Што ве иритира кај луѓето?

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Дволични,лицемерни,лажговци,луѓе што не си стојат на зборот,арогантни и раздигани и оние кои премногу се мешаат во мој живот и ми попречуваат остваруваше на мојата замисла.Епа толку доста е:smir:
 
A

Alexander Nevsky

Гостин
Дволични,лицемерни,лажговци,луѓе што не си стојат на зборот,арогантни и раздигани и оние кои премногу се мешаат во мој живот и ми попречуваат остваруваше на мојата замисла.Епа толку доста е:smir:

Исто и кај мене уште да додадам мрзам што секој гледа да те заебе дури и најблиските пријатели:nenene::jaj:
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
788
Поени од реакции
23
дудлачи најмногу ме нервираат кога се прават незнам кој оствари се кокошки само што цивкаат....
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
248
Поени од реакции
13
лицемерие, љубомора, љубопитност, кревање на висока нога, арогантност, некултура, несолидарност
 
Член од
10 септември 2008
Мислења
65
Поени од реакции
23
Има многу особини кај луѓето што ме иритираат, но сепак постои една која не се толерира никако. Тоа е потребата на луѓето да го пикаат носот кај што не му е место. Се мешаат во се, прекажуваат некои работи на нивен начин и најлошо од се е што не сфаќаат дека всушност ти прават проблеми со таа нивна потреба од зборување и вмешување..
Имам многу лошо искуство со вакви личности и препорака до сите на форумов, избегнувајте да го правите тоа..
 
Член од
24 јули 2008
Мислења
75
Поени од реакции
3
Ме иритираат луѓе што се прават наивни и дека ништо незнаат а позади грб те оговараат, оние што само купуваат од тебе а ништо не кажуваат, оние што ти се мешаат во лични работи, оние што се прават многу паметни, оние што лажат и те маткаат итн.:duel:
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Ме нервираат оние кои завршиле некој општествен факс, ко филозофија, филологија, новинарство, менаџмент, маркетинг и слично, а сакаат да бидат третирани ко да имаат високо образование.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034

Мене повеќе ме нервираат искомплексирани примероци што се полни со омаловажувања кон „скоро сите“.

Ме иритираат луѓе што „не бркаат работа“.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Мене повеќе ме нервираат искомплексирани примероци што се полни со омаловажувања кон „скоро сите“.

Ме иритираат луѓе што „не бркаат работа“.
Секој со своето.
Исто ме иритира кога погоре наведените се жалат дека не можат работа да најдат, а демек завршиле факс.
Тие факултети се една огромна лакрдија и крајниот резултат од нивното бркање на работа ќе биде некое шлепање кое може и цел живот да потрае.
Најмногу мрзам некреативни луѓе кои со ништо суштинско не допринесуваат кон прогресот и менувањето на етаблираните затуцани општествени приоритети.
Во глобала, да сумирам, се она кое некој го прави, а не е сврзано со некоја егзактна наука или технологија, го сметам за дегутантно и невредно.
Знам дека ова не е популарно мислење и дека секој треба да допринесе и да живее на начин својствен и компатибилен со неговите можности и квалитети, но не можам да се ослободам од поимањето на цел тој конгломерат на луѓе, кои не прават ништо со кое човештвото би одело напред.
Ме иритира и неспособноста и немањето на волја низ светов за поголем ангажман во продуктивни и доблесни истражувачки активности.
Стагнација на секој чекор, немање на желба да се потегнат некои важни решенија.
Жал ми е за она во кое се има претворено човекот. Жал ми е за губењето на потребата да се биде подобар.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Скоро ништо. (damn, не верував дека некад ќе изјавам вакво нешто...ada која ја иритираше и тоа што мнозинството од луѓето воопшто дишат)

Ко што не можам да му се налутам вистински на дете кое е ирационално или прави бељи (може у моментот да ме одземе благ гнев, и уше одма и да помине), така и на упдејтуваната верзија на тие деца, a.k.a возрасни луѓе, не можам да им се налутам и да ме изиритираат.

Ок, се дешава да ми посметаат некои ствари, али тоа е онаква импулсивна реакција, која,кога ќе си го уклучам рациото и малку рационално ќе ја разгледам, исчезнува како меур од сапуница.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Секој со своето.
Исто ме иритира кога погоре наведените се жалат дека не можат работа да најдат, а демек завршиле факс.
Тие факултети се една огромна лакрдија и крајниот резултат од нивното бркање на работа ќе биде некое шлепање кое може и цел живот да потрае.
Најмногу мрзам некреативни луѓе кои со ништо суштинско не допринесуваат кон прогресот и менувањето на етаблираните затуцани општествени приоритети.
Во глобала, да сумирам, се она кое некој го прави, а не е сврзано со некоја егзактна наука или технологија, го сметам за дегутантно и невредно.
Знам дека ова не е популарно мислење и дека секој треба да допринесе и да живее на начин својствен и компатибилен со неговите можности и квалитети, но не можам да се ослободам од поимањето на цел тој конгломерат на луѓе, кои не прават ништо со кое човештвото би одело напред.
Ме иритира и неспособноста и немањето на волја низ светов за поголем ангажман во продуктивни и доблесни истражувачки активности.
Стагнација на секој чекор, немање на желба да се потегнат некои важни решенија.
Жал ми е за она во кое се има претворено човекот. Жал ми е за губењето на потребата да се биде подобар.
Ова се длабоки и суштински вредности и се сложувам комплетно.
Јас имам два факултета (технички) и не ме бива за општествени науки. Немам дарба... Се си има свое... Зарем не те фасцинира кога Братот ќе не упати во некоја историска вистина? И тоа е општествена наука и има своја тежина.

Инаку, да! Се сложувам дека многу иритираат неспособни луѓе (ако притоа се и благо занесени, уффф); ама не се категоризираат по своето образование.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Секој со своето.
Исто ме иритира кога погоре наведените се жалат дека не можат работа да најдат, а демек завршиле факс.
Тие факултети се една огромна лакрдија и крајниот резултат од нивното бркање на работа ќе биде некое шлепање кое може и цел живот да потрае.
Најмногу мрзам некреативни луѓе кои со ништо суштинско не допринесуваат кон прогресот и менувањето на етаблираните затуцани општествени приоритети.
Во глобала, да сумирам, се она кое некој го прави, а не е сврзано со некоја егзактна наука или технологија, го сметам за дегутантно и невредно.
Знам дека ова не е популарно мислење и дека секој треба да допринесе и да живее на начин својствен и компатибилен со неговите можности и квалитети, но не можам да се ослободам од поимањето на цел тој конгломерат на луѓе, кои не прават ништо со кое човештвото би одело напред.
Ме иритира и неспособноста и немањето на волја низ светов за поголем ангажман во продуктивни и доблесни истражувачки активности.
Стагнација на секој чекор, немање на желба да се потегнат некои важни решенија.
Жал ми е за она во кое се има претворено човекот. Жал ми е за губењето на потребата да се биде подобар.
Баш луѓето кои се експерти од општествените области, низ историјата, носеле огромни промени, рушеле и создавале системи и сл.

Инаку, интересно е тоа што говориш за воља, стагнација, немање желба, пасивност...Ништо од тоа не е егзактна категорија, и често е предмет на проучување на науките кои претходно ги дискредитираше. А, затоа што ти тоа го проучуваат, истото и можат да го алтернираат.

Како и да е, од твојот пост повеќе може да се заклучи дека те иритира импровизацијата, непрофесиналноста, бркањето титули, наместо суштина која би застанала зад нив...а, тоа се пројавува во секоја област.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Тоа кога мислат дека сум глуп, а искрено не сум :).
 
^The Cherry^

Proof Of Perfection
Член од
4 јануари 2009
Мислења
163
Поени од реакции
1
Ме иритираат лицемерни луѓе и љубоморни ( жал ми е ама за љубомората нема лек :nenene: ) Луѓе што СЕКОГАШ доцнат и искомплексирани створенија. :helou:
 
Член од
6 август 2007
Мислења
4.063
Поени од реакции
175
.. Луѓе што немаат свој живот, или имаат ама им е целосно упропастен, па се тешат измислувајќи секакви работи за други, кои едвај ги познаваат.
Што е проблемот со нив ? Зошто го прават тоа ? За да привлечат внимание ли ? Или е нешто друго ? Не знам стварно, ама ненормално ме иритираат вакви створења. !

Која глупост еј! :nerv:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom