Здраво, дали некој знае што значи кога на ехото на тироидната има црни кругови и постојана болка во пределот на тироидната жлезда т.е долниот преден дел на вратот, гадење, вртоглавици и постојано слабеење ?
... зарем ендокринлогот што ви направи ехо не ви кажа ништо освен „црни кругови“? зарем до сега ендокринологот не ви препорача лабораториско испитување на хормоните на штитната жлезда (матичниот доктор) за да ви каже дека се има проблем т.е. хипертироидизам со можност на лоцирани нодули што може има потреба од итно земање на исклучиво „propiltiouracil “дури и можеби поагресивен пристап со хирушко остранување (тироидна лобектомија) ?
... и спас се наоѓа во прашување на форум дали некој знае?
ај да пробаме приближно да одговориме, сликата лево, ако има само еден „црн круг“ како што е и десната слика само еден „црн круг“ тоа е „попречен пресек“ од крвен сад што нормално го има во штитната жлезда (C=carotid artery)!
десната слика горе има „ црно издолжено со попречни бели линии„ обележено со „м“ е мускулно ткиво (m=muscle), и на средина поголем круг црн со попречни белии линии со назначено од лево до десно со „ +“ тоа еден нодул!
...нодули можат да бидат цисти исполнети со течност, бенигни целуларни или колоидни аденоми, фоликуларни аденоми со автономна функција или примарни тироидни карциноми, би рекле да најголемиот дел од тироидните нодули се бенигни и немаат потреба од терапија освен тие кои функционираат автономно и може да предизвикаат манифестен хипертироидизам при што ТСХ е во рамките на долните референтни вредности!
...лево сликата има еден „црн круг“преставува крвен сад (CCA common carotid artery), до него како издолжен „црн круг“ исто е крвен сад (IJV internal jugular vein), после тоа исто црното поле означено со црвена стрелка е нодул (8 mm lymph node)...десно сликата се гледа зголемен лев лобус на тироидната жлезда со хетерогено паренхимно ехотектура, нодули и цистични делови во согласност со мултинодуларна гушавост!
... како и да е, мултинодуларните жлезди ретко малигнизираат, но нодулите кои брзо растат бараат следење (естетски промени, потешко голтање, потешкотии во дишењето, болки на врат), додека сериските мерења на серумското ниво на тироглобулинот овозможува следење на пациентите со тироиден карцином, при што зголемени нивоа сугерираат повторни испитувања!