Што ви недостига од детството?

Г

Господ

Гостин
Па репутацијата.Имав неколку обиди за убиство,така нешто.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
ми недостига дружбата, кога ќе влезев во училишниот двор, имаше толку другари, се играа најразлични игри, се дискутираше за музика, за игри, филмови, самите си праевме филмови, обожававкога ќе си играме режисери и ќе правиме сценарија на варкрафт,старкрафт, хероес 3 итн. фудбалот се играше секој ден, дали во тревата или пак на главниот терен, игравме и на мали голчиња, ми недостига кога баба ми ко мал ќе ме однесеше на нишалки, таму со едно другарче ќе седиме по цели денови, ќе правиме план како да стигнеме до африка, како да ја рестартираме золошката, сега освен за женско, спорт или некој сериозен муабет друго неможеш да дискутираш, сето тие сега проблем, пари за излегување,пари за на факс, пари за ваму пари за таму, јбг сакам да бидам пак дете :(
 

ање.

хиперактивно дете
Член од
15 март 2010
Мислења
103
Поени од реакции
20
Сите модрици и дупки по колената, сите барбики и кукли кои и ден денес си ги чувам, тортите со кал, нинтендото, крадењето разни глупости од бавчите на комшиите, ми фали that " мамо фрли ми 10 денари" thing, безгрижноста, скромноста и дефинитивно дружењето...
 
Член од
10 јануари 2010
Мислења
113
Поени од реакции
56
најглавното што ми недостига е кога немав никакви нервози и стресој(што без нив не се живејт на денешницава),играњето по цееели деној на нинтендо i playstation,криенка, граница, бриши план, со дедо ко играв ШАХ а немав појма како се играт...само мрдав чоечиња:kesa: , кога се запознавав со другите од маалата, да одам во кино ко ке се Здраво Генијалци, ми беа омилени:) и не знам веке што друго...ак ми притекнит ке напишам:baeh::salut:
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Ахх :) Многу убава тема. Мене ми фали времето кога единствени грижи ми беа размислувањата за тоа со што да се занимавам утредента, што да играме, какви стратегии да смислиме со пријателчињата за да ги поразиме непријателчињата... Ми фали играњето со ластик, смислувањето кореографии на песни од Шакира, ми фали дружењето со сестра ми и пријателчињата од преко пута, ми фали нинтендото и чувството кога ќе ја поминеш 8ма стаза од Аладин... Ми фали киснењето на улица по цел ден, и навечер, за некој миг од друштвото да не се пропушти, јадењето сендвичи надвор, подготвени со главна состојка - љубовта на вујна ми... Ми фали, штркот бара боја, и ми фали црната француска пудлица што ја чувавме 13 години, и што кога бевме деца си играше со нас цело време, ми фали начинот на кој трчкаше, со задните ноџиња идеше полево отколку со предните... Па, да... Прилично ми фали тоа време.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
Ми недостига...се...
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Од детството ми недостига безбедноста која ми ја пружаа родителите и знаењето дека одлуките кои ќе ги направам денес нема да влијаат на мојот живот утре.
 
T

Torchyrus

Гостин
Па вака нешта кои ми недостигаат од детството хмм , ги има многу , но највеќе ми недостига моето друштво од маало и ме радува тоа што баш денеска на овој ден се собравме сите на скара и пиво како во добрите стари времиња , ми недостига играњето на фудбал на мали голчиња кои сами ги изработувавме од дрва по 100 пати во годината бидејќи навечер не ги криевме и ни ги кршеа :kesa: јас како најмал и како најслаб фудбалер секогаш бев голман или трчав по топките :tapp: :toe: , но затоа пак на Нинтендо бев солиден потоа на Sony 1 - Crash Racing и на крај Wining Eleven на Sony 2 доста пати се случуваше да ме тераат сам да си давам голови за да губам , а јас кутриот како најмал морав што да се прави ...:pred: , но сепак беше супер имаше и денови во кои имав и јас свои подвизи .
Лошии сеќавања секако ги има во голем број , но не се повеќе од добрите сеќавања , од лошите кои ми недостигаат се учењето да возам точак и спектакуларните каскадерски паѓања , кршењето на комшиските прозорци со тенгалца и чатали ( нз кој колку знае што се тоа ... ) и многу други такви лудории кои ќе ми одземат уште многу време за да ги напишам тука , а да и најтрагичното сеќавање на кое не сакам да се сеќавам кога поради кладба на еден другар тебаше со воздушна пушка полна со леб да му пукаме во рака :violent1: беше крваво и имаше плачки :pos:.
Добри сеќавања ги има доста секако на пример кога се собравме цела екипа другарите да одиме на ловење на риба бевме солидни се вративме со 4 кг , а џенските беа задолжени за чистењето и пржењето што и не беше баш солдино али океј се признава :pipi: , ми фалат седењето на улица и урлањето до доцните часеви во ноќта и вицовите со Мујо и Хасо :pos2: ехх да ќе го заборавев крадењето на секаков вид на овошки од комшитее среќа штоо членот после мене напомена па имам време да го изменам мислењето :baeh: итн итн да не набројувам повеќе и онака и повеќето нема ни ова да го прочитаат цело бидејки сум сигурен дека и тие имаат дожувувано слични моменти и знаат како е ...
Во главно тоа е тоа како и на секој ми недостигаат тие денови во кои сите бевме безгрижни и едноставно уживавме во животот што ни се пружаше .
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
Крадење зелени сливи и кајсии од комшии,па после бегање и криење :place:ахх се ми недостасува
 

Kajgana Shop

На врв Bottom