во партија, и да лепам плакати, да ракоплескам на митинзи, но јас не се согласувам со таквиот начин на успех и живот, затоа што околу мене луѓе страдаат поради оние на кои јас би им ракоплескала. Но постои нешто што се вика достоинство, и свест, дел од мозокот со кој рассудуваш што е добро, а што не.

За мене се ништожници оние кои успеале на тој начин, да најдат работа или било каков бенефит. Катран, гној и црнило во општеството, и никогаш нема да се согласам соо таквите, на смрт нека ме осудат, до смрт ќе ги плукам. Затоа што поради нив страдаат луѓе, страдаат Тамари, страдаат поплавени и да не набројувам случаи.
Во таков злочин никогаш нема да учествувам, да гласам некој, да трчам по штабови за да имам ќар, додека останатиот дел од народот се дави.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.025
Поени од реакции
796
Во таков злочин никогаш нема да учествувам, да гласам некој, да трчам по штабови за да имам ќар, додека останатиот дел од народот се дави.
Избегавме од темава затоа престанав да пишувам. Уште овој пост да ви кажам како може да се дојде до ситуација во земјава кај што ќе ти е загуба ако заминиш надвор.
Сметам дека народов е заложник на моменталниве политичари во земјава. Слушавте што викаат по разговорите за уши ќе ги носиме да гласаат и на митинг. Значи народов е заложник.

Сметам дека митинзи штрајкови и избори нема да не решат. Има една добра традиција
Значи земаме од секоја поголема партија по некој 5 -7, од помалите по 2-3, од муслиманите 20% по рамковен
и им ги ставаш главите на камени мост на колец
Златна традиција
Да видите како кој и да избериме после ова ќе води сметка за се.

А мене за избори ми се јавува од штаб многу млада мајка со ужасен сопруг и прашува дали излеговте да гласате, значи приморана е да извади 10-15 куќи за да остане на работа. Таа нема да се збогати, таа им е заложник. За парите за антибиотик и млеко ја држат. И ја разбирам зошто имам останато пред амбуланта со бебето в раце без 120 ден потребни за лекарства од мојот инает дека нема никого да молам и ќе направам нешто од себе. Баш се чудев каква мајка сум јас што не одам да шијам или да работам било што да молам било кого. Тоа бебе имаше 5 години во моментите кога почнав да застанувам на нозе. И за земјоделие и за програмирање и за дизајни и за сопствен фризерски дуќан ти требаат години труд, нерви од коњ и издржливост под екстремни услови. Тоа не го може секој.
 
M

Moon Child

Гостин
Еве ти една ситуација.
Мојата баба 30 години работеше како чистачка во едно основно училиште во Велес. Кога дојде ред да оди во пензија, на клепките и се обеси на директорката на нејзино место да дојде мајка ми, да чисти во училиште, да си го заработи лебот, и да може сестра ми да заврши факултет. Одговорот знаеш кој беше?
Дали е член, и колку долго? Знаеш што значи тоа? Значи дека пред неа некој вече долго трчал за партијата, одел од митинг на митинг. Замисли, за чистачка во училиште. И нормално затоа што не е член, ниту била некогаш, не ја примија да чисти ходници и вециња.
И кажи ми те молам, како човек да не се фрустрира? Како да не ги мрази?
Мојата мајка потоа беше приморана да отиде во Црна Гора да работи, да се мачи како грешен ѓавол, за да може барем една од нас, да заврши факултет.
Сестра ми го заврши факултетот, дипломиран професор по географија, со просек најдобар од останатите студенти кои студираа со неа.
Знаеш каде сега бара работа? Во фабриката во Кавадарци и моли Бога да ја викнат да работи за 10 000 денари плата. Да патува секој ден повратно од Велес до Кавадарци, а завршила факултет да биде професор. На нејзино место ќе дојде некој што со години трчал за партијата, просекот можеби ќе му биде очаен, но ќе работи, затоа што е привилегиран. Тоа е проблемот, и затоа квалитетните кадри бегаат од Македонија.
Повторно избегавме од темата, но поентата ми е да ти доловам дека не е тоа вистинскиот избор, иако мнозинството го практикува. Народот сам си го дозволи тоа со своето продавање, да биде заложник, сам си ја скрои таа судбина. Јас таквиот пат никогаш нема да го одберам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom