Штитна жлезда и проблеми со неа

  • Креатор на темата NeMiRnA
  • Време на започнување
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Вака, не се разбирам многу во оваа работа и како функционира болеста, веројатно како доктор имаш повеќе познавање во оваа проблематика.Од ова видео го добив податокот за тоа кај колку проценти од луѓето се лекува болеста без оглед на тоа што правиш или не правиш. (од 6 минута) .Исто така докторот, го посочи јодот како штетен суплемент а селениум како добар при ова зболување (ако воопшто може да се влијае некако, што донекаде е и контрадикторно)
... има доктори и доктори... има предавања и предавања... слушни ја Dr Sherry Tenpenny!
...Dr Sherry Tenpenny што значи Јод и Селениум (Селен)!
Родољуб Ристиќ !
...дали ги лечиме само последици или ги лечиме причинителите за пореметување на штитната жлезда и на Hashimoto Tireoiditis!
 
Последно уредено:

DD`

Член од
9 јануари 2019
Мислења
13
Поени од реакции
4
Здраво, ме итнересира дали кај некој се јавиле несакани ефекти, по земањето на еутироксот, како вртоглавици, лошење, потешкотии во стомак, а притоа и тсх-то да е зголемено, наместо намалено. Фала ви.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Здраво, ме итнересира дали кај некој се јавиле несакани ефекти, по земањето на еутироксот, како вртоглавици, лошење, потешкотии во стомак, а притоа и тсх-то да е зголемено, наместо намалено. Фала ви.
... телото не сака помалку (дефицит) ниту сака повеќе (суфицит) зборуваме за било што, па и за лачењето на жлездите конкретно штитната жлезда! Секоја штитна жлезда кога велиме има пречки во активноста, лачи повеќе или помалку (во твој случај) на тироиден хормон Т4 (тетрајодтиронин- тироксин) и наместо да се третира со ЈОД поради тоа што сме ендемско подрачје со дефицит на јод во храната, земја, вода ендокринологот решил да те третира директно со готов синтетски хормон Т4 внесен вештачки преку уста во вид на таблета токму таа што ја пиеш т.е. Еутирокс,
рековме телото си сака точно хормонче, ни повеќе ни помалку Т4, а кој може секојдневно да ти ја погоди дозата од хормонот? некогаш повеќе некогаш помалку ќе ја имаш во тебе, затоа што твојата штитна жлезда некои денови лачи доволно хормон Т4, додади го и дополнителниот хормон од надвор по вештачки пат како лек Еутирокс ете ти во тој период вишок на Т4 што прави проблеми кои ги чувствуваш како несакано дејство, а телото е збунето и почнува да дава наредба мозокот да се лачи повеќе ТСХ мислејќи дека несакани реакции на телото е поради од дефицит- недостаок на хормон Т4, а всушност ти имаш суфицит- вишок на хормон Т4!
...ете затоа штитната жлезда треба да се третира со јод внимателно, отколку на готово да се даде Еутирокс, ама тоа е долга и макотрпна работа, кој доктор(ендокринолог) ќе се занимава со такви финеси? Никој! барем не кај нас а богами и во поширока околина!

тестирањето со јод на кожата да после 24ч се изгуби или не нанесената јодна флека, укажува на еден домашен тест дали телото „му недостасува јод“ со што ќе го „упие“ од површината на кожата!
 
