Што би направиле доколку сте "глава" на државата?

Член од
11 јули 2008
Мислења
2.902
Поени од реакции
1.528
- Би легализирал марихуана;
- Би си го сменил името во „Гавранот што пелтечи“;
- Би им дал задача на сите домаќинки да почнат да прават штрудли од горенаведената трефка и би ги делел на штандови поставени на секаде низ земјата. Подоцна тоа би преминало во традиција која ќе се пренесува од колено на колено;
- Би се збратимил со Индијците и како знак на почитување би забранил јадење телешко месо, печење волови на разни прослави итн. Би се јадело исклучиво пилешко и свинско месо;
- Би формирал нова религија која секој граѓанин на мојата држава би морал да ја прими за своја, со која сите би биле еднакви. Би немало потреба од атеисти пошто на сите би им одговарала и не би имало потреба да веруваат во нешто за два метра под земја да имаат брда и долини;
- Би наредил живот во шатори, ќе нема шатори на два спрата, сите ќе живеат еднакво и зависта меѓу луѓето ќе биде сведена на минимум;
- Мојата држава ќе биде позната насекаде низ светот како главен извозник на трефки, чајеви и разно-разни благопријатни супстанци кој растат од почва;
- Движењето на луѓето ќе биде сведено само на градски превоз (доколку се работи за подалечна дестинација) или пеш доколку се работи за поблиска, а луѓето кои веќе имаат сопствени возила би им било наложено да ги продадат и со парите да ја напунат касата на државата за доброто на сите;

Постојат уште многу работи кој би ги напраил, али сеа не ми текнуваат. Патем оние на кои не им се свиѓа сето ова горенапишано би ги замолил да не ми шират демагогии пошто ова е нормално само една фикција во мојот ум која ќе се оствари само кога комшичето под мене ќе стапне на месечината (користам анегдота поврзана со Луис Амстронг, so cool). Во овој еднаков свет можда не би биле најсреќни, највесели, најраспеани, али секако би живееле порамноправно и подобро од сега. Лицемерието скоро и ќе го нема, зависта скоро и ќе ја нема (како што и напоменав погоре).

Како и да е до следното мое обраќање пробајте да го напраите светот како што вие сакате тој да изгледа, пробајте да си живеете во својот свет, во оној свет кој мислите дека е најдобар за вас и за вашата иднина. Ако мислите дека правење зло некому е за вас најдобро правете го тоа, ако луѓето и покрај тоа ви враќаат со добро запрашајте се зошто е тоа така се додека имате време и не се најдете во некој ендек, за подоцна да станете предмет на обдукција. Запрашајте се што заслужувате и секој што ќе се однесува со вас спортовно од тоа како заслужувате пљукнете го, затоа што тој тоа го заслужил, а вам не ви преостанува друг начин да му се заблагодарите за стореното.

До некој побистри времиња кога ќе ми текнат повеќе идеи што би направил за подобар свет, за сите нас peace!
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Би забранила пристап на турбо фолк певаљките во Македонија, а Цеца меца и Јелена Крглушка би ги прогласила за persona non grata и истата музика би ја забранила со закон.:sneaky:

Со закон би забранила некои дејности а најпрво гатачи, бајачи, мајачи, астролози и сл.:vozbud:

Сега за сега толку.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Би забранила пристап на турбо фолк певаљките во Македонија, а Цеца меца и Јелена Крглушка би ги прогласила за persona non grata и истата музика би ја забранила со закон.:sneaky:

Со закон би забранила некои дејности а најпрво гатачи, бајачи, мајачи, астролози и сл.:vozbud:

Сега за сега толку.
Ти симнувам капа :cuc:
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Би ја растурил сдсм како партија сите кои крадат се знае у затвор - кои силуваат на кол обесени - исто и ти што убиле - Ервопска унија не би гледел да влезам - Бидејќи не ни вреди ... А кога би инвестирал би инвестирал би инвестирал во сите Градови а најмн во тие градови каде што нема многу работа бидејќи нормално и треба работа на тие луѓе цел би ми била да имаме силна економија слична на катар... Повеќе би направил да има државни фирми него ли приватни - да се знае дека кога е празник да се седи дома а не да се зафркаваат приватните фирми да се работи и делник и празник... да се има една добро минимална плата од 20.000 ден. а најмногу би инвестирал во Економијата и во Туризмот...
Би направил да има државна фирма со нови Автобуси најнови кои би возела во сите градови - и би била минимална цена... Би инвестирал исто и во Железницата - цените би биле минимални според платата - би ја намилил цената на житото со кое ќе се намалат цените исто како на лебот. како и на други производи а кога се има за јадење премногу сите би биле задоволни зарем не? како и платата кога би била доволна за сите работи за дома и за нешто повеќе би направил Државна фирма која ќе произведува Автомобили со кои би биле по прифатлива цена за луѓето... и би купувале по многу поволна цена... хмммм... друго што би направил би ја намалил цената на струјата,парното,водата... и би направил во сите Градови да биде убаво да живеење и стандардод а не како сега.
Ти мислиш премиерот добива магично стапче за да ги направи сите овие работи.
Повеќето од работите што ги направи се невозможни или со големи негативни реперкусии.
Не можеш туку така на се и сешто да намалуваш цена, си има фактори кои ја определуваат цената.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Ти мислиш премиерот добива магично стапче за да ги направи сите овие работи.
Повеќето од работите што ги направи се невозможни или со големи негативни реперкусии.
Не можеш туку така на се и сешто да намалуваш цена, си има фактори кои ја определуваат цената.
Невозноможно не постои !!!
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
Ти мислиш премиерот добива магично стапче за да ги направи сите овие работи.
Повеќето од работите што ги направи се невозможни или со големи негативни реперкусии.
Не можеш туку така на се и сешто да намалуваш цена, си има фактори кои ја определуваат цената.
Цела тема е во ЧДА стил. Сепак се работи за желби, реалноста е поинаква. :)
 

Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
497
Поени од реакции
280
Прво и основно би ја напавил Битола за главен административен град. Скопје ке си останит економски. Зошто вака како што е тргнато за 15-20 години 80% од популацијата ке живејт Скопје. Мора да се најде решение што порано инаку последиците ке се тешки. Другите градови ке станат села а некои можат и скроз да останат празни. Мора да се превземат мерки за да се постигнит некој баланс. На пример Битола да е главен административен град на Македонија а Скопје и Струмица да се направат економски. Мора да има и еден во источна зошто ипак цело земјоделие е таму.

Второ би ја зголемувал, усовршувал и надоградувал воената структура во Македонија. Сите сме свесни дека сите соседи имаат претензии према нас, ако сме воено доволно јаки никој не би се осудил ни да помисли на тоа. Воениот рок е укинат и то е една ОГРОМНА ГРЕШКА. Никој од младинава нема да знајт да ракуват со оружје. Значи сега во моментов сме лесен плен, ама за 20 години ке сме уште полесен. Покрај професионалната во моментов имаме и резервисти ама тогаш тие резервисти ке ги немаме, ке имаме само луге на возраст од 18-45 години шо не држеле ништо поопасно од тастатура во рацете.

Има еден куп други работи кои треба да се направат ама овие две се најтешки и со најголем приоритет. Мислам за доброто на Македонија.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.357
Поени од реакции
4.879
Сите ќе ги затворам. Горе на Пелистер ќе изградам еден затвор и се таму ќе пикнам. Диктатура на највисоко ниво. Само то за македончето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom