Што да не и во Македонија?

Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Супер идеја...ако почне да се спроведува масовно, може да се уклучи и чај или топло млеко, барем додека е зима. Од нас зависи дали ќе се реализира и ќе биде коректно, оти ако чекаме на закони ехеее...значи плаќаш за двајца, седнуваш и си пиеш тоа што си нарачал....предвреме се договараш со некој бездомник или сиромашен да влезе 10 мин после тебе и да гледаш што ќе се деси... ако не му дадат бесплатна пијачка, реагираш....ако тоа не помага трубиш насекаде за какво место се работи, пола од муштериите ќе ги изгуби газдата....значи во ненормална држава, мора да се дејствува на самоиницијативен начин.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Идејата супер, ама на погрешно место. Во Македонија од ова може некој само бизнис да си направи за поголем ќар, ништо друго. Еве мене не ми пречи да платам две кафиња за 80 денари а да испијам само едно, или два леба, но проблемот е што другото што го плаќам газдата парите ќе си ги стави в'џеб а не да го даде на некој што неможе да плати.
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Caffè sospeso во Македонија би функционирало само еднаш годишно и тоа како манифестација од некој си 4-5 часа, најавено однапред од Латас во ударен термин и прогласено од нашиот градски татко Коце за традиција, затоа што кај нас работите што во цел нормален свет се случуваат секој ден ние ги претвораме во манифестации или се прогласени за традиции ,,еве по петти традиционален пат се собравме... и исправме парите"

Менталитетот не ни го дозволува ова. Како што можам да приметам последно време луѓево се етикетираат како никогаш до сега, поготово најсиромашните.
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Го има ова и кај нас само незнам колку се практикува. Ако не грешам солидарен оброк се вика и го има само во одредени ресторани/барови/продавници. Влегуваш си нарачуваш јадење за тебе или за друштвото и плаќате за вас плус едно или повеќе работи кои ке останат во локалот а може да ги подигне некој бездомник.

Во Италија мислам дека почна иницијативава и се викаше pending coffee

Едит
Ама изгледа и не функционира веќе. Страната што е назначена не се отвара. Клик
Последниот пост на профилот на фејсбук е од мај.
 
Последно уредено:

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Ама изгледа и не функционира веќе. Страната што е назначена не се отвара. Клик
Последниот пост на профилот на фејсбук е од мај.
Епа толку е, форминарно 2013, 2014 нешто шуш буш и сега до година 2015 одмараат, добро реков еднаш годишно.[DOUBLEPOST=1414453928][/DOUBLEPOST]
13 мај 2013 завршена прича и тоа се во мај :/
 
Член од
31 јули 2014
Мислења
321
Поени од реакции
314
Па види да платиш 5 кафиња по 80 ден минимум е 400 ден една денвница ,кој македонец со 12 000 плата би се нафатил на ова
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Гледам сите сте скептични. И до некаде во право сте. Поголемиот дел од луѓето кај нас се такви.
Но нели мислите оти има барем малку надеж за вакво нешто да успее кај нас?
Неодамна читав во библиотека некои стари весници.Во нив имаше една интересна рубрика во Нова Македонија каде пишуваше дека еден вид на акција слична на ова кафе соспесо го имало и кај нас во Скопје во периодот после втората светска војна и траело околу 6 години ако добро се сеќавам.Иста акција имало и во Прилеп,а и во Јагодина,Шабац
Во весникот е многу добро опишано како минувала акцијата,а има и околу 20 слики од тоа време.Она што го запомнив добро е дека народот во Скопје бил навистина многу солидарен.

Акцијата се одвивала на тој начин што во секоја самопослуга имало оставено по две кутии.Едната за оставање на пари,а другата за оставање на храна но не оставштина,туку храна која е исклучиво купена во самопослугата.



Но мора да признаеме дека тоа било друго време.Одтогаш структурата на населението во Скопје е тотално променета.Особено последниве 7-8 години.

Власта ги донесе 99% работно способните луѓе во Скопје и тоа на два начина.

Прв тип на луѓе:Дојдоа откако владата им даде субвенции на погрешни луѓе кои ги искористија парите за да си купат станче во Скопје или нива во Марино итн.
Втор тип на луѓе:Работно способни кои произведувале со генерации храна за цела држава па и извоз,но поради немање помош од власта и поради тоа што парите од власта никогаш не завршувале на право место овие луѓе немале друг избор односно биле(се) приморани да дојдат во Скопје по егзистенција т.е опстанок.

Вака со овие мерки ни се наполни Скопјево со луѓе како првиов тип
кои само лежат и дрпаат и од нив неможеме да очекуваме да донираат нешто.Напротив од овој тип на луѓе човек да му е и страв да донира.

