Што боли повеќе, психичката или физичката болка?

its_ok_im_new

brake lights
Член од
24 август 2010
Мислења
402
Поени од реакции
216
Дали сите тепани луѓе се психички стабилни? Тепањето придонесува за психичка нестабилност, влијае на перцепцијата што ја има човек кон себе. Лузните на телото се носат во душата пред се. Не се паметат модриците, туку се памети чувството заради тие модрици.

И физичката болка и психичката болка водат кон психата.
Toa e individualno. Ako si tepan i togas toa kaj tebe pridonese za psihicka nestabilnost, nikogas ne si ni bil psihicki stabilen. E sega na primer dete od malo ako e fizicki maltretirano dodeka seuste ja oformuva taa svoja "psiha" toa e normalno. No sepak zborot mi e, duhot ne go krsi nisto. Psihickata trezvenost e najvazna i retko koj ja ima.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Позабавно е кога на некого му се прави психолошка тортура. Нанесувањето на физичката болка не возбудува толку, ако се претера може до дојде до извесни несакакни последици-крвопролевање и слично кое може да се покаже опасно во смисла заразно-значи не е добро така. Ако мачиме здрав човек тогаш е у ред, нема никаква опасност освен по ушите тоест слухот. А мое омилено е кога се комбинира психолошка мука со дозирана физичка болка-а највише кога човек ќе успее да го натера мученикот сам да се повреди. Тоа е најсупер.

Иначе боли и во двата случаи комбинирано кога е дупло боли. Уствари не знаеме што е дупла болка, пошто не може точно да се измери што е мала а што голема болка. Болка си е болка физичка психичка или комбинирана истотие. :toe:
 
Член од
6 септември 2008
Мислења
1.049
Поени од реакции
367
Физичката може да биде поболна, каде некогаш може да биде извор на Психичка болка ( страдање да бидам попрецизен ). И досега не сум имал таква Психичко страдање за да кажам " ауу колку боли " и во исто време да плачам како мало бебе, е сега ако сте вие толку слаби да неможете сами да се избавите од душевна тортура тогаш ви треба психијатар. Јас возам Ролери па имам неколку добри искуства со Физичка болка ( Добро паѓање ) така да Симнувам капа на Физичката болка.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Да, што повеќе ве боли, психичката или физичката болка?

Или во превод, повеќе ве боли кога нешто ќе се случи, кога некој ќе ве навреди односно повреди, кога ќе ви зададе психичка болка или пак повеќе боли удредната рака, повреденето колено....

Што може полесно да ве натера да пуштите солза? Психичката или физичката болка? Што повеќе може да ве „рани„, да ве „руинира„? Што може да има потрајни последници, физичката или психичката болка?

