Психичката колку време ќе те боли? Неколку месеци да речиме. Потоа ќе се навраќаш на таа болка со години, али само на моменти, па ќе те држи неколку дена. Со помин на времето ќе заборавиш. Потоа пак ќе се сетиш, па пак ќе заборавиш. Со тек на време се помалку ќе те боли.
А некој да ти ја отсече ногата што тогаш?Доживотно да бидеш инвалид. Од тој момент натака сите сакале или не ќе те гледаат со други очи. Сакале или не ќе те гледаат со сожалување, со желба да ти помогнат на било кое поле, иако не ти треба таа помош. Физичката болка не ја лечи времето. Се повеќе очајуваш. Ногата никогаш нема да си ја повратиш и никогаш нема повеќе да те гледаат со исти очи.
Не ја гледај физичката болка само како мизерно шамарче или гребнатинка.
не мешај баби и жаби, психичката не е еднаква нити следствена на физичката од истата причина. физичката болка како таква е само хемиски додаток на императивниот заштитен рефлекс, она што предизвикува болка е одговор на отстапување односно спречување. И допирот е физичка болка, во однос на снижување прагот на интензитот може да достигне и непријатна емоционална компонента и силна болка- кон ова, за физичката во споредба со психичката се подцртува заштитната улога на болката, индикатор на одвивање на оштетувањето.
не само кон диференцирање на физичка/психичка, и физичка е посебна кон која регија се работи-кон површината на телото или на внатрешните органи, нема посебна одделност кон интензитетот но има кон лоцирањето, односно болката во внатрешен орган нема дополнителни рецептори за други модалитети на сензибилност, односно таа е реферирана болка се чувствува далеку од вистинското место каде што е предизвикана.
За она што ти кажуваш за дополнително нанесена траума односно по твое психичка болка, се однесува само кон чувство на страв, плачење и потиштеност, интензивната може да предизвика и колапс а доколку премине во шок болката делува прогредирачки.
Но психичка сеедно од кој фактор е настаната не е она што делува соматски, туку на самото его на личноста и секогаш е во присуство и делува потенцијално деструктивно со или без додатни депресиви.