Вториов тип на луѓе најчесто гураат некако и едвај преживуваат па навистина е тешко да одвојат дел од својот буџет за донации

Сепак има мислам и луѓе кои би донирале,а сметам дека би имало дури и повеќе но доколку самите тие знаат дека дел од нивниот оброк ќе оди на право место.Чуството дека сте донирале, и дека тоа навистина би му помогнало некому е неопишливо.
Ете мој совет е да се направи истата акција која била актуелна и пред 40-50 години и мислам дека ќе има успех,а особено доколку не се праискористи мислам дека ќе има и те како успех.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Првиот проблем е што бездомник не ни може да стигне до солидарното кафе или оброк, уште на врата го исфрлаат за да не им додева на гостите и припадниците на градскиот крем да можат на раат да го испијат своето кафе или да го изедат својот оброк без да мора да гледаат беда и партали
Гулаб писмоносец[DOUBLEPOST=1414487936][/DOUBLEPOST]Второ и многу поважно
Во последниве 25 години жителите на Македонија (генерално и Балкан) беа жртви на секојдневни и разновидни ИЗМАМИ

Почнувајќи од неисполнети предизборни ветувања

Работниците своите акции им ги дадоја на управување на директорите или им беа купени за минимални пари, за потоа преку ноќ да останат на улица (технолошки вишок, отказ, стечајци), а директорите преку ноќ да станат сопственици на опшествените претпријатија

Пирамидални штедилници од типот на ТАТ

Градешни измами од типот на Фиком каде луѓе се заглавија со кредити, а останаа без покрив на глава

Агенции кои посредуваат за работа на брод, во странство и слично, а кога доволен број ќе уплатат за наводни документи, на агенцијата и се губи траг и глас

Туристички агенции кои рекламираат и нудат незаборавен одмор во вила со 5 ѕвезди, а кога ќе стигнете таму ве сместуваат во колиба без топла вода и основни хигиенски услови

Хуманитарни концерти каде што ангажираните музичари прво го земаат својот хонорар, а ако случајно нешто остане оди за добротворни цели (чест на исклучоци - Тоше беше еден од ретките кои се откажуваше од хонорарот)

Волонтери во Црвен Крст кои собраната помош ја пребираат и она што може да го употребат го носат дома, а бескорисните остатоци ги делат по загрозените граѓани

Луѓе со документи за дете болно од рак, леукемија или друга тешка болест, кои одат од врата на врата и бараат пари за операција, но кога ќе им побараш жиро сметка претпочитаат кеш, а кога ќе налетаат на некој што ги познава бегаат како ѓаво од темјан

Луѓе што собираат донации за изградба на непостоечка црква или постоечка црква, но црковниот одбор од таа црква ниту слушнал за нив, ниту пак овластил некого да собира донации

Жени кои одат од врата на врата и бараат помош за гладните деца, но кога место пари ќе им дадеш храна и облека, се лутат и ја фрлаат

Деца кои бараат 5 денари за леб, но кога ќе им дадеш леб не го сакаат, бидејќи тој што ги принудил да просат на улица ги оставил за пари, не затоа што се гладни

Лажни инкасатори кои ограбуваат постари граѓани

Наградни игри во кои сте добитници на патување, но треба само да го платите данокот кој чини повеќе од цената на патувањето

итн, итн, итн

Просечниот македонец е толку параноичен кога некој му бара помош или пари, што дури кога роденото дете ќе му побара пари за на учииште или за излегување во тоа гледа ЗАВЕРА

Затоа и не е чудно што многумина претпочитаат да им помагаат на бездомните и напуштени животни, отколку на луѓе. Животните не лажат, не прават измами и не ја зоупотребуваат вашата доверба.

Во моите средношколски денови (живот во интернат, со помалку од скромен буџет, повремени гладувања и слично) на меѓуградска автобуска последните пари и ги давам на една жена која проси со своето дете (наместо да купам тост за себе), за потоа истата таа жена да ја видам како пуши Марлборо и пие Кока Кола.
Нормално потоа секоја следна слична случка ја гледаш низ призмата на предходното искуство.

Нормално, ваквите измами не се причина да станете параноични и ДА ЈА ИЗГУБИТЕ ВЕРБАТА ВО ЛУЃЕТО. Доколку во Македонија сметате дека некому е потребна помош, ПОМОГНЕТЕ МУ, но директно, без посредници, агенции, организации, здруженија. Само така вашата помош ќе стигне на вистинското место без да биде ЗЛОУПОТРЕБЕНА.

Ако некој е навистина гладен однесете го на ручек или до најблиската сендвичара, ако некому требаат алишта купете им облека или донирајте ги алиштата што веќе не ги носите, ако некому треба покуќнина купете им или дајте им ја вашата што не ја употребувате. Секоја донација во пари овозможува злоупотреба. Децата просјаци доколку успеат да скријат дел од парите од оној што ги приморува да просат, ќе ги искористат за да купат цигари или лепак. Бездомниците парите ќе ги употребат да купат вино или ракија и слично. Со давање на пари вие само им ја продолжувате аггонијата. Ако сакате да им помогнете бидете луѓе и ПОМОГНЕТЕ ИМ.

Плаќањето на кафе плус само и помага на вашата совест, но не и на луѓето на кои им треба помош.
 
Последно уредено:

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
Дај бе некој од модераторите нека го поправи насловов, во очи ме боде.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.828
Поени од реакции
33.739
Ве гледам се испосравте како не не' бивало како народ, катиљ сме - нема да успее. Па почнете од себе.

Епа ај еве кажи што да променам кај себе? Не сум пензионер и не користам бесплатно возење со автобус за прошетки низ Скопје (BTW ни еднаш до сега не сум се возел без да платам карта), никогаш не сум отишол на место каде нешто даваат гага и не сум полнел торби за дома од истото, особено не кепачи и мајонези од McD, и не сум присуствувал на „појадок на мост“, ниту имам желба да присуствувам. Што од овие навики да променам за да бидам промената што сакам да ја видам во светот?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom