Што боли повеќе, психичката или физичката болка?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа не е болка , тоа е осакатување .. ако глеаш така ако некој ти свирни куршум у глаа ?

И со тоа ако некој ти е исече ногата , тоа не предизвикува психичка болка ?? Ајде ќе помине период , и болка веќе нема да осеќаш на осакатеното место , али секој дне ќе се будиш со таа реалност , тоа ќе ти ја боде психата константно .. Ќе те мавне хронична депресија , тоа ќе те уништи психички .. Замисли си сеа , некој ти го направи тоа на 21 година , и ти во количка ги лгедаш другите како трчаат среќно , шетаат среќно , едноставно стојат на две нози , можат да одат кај сакат .. А ти ? Кажи ми тогаш што ќе те боли повеќе ?

Е веќе сега знаеш дека физичката болка е психичка. За иста работа зборуваш. Дефинирај физичка болка па зборви за неа.
 
Е веќе сега знаеш дека физичката болка е психичка. За иста работа зборуваш. Дефинирај физичка болка па зборви за неа.

Хмм , физичка болка ти е осетот кој го примаат нервните завршетоци на местото на повредата и го праќаат до централниот нервен систем кој го регистрира и му дава сигнал на телото за болка .
 
Хмм , физичка болка ти е осетот кој го примаат нервните завршетоци на местото на повредата и го праќаат до централниот нервен систем кој го регистрира и му дава сигнал на телото за болка .

Тоа е повеќе повреда него болка.
 
Тоа сакав да го видам. Нензнаеш за што зборуваш.

Аман веке со неповрзани муабети со цел да се направете паметни.Ти кажа што е според него физичка болка,а и тоа е,ако имаш различно мислење сподели го.Очигледно ти си тука тој што не знае што зборува.
Тоа со осакатувањето е психичка болка.Физичка е само во моментот,кога ке настане повредата.После тоа,траумите и комплексите од тоа што си инвалид се психичка болка.
 
Или ја сум глуп или не те сфаќам .. али ја нема веза ..
 
Аман веке со неповрзани муабети со цел да се направете паметни.Ти кажа што е според него физичка болка,а и тоа е,ако имаш различно мислење сподели го.Очигледно ти си тука тој што не знае што зборува.
Тоа со осакатувањето е психичка болка.Физичка е само во моментот,кога ке настане повредата.После тоа,траумите и комплексите од тоа што си инвалид се психичка болка.

Ај сеа одново. После физичката болка доаѓа психичката болка. Затоа и темава нема бесмислена. Неможат да се одделат физичката и психичката.

И кога некој ќе ти удри шамар ти имаш и физичка и психичка болка, било тоа дали те удрил некој близок или некој што прв пат го гледаш.

Сега јасно е?
 
Не.
После физичката болка може да има и психичка ама и не мора.На пример ако те удри некој близок,тука најверојатно ке има и од двете,ама сепак нема да те боли толку физичката болка,туку психичката,однесувањето од негова страна и слично.Барем кај мене е така.
Или па ако се удреш сам или не сакајки те удре некој друг,тука нема психичка болка.
Темата има смисла,повеке боли психичката болка оти тоа е нешто што ке го памтеш цел живот и може да оставе длабоки последици врз психата и карактерот на личноста,а додека физичката болка најчесто минува за кратко време.
 
Психичката колку време ќе те боли? Неколку месеци да речиме. Потоа ќе се навраќаш на таа болка со години, али само на моменти, па ќе те држи неколку дена. Со помин на времето ќе заборавиш. Потоа пак ќе се сетиш, па пак ќе заборавиш. Со тек на време се помалку ќе те боли.

А некој да ти ја отсече ногата што тогаш?Доживотно да бидеш инвалид. Од тој момент натака сите сакале или не ќе те гледаат со други очи. Сакале или не ќе те гледаат со сожалување, со желба да ти помогнат на било кое поле, иако не ти треба таа помош. Физичката болка не ја лечи времето. Се повеќе очајуваш. Ногата никогаш нема да си ја повратиш и никогаш нема повеќе да те гледаат со исти очи.

Не ја гледај физичката болка само како мизерно шамарче или гребнатинка.

не мешај баби и жаби, психичката не е еднаква нити следствена на физичката од истата причина. физичката болка како таква е само хемиски додаток на императивниот заштитен рефлекс, она што предизвикува болка е одговор на отстапување односно спречување. И допирот е физичка болка, во однос на снижување прагот на интензитот може да достигне и непријатна емоционална компонента и силна болка- кон ова, за физичката во споредба со психичката се подцртува заштитната улога на болката, индикатор на одвивање на оштетувањето.
не само кон диференцирање на физичка/психичка, и физичка е посебна кон која регија се работи-кон површината на телото или на внатрешните органи, нема посебна одделност кон интензитетот но има кон лоцирањето, односно болката во внатрешен орган нема дополнителни рецептори за други модалитети на сензибилност, односно таа е реферирана болка се чувствува далеку од вистинското место каде што е предизвикана.
За она што ти кажуваш за дополнително нанесена траума односно по твое психичка болка, се однесува само кон чувство на страв, плачење и потиштеност, интензивната може да предизвика и колапс а доколку премине во шок болката делува прогредирачки.
Но психичка сеедно од кој фактор е настаната не е она што делува соматски, туку на самото его на личноста и секогаш е во присуство и делува потенцијално деструктивно со или без додатни депресиви.
 
Раната заздравува, а лошиот збор не се заборава...така да според мене психичката болка повеќе боли...за другите кого како :)
 
Ај сеа одново. После физичката болка доаѓа психичката болка. Затоа и темава нема бесмислена. Неможат да се одделат физичката и психичката.

И кога некој ќе ти удри шамар ти имаш и физичка и психичка болка, било тоа дали те удрил некој близок или некој што прв пат го гледаш.

Сега јасно е?

Ама добро, шо е сеа со ова, океј е да си тинејџер, ама имаш многу теми каде можеш да ја распламтиш својата филозофска фантазија.

Секако дека можат да се одделат физичката и психичката болка, зашо едното значи едно другото друго. Ако сакаш да се праиме паметни, тогаш, не постои психичка болка, психата не постои, тоа е само склоп на нерви, хемиски соединенија и смеси од кој знае што се не во нашите тела кој даваат одредена реакција при акција врз нашето тело. Нормално, реченицава ми држи вода, ама на темава нема никаква смисла.
Договорено е шо значи психичка а што физичка болка, ако не ти е јасно, седи читај, мисли и полека учи.

На темата повторно, различни луѓе, различно ги доживуваат работите. Некому психичката болка му е голем проблем и многу го боли, додека лузните од ножеви не му се никаков проблем.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom