Многу пишале работи кои и јас сум ги правел, секако, порано такви беа времињата. Ми недостига се. Буквално се.
Освен другарите, нема простор тие да ми недостигаат затоа што цел живот се дружам со истите, во исто време не правеле родителите, во иста улица сме се погодиле и таква ми била судбината.
Најголем ќејф имавме кога игравме фудбал по цел ден, возевме точаци во 9 сабајле, а поручек одевме на плажа. Многу рано научив да пливам и по цел ден не излегував од вода. Денес во вода не можам да издржам ни 10 минути, влегувам колку да се освежам и одам под сенка. Годините стегаат кога-тогаш а никој не ми гарантира дека 100ката ќе ја доживеам.
После, ми недостигаат тепачките. Многу гледавме Мортал Комбат и имавме навика да го гледаме филмот и да излезиме надвор и да се скршиме од мавање. После излезе и Мортал Комбат 4 (играта) и по цели денови ја игравме. Не знаевме Fatality како да правиме кога ќе победиме и еднаш еден другар од Гостивар дојде и ни кажа за Куан Чи како е фаталито па сите бевме ќејфови ко да ја откривме Америка.
Во исто време изнајмувавме вестерни од видеотека и сите глумевме дека сме Клинт Иствуд. На панаѓур купивме пиштоли со патлошки и по цел ден на улица изигрававме шерифи. Ако некој го гледал For a few dollars more ако се потсети на сцената со џебниот часовник што свири кога ќе рече тој типот "пукај кога ќе заврши музикава" е тоа го правевме ние и така по цели денови, пресреќни.
Во меѓувреме излезе Mars Attacks! и веќе тогаш почнавме малку да дискутираме за вонземјани и слични работи. Седевме навечер со часови дискутирајќи и фантазирајќи за работи за кои немавме никаква врска.
Крадењето беше посебна приказна. Крадевме сливи, пченки, се собиравме 2-3ца за да крениме карпуз од 10 кила затоа што едни комшии имаа жива вода в двор и имаа обичај тука да го оставаат.
Фаќавме жени за газ, слушавме туристки како офкаат. На лето беше лудници. Најкористената фраза ни беше "прај ми индијанка да се качам да гледам ебење". Секое лето имаше по некој пар низ улицава кој го гледавме
За Василица крадевме дрва за оган од луѓе кои идаа на Василица што беше најтрагично и не знаеја дека со нивни дрва организаториве палат оган ама ајде најбитно беше прасето секогаш.
Одевме на утакмици да го гледаме Охрид. Најакото дерби беше Охрид Велмеј. На стадион од 7 до 77 години. Баби дојдени со сирење и кифли в најлонче, ние копиљаци уште недоквакани, цела Дебрца дојдена навиваше за Велмеј, освен неколку ко нас, па постарите ни правеа филмови од типот "еден ден и Вардар овде ќе паднит" па еве уште го чекаме тој ден. Сонувавме дека ќе станеме големи фудбалери кога гледавме светски, европски првенства.
И ете, денес ги правиме скоро истите работи ама со толку омраза, со толку себичност и нечовечност.
И денес се дружам со истите тие со кои се тепав кога игравме Мортал Комбат и играм фудбал со истите со кои играв порано. Ама сега е поинаку. Сега фудбалите се груби, сега секој сака да биде прв и да се докажува притоа не гледајќи никаква забава. Играме фудбал затоа што место да се истепаме прописно, пичкарски сакаме да искршиме некоја нога.
Па еве, на 28 август Вардар игра кај нас, киното одамна не работи како што треба, луѓето веќе не одат, затворени се дома и по цел ден седат на интернет. Табу темите кои постоеја тогаш денес се нормална работа, а темите тогаш што се сметаа за нормални денес се табу. И оди речи и на некоја дека си заљубен денес. Ќе те пикнат во лудница. А оди речи дека сакаш да се ебиш со нејзе и со сестра и, ќе ти речат "па така требит".
Додека со истата страст ги правам работите кои сум ги правел во детството, тогаш знам дека вреди животот.