Одев и во втора и во трета (во двете единствени години кога учев основи на електроника) на полагање, и да, не одев сам одев со повеќе од 20 соученици од сите 32 во класот. 99% сигурен сум дека за сите тие часови кога сме ги имале кај него никој никогаш не беше удрен на час, што не значи дека ако лудуваа некои (играа фудбал во ходник, магарица...) на одмори не добиваа следовање... мене знам ме фати со тој до мене и двајцата пред мене игравме покер пред да влези во училница, јбг ни ги скина картите и ни пиша на тромесечие единици ама повеќе не игравме (бар не кај него

) Тогаш (98/99 и 99/00) кога јас бев втора и трета сеуште имаше вредност единицата, сега убеден сум дека мора да смислил други начини за да бидат мирни сите, тогаш полагаа (и ги пушташе на прво или второ полагање и со празни листови што се вика ) ама бар цела година си немаше проблеми додека часовите течеа. Е сега е друго време, повеќе единицата нема никакви значење, или вака или така мора да има тој (тапчото ученик) прелазна, не смее да ги избрка од час па зоа верувам дека физичката закана веќе е мерката за одржување на ред и дисциплина... И да, Мечо годинава оди под пензија нека се радуваат сите што учат во РРР.