И на крај мислите ли дека станува збор за ист тип на болка? Може ли психичката и физичката болка да се спореди. Јас мислам-да!
Постојат емоции предизвикани од сетилно дразнење. Често се дешава физичката болка или непријатна дразба што ќе ја осетиме да ја поврземе со моменталната емоционална состојба па да дојде до зголемување на интензитетот на истата. Еве еден школски пример: Ако еве, жената сече кромид, а пред тоа се искарала со мажот, солзите што ќе и течат нема да бидат само од кромидот, некако ќе ги спои двете работи. Или ако гледаш некој филм со тажен крај, и на крај се расплачеш, а пред тоа ти се десило нешто лошо, можеш да ги поврзеш па да плачеш за двете. Мислам дека физичката болка може да предизвика солзи и да влијае на моментното расположение, ама ќе помине. Сеа, зависи и за каква болка се работи. Ако си го удрил коленцето, ќе се измиеш, ќе стаиш некое сретство за дезинфекција и после некое време ќе престане да те боли. Значи лошото расположение во овој случај трае додека трае дејството на дразбата. А кај психичката болка ти нема да плачеш само кога ќе се случи тоа што те повредува. Туку во зависност од тоа колку си способен да ги контролираш емоциите, може да плачеш и секој пат кога ќе помислиш на таа ситуација.
Иако, нели, постојат варијации на интензитетот на болката (и физичка и психичка). Ако, ете си го удриш коленото, ќе те боли додека не ти помине :) Ама, ако имаш да речеме рак, ќе те боли додека не умреш. И исто и со психичката болка. Едно е ако се скараш со дечкото за некоја банална работа и лошо се испонашал, па да те боли додека не ти се извини, а друго е да ти почине блиска личност. Све зависи... Во различни ситуации е различно. Пример ако имам рак, повеќе ќе ме боли тоа отколку ако се искарам со дечкото. И обратно, повеќе ќе ме боли ако ми почине драга личност отколку да си го удрам коленото. Не станува збор за ист тип на болка, ама можат да се мерат :)
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.906
Поени од реакции
11.246
Физичката претежно знае да боли моментално, саат-два, ден-два, додека психичката може да трае месеци, години... Јас викам психичката.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Психичката најчесто предизвикува и физичка, а физчката може да предизвика психичка....У секој случај гадна ствар
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.082
Поени од реакции
588
Од Психичка болка, полошо нема..
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Физичката претежно знае да боли моментално, саат-два, ден-два, додека психичката може да трае месеци, години... Јас викам психичката.
Не вели така другар. И физичката може да трае многу години и да се искомплексираш поради тоа. А тоа значи дека веќе си ја повредуваш психата. Се измачуваш со своите комплекси. Понекогаш физичката повлекува психичка болка.
Ама сепак јас мислам психичката боли повеќе. Така боли се`. Ти ја зема целата сила и не си способен за ништо.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.906
Поени од реакции
11.246
Не вели така другар. И физичката може да трае многу години и да се искомплексираш поради тоа. А тоа значи дека веќе си ја повредуваш психата. Се измачуваш со своите комплекси. Понекогаш физичката повлекува психичка болка.
Ама сепак јас мислам психичката боли повеќе. Така боли се`. Ти ја зема целата сила и не си способен за ништо.
Па исто е, и физичката може да повлече психичка и обратно, али некако шознам за физичката може и лекови да има па д помине а за психичката потешко е малце...
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Па исто е, и физичката може да повлече психичка и обратно, али некако шознам за физичката може и лекови да има па д помине а за психичката потешко е малце...
Друже (претпоставувам може да ти се обраќам вака), не баш. Познавам девојче кое уште како мало има скршен колк и неуспешна операција. Сега едната нога и` е подолга од другата. Знаеш какви комплекси има? Не излегува од дома затоа што мисли дека сите ќе и` се смеат за тоа. Другарки има една-две, маалски. Не може да излезе и да потрча ко сите нормални луѓе. Знаеш колкава болка е тоа за дете, посебно тинејџер ко што е сега таа? Поентата ми беше, не секогаш има лекови. А психичката за да помине, треба многу време и добра терапија. Не мислам само на терапија со лекови.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.906
Поени од реакции
11.246
Друже (претпоставувам може да ти се обраќам вака), не баш. Познавам девојче кое уште како мало има скршен колк и неуспешна операција. Сега едната нога и` е подолга од другата. Знаеш какви комплекси има? Не излегува од дома затоа што мисли дека сите ќе и` се смеат за тоа. Другарки има една-две, маалски. Не може да излезе и да потрча ко сите нормални луѓе. Знаеш колкава болка е тоа за дете, посебно тинејџер ко што е сега таа? Поентата ми беше, не секогаш има лекови. А психичката за да помине, треба многу време и добра терапија. Не мислам само на терапија со лекови.
Абе во секој случај штом се вика болка мора да е лошо... :)
 
K

kalimer0

Гостин
Како што кажа Ali G и двете знаат да бидат гадни но мислам дека на физичката болка сум поотпорен.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.626
Поени од реакции
31.488
bolka e bolka., i dvete se vo interakcija ., neretko ne mozhe da se oddelat edna od druga., i telesnata bolka ostava luzni na dushata ., i dushevnata ostava i toa kakva luzna vo srceto., psihata i percepcija kon okolinata ., i dvete bolki znaat da bidat mnogu bolni., ., aj pak vaka ko povozrasen ., ne se lutete shto ovoa stalno vi go potenciram., sepak psihichkata bolka e polosha ., bidejki vo i so sebe vleche poveke neprijatni senzacii., koi mozhat da traat i cel zhivot., a i vo kontakt so pacientite koi koga ke otvorat dusha ., se gleda deka luznite od psihichkata bolka sepak se podlaboki i poveke bolat.,
 

Kajgana Shop

На врв Bottom