Штитна жлезда и проблеми со неа

  • Креатор на темата NeMiRnA
  • Време на започнување

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.816
Поени од реакции
29.401
Здраво, темава е релативно нова за мене, сѐ ми се случи многу брзо, ве прочитав сите до буква, ама никаде не сретнав проблем како мојот. Ме оперираа пред точно две недели, ми ја отстранија целата тироидна жлезда. По операцијата гласот ми е фатен и постојано имам чувство на стегнато грло. Има ли некој сличен проблем. Се прашувам колку време ова ќе трае и дали воопшто ќе пушти гласот. Имали некаков постоперативен третман за решавање на овој проблем?
,,,, M
@Milanano pishi i na@bijons ima da ti objasni se nadolgo i nashiroko,,onaa vo pogornite postovi sho igra biljardez kiloti,,,poslushaj me,,,
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Пишете кои симптоми навестуваат дека имаш некаков проблем со жлездата и што може да биде иницијатор за нејзино заболување.
 
Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Пишете кои симптоми навестуваат дека имаш некаков проблем со жлездата и што може да биде иницијатор за нејзино заболување.
Нагло здебелување/слабеење, здебелен врат, испакнати очи, паѓање коса, кршење нокти, несоница, потреба од повеќе сол и сл.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Нагло здебелување/слабеење, здебелен врат, испакнати очи, паѓање коса, кршење нокти, несоница, потреба од повеќе сол и сл.
@RebelMk
Да ... нагло здебелување, јас откако добив хипотиреоза се здебелив скоро 20 кг за само неколку месеци иако целиот свој живот претходно сум бил екстремно слаб/потхранет со BMI(<20) во средно бев само 48 кг, потоа периодот од 18-30 години бев помеѓу 50-60 кг за да откако добив хипотиреоза лани на 30 год. скокнав за само неколку месеци од 60ина на скоро 80 кг иако јадам исто па дури и помалку од претходно !
Пијам еутирокс 50 мг на ден но и покрај тоа што како што кажав и претходно јадам исто па дури и помалку од порано јас и понатаму сеуште добивам на килажа и страв ми е да се качам на вага, што е доста чудно бидејќи цел живот бев потхранет, ребра ми се броеа и пливав во панталоните и мајците и сега одеднаш од потхранетост директно во гојазност, незнам дали и некој друг има вакво искуство со толку брзо дебелеење, скок од потхранетост во натхранетост за само неколку месеци !
Да хипотиреозата дава и други симптоми покрај наглото дебелеење, опаѓање на косата, екстремно сува кожа (перутење и чешање на кожата), несоница, брзо заморување т.е. неможност за скоро никаква физичка активност и.т.н.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
63
Поени од реакции
19
Имам Хашимото-Хипотиреоза.
Пијам терапија (Еутирокс од 50) веќе неколку месеци. Лекарот ми рече дека веднаш ќе осетам намалување на килажата. Ништо не се случи. Зошто така?
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Имам Хашимото-Хипотиреоза.
Пијам терапија (Еутирокс од 50) веќе неколку месеци. Лекарот ми рече дека веднаш ќе осетам намалување на килажата. Ништо не се случи. Зошто така?
Jaс цел живот бев коска и кожа пишав и погоре во средно бев 48 кг потоа периодот од 18-30 год. бев 50-60 кг и потоа откако добив Хашимото-Хипотиреоза за само неколку месеци скокнав од 60ина на скоро 80 кг и толку веќе прекинав да се мерам на вага бидејќи ми е страв иако пијам еутирокс скоро година дена имам чувство дека и понатаму се поправам т.е. се дувам уште повеќе и веќе на вага не се качувам !
Ај тоа него воопшто не се чувствувам подобро со еутироксот пак сум утепан уморен и малаксан скоро секој ден исто, се поправам а јадам по една до две кришки леб на ден само, повеќе сум на салатки последно време, месо и такви ствари помалку и поретко јадам од претходно, кафињата ги редуцирав од 5-6 до максимум 2 на ден, цигарите во целост ги отфрлив, алкохол ниту пијам, ниту пак сум пиел, но џабе !
Порано пешачев по неколку километри на ден, исто така и често пати возев точак со километри, сум се искачувал и по висински места ридови и планини, не сум чувствувал скоро никаков замор, сега се уморувам одејќи и до најблиската продавница или автобуска станица, она чувство на брз замор, тешко дишење, брзо чукање на срцето, вртоглавица, заматен вид, брзо потење, тресење на рацете и нозете, гадење и нагон за повраќање и.т.н. и.т.н. докторите викаат ништо не ти е млад си на нервна база е се !
 
Страшно... Многу чудно, исто и јас се чувствувам ко шо рече ти. Ништо не ми е подобро од претходно, од пред да почнам со терапија...
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
Селениум и јод без нив кај добар дел од случаите е така
 
Член од
22 јули 2012
Мислења
115
Поени од реакции
30
Тука читам за нагло дебелеење, кај мене се јави нагло слабеење и ми е покачен тироксинот на 6,6 а,тоа,другото0,5 па ако сака некој да ми објасни околу исхраната фала на секоја информација
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
Тука читам за нагло дебелеење, кај мене се јави нагло слабеење и ми е покачен тироксинот на 6,6 а,тоа,другото0,5 па ако сака некој да ми објасни околу исхраната фала на секоја информација
Не јади процесирана храна, бегај од глутен - теста и слични работи, намали колку можеш повеќе животински протеин, и благо.

Суплементирај јод и селениум, но умерено, 100mcg селениум на 2 дена, и 150mcg јод на 2 дена.
 
Ти благодарам на советот, само незнам дали јод и селениум го има во аптеки или во некоја храна поздрав.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
Ти благодарам на советот, само незнам дали јод и селениум го има во аптеки или во некоја храна поздрав.
Најдобро е од надвор, ако зимаш од тука гледај да биде од пивски квасец - суплемент. Јодот треа да биде во форма на калиум јодид.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.798
Поени од реакции
35.159
Ти благодарам на советот, само незнам дали јод и селениум го има во аптеки или во некоја храна поздрав.

фемибион , доволно витамини и 150 мцг Јод за да пијам секој трет ден ,

и селениум исто на секој трет ден , и што е најважно хранта ја посолувам „тазе“ пред да јадам само со сол од Алкалоид кој ми гарантира јодираност !
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Тука читам за нагло дебелеење, кај мене се јави нагло слабеење и ми е покачен тироксинот на 6,6 а,тоа,другото0,5 па ако сака некој да ми објасни околу исхраната фала на секоја информација
Нагло дебелеење (како кај мене на пр.) е поради хипотиреозата, ти штом нагло слабееш сигурно имаш хипертиреоза !
Јас имав TSH >75.0 a FT4 10.0, антителата ATP-O 200 и нешто ... ми рекоа Хашимото Хипотиреоидизам и веќе цела година пијам еутирокс 50 мг на ден !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom