Хипокрити - Интересно е до која мера ќе отидат да те убедат во нешто, а после да исфилуваат нова верзија на истото каде важат други правила.
Исто интересно е како - Мислат
едно, зборат
друго, прават
трето.
Ова им е врежано длабоко во нивната психа, филозофија и методи на дејствување во општеството. Научени се
да ги извртуваат правилата и дефинициите (кои најчесто се
нивни правила и дефиниции) за да истите се адаптираат, акомодираат и имплементираат во некоја нова состојба или ситуација. И ова се најчестите луѓе кои судат други.
_____________________
Искористувачи - Ако нешто ме нервира повеќе од хипокрити, тоа се луѓе кои на еден или друг начин те искористуваат за некоја цел.
Материјално, физички, на социјален план, емоционално или на било кој друг начин.
Ги среќавам веќе цел живот и сум изненаден дека се случува доста често таква личност лесно да ме заебе. Најлошо е кога тоа ќе ти го направат кога си во депресивна состојба.
______________________
Сељаци и Шмизли - Ги знаеме сите. Сигурно секој од вас има барем еден/една во друштвото или поширокиот круг на пријатели. Во најмала рака, friend of a friend of a friend.
Сељаци - Знаеме како се пуштаат на жени, со колку жени спиеле, како можат да ја имаат која сакаат, колку пари потрошиле таму и таму, колку нивната кола може да вози, колку добро му стои комбинацијата на облека, а постојано прашува за мислење (а изгледа ко кловн), колку уплаќаат во спортска или во некое казино, најчесто и со кој се тепале по кафани/дискотеки ...
Шмизли - Знаеме колку се разбираат во мода, најнови случувања од областа на шоубизот, каде биле на шопинг, што си купиле (и обавезно го носат со себе да ти го покажат), се лигават на све живо и диво, и натрупуваат кило шминка на фацата каде истата полека почнува да се губи, и во се мора тие да се во центарот на вниманието, обичните смртници не се важни ...
_______________________
Позери - Многу ме иритира кога некој се преправа дека е една личност, а во одредена ситуација имаат друга личност за позирање. Како модели кои позираат со друго парче облека на секое модно шоу. Си создаваат
повеќекратно јас за секоја ситуација посебно, најчесто такви луѓе и немаат свое оригинално јас. И најчесто се микс од било која друга група од оваа тема.
_______________________
Ако некој се најде во горе наведените категории луѓе, запамтете, едноставно мое лично мислење.
Ме нервираат оние кои завршиле некој општествен факс, ко филозофија, филологија, новинарство, менаџмент, маркетинг и слично, а сакаат да бидат третирани ко да имаат високо образование.
Секој со своето.
Исто ме иритира кога погоре наведените се жалат дека не можат работа да најдат, а демек завршиле факс.
Те нервираат факултетите или луѓето? Има разлика. Факултетите си постојат со причина. Исто и науките кои се изучуваат таму. Навредливо и потценувачки е да ги поставуваш работите на начинот на кој ги постави, мислиш дека само науките од останатите факултети се вредни нешто? Ако веќе мораш, обвини ги луѓето за својата некомпетентност, мрзливост и неспособност истата наука која ја студирале со години да ја применат во пракса на работа. Не ги ставај во генерала сите луѓе, па дури и да ги потценуваш и навредуваш самите науки кои се изичувани таму.
Најмногу мрзам некреативни луѓе кои со ништо суштинско не допринесуваат кон прогресот и менувањето на етаблираните затуцани општествени приоритети.
А на кој начин луѓето кои студирале во факултетите кои ги спомна се некреативни и се занимаваат со нешто несуштинско?
Во глобала, да сумирам, се она кое некој го прави, а не е сврзано со некоја егзактна наука или технологија, го сметам за дегутантно и невредно.
А на кој начин лингвистиката, филозофијата, менаџментот, новинарството и маркетингот се невредни?
Знам дека ова не е популарно мислење и дека секој треба да допринесе и да живее на начин својствен и компатибилен со неговите можности и квалитети, но не можам да се ослободам од поимањето на цел тој конгломерат на луѓе, кои не прават ништо со кое човештвото би одело напред.
Тука грешиш. без нив, денешното општество не би било. Се уште ќе живеевме во некое уназадено општество. А истите, имаат способност да го променат на подобро ова општество, да го однесат во друга општествена структура.
Ме иритира и неспособноста и немањето на волја низ светов за поголем ангажман во продуктивни и доблесни истражувачки активности.
Стагнација на секој чекор, немање на желба да се потегнат некои важни решенија.
Жал ми е за она во кое се има претворено човекот. Жал ми е за губењето на потребата да се биде подобар.
Тука веќе се согласувам со тебе, само не знам каква врска имаат гореспоменатите факултети, науки, и луѓето кои ги изучуваат, со тоа што го спомнуваш во овој пасус?