DD`

Член од
9 јануари 2019
Мислења
13
Поени од реакции
4
Еве ме пак. Упорно докторот да се пие еутироксот и ми го намали на 25мг. И после 3 месеци имам големи мачнини, стомакот ми се дуе, ме боли желудник, ме болат градите, не можам да спијам. Испитав други работи нема ништо. Не знам што да правам. Не знам дали е од еутироксот или не, но нема други показатели и претходно не ми беше ништо. Докторот е упорен ради тоа што смета дека од тироидата е и аденомот, а за тоа не ми дава лекови. (пробав со индиски ореви, алергична сум, пробав со селен од 4.7 на следното исптување тсх-то 11 беше) Некоја препорака или препорака за доктор?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Некоја препорака или препорака за доктор?
... препорака за доктор за проблемот околу штитна жлезда? кој ендокринолог „лечи“ ? и по кој знае пат ќе кажам, тоа е тешка и макотрпна работа да лечи и излечи проблеми со штитна жлезда (било хипо било хипер состојба) сите само ги лечаат последиците од тие две состојби на штитна жлезда со давање различна доза на готов хормон и ништо друго! готовиот хормон орално само го дополнува местото на природниот хормон што треба да природно да се излачи од штитната жлезда, но никој не знае кога треба колку треба или дали воопшто треба некој ден да се даде хормон, така да секој „вишок“ на хормонот во телото прави различни здравствени проблеми кај различни индивидуи манифестирани на различен начин, како е случај кај тебе!
... сигурно кај тебе е субклинички случај т.е. ФТ4 и ФТ3 како хормони на штитна жлезда во слободна форма како биолошки активни ти се во референтна граница, а ти варира само ТСХ ? така ли?
...ама изгледа само се повторувам, а ти пак кога имаш мака пак бараш совет за ист проблем!
а како стоиш со калциумот?
Докторот е упорен ради тоа што смета дека од тироидата е и аденомот, а за тоа не ми дава лекови. (пробав со индиски ореви, алергична сум, пробав со селен од 4.7 на следното исптување тсх-то 11 беше) Некоја препорака или препорака за доктор?
... структурните промени на тироидната жлезда може да доведат до пореметена функција како што се токсична мултинодозна струма и токсични јазли (аденоми) кои доведуваат до хипертиреоза,
Упорно докторот да се пие еутироксот и ми го намали на 25мг.
и како не ти дава лекови? па ти веќе пиеш лек ?
 
Последно уредено:

DD`

Член од
9 јануари 2019
Мислења
13
Поени од реакции
4
... препорака за доктор за проблемот околу штитна жлезда? кој ендокринолог „лечи“ ? и по кој знае пат ќе кажам, тоа е тешка и макотрпна работа да лечи и излечи проблеми со штитна жлезда (било хипо било хипер состојба) сите само ги лечаат последиците од тие две состојби на штитна жлезда со давање различна доза на готов хормон и ништо друго! готовиот хормон орално само го дополнува местото на природниот хормон што треба да природно да се излачи од штитната жлезда, но никој не знае кога треба колку треба или дали воопшто треба некој ден да се даде хормон, така да секој „вишок“ на хормонот во телото прави различни здравствени проблеми кај различни индивидуи манифестирани на различен начин, како е случај кај тебе!
... сигурно кај тебе е субклинички случај т.е. ФТ4 и ФТ3 како хормони на штитна жлезда во слободна форма како биолошки активни ти се во референтна граница, а ти варира само ТСХ ? така ли?
...ама изгледа само се повторувам, а ти пак кога имаш мака пак бараш совет за ист проблем!
а како стоиш со калциумот?

... структурните промени на тироидната жлезда може да доведат до пореметена функција како што се токсична мултинодозна струма и токсични јазли (аденоми) кои доведуваат до хипертиреоза,

и како не ти дава лекови? па ти веќе пиеш лек ?
Значи побарав искуство за нетолеранција на еутирокс. Фала богу знам што е хипо и хипер. Не пишав никаде некој да ми објаснува што е хипотироидизам. А за лек мислев за покачен пролактин. Затоа што хипо може и да биде од хипофизата. Варира само тсх и пролактинот. И ужасно ме нервираат нуспојавите.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Значи побарав искуство за нетолеранција на еутирокс. Фала богу знам што е хипо и хипер. Не пишав никаде некој да ми објаснува што е хипотироидизам. А за лек мислев за покачен пролактин. Затоа што хипо може и да биде од хипофизата. Варира само тсх и пролактинот. И ужасно ме нервираат нуспојавите.
... ааааа така ли? тогаш се извинувам што воопшто одговорив штета што нема опција да си го избришам постот или барем да си го избришам твоето цитирање!
...а тоа што мислиш никој не го гледа на волшебна кугла, и како ги поминав повторно твоите коментари никаде не е спомнато „пролактин“ ...
ме болат градите, не можам да спијам.
... но, ете признавам дека не сум знаела дека „болки во градите“ значи покачен пролактин!
... и ти немаш „нетолеранција на еутирокс“ туку имаш предозирање на еутирокс, ама нема врска ти и онака све повеќе знаеш!

Член од
18 септември 2019
Мислења
7
Поени од реакции
0
Здраво, дали некој знае што значи кога на ехото на тироидната има црни кругови и постојана болка во пределот на тироидната жлезда т.е долниот преден дел на вратот, гадење, вртоглавици и постојано слабеење ?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Здраво, дали некој знае што значи кога на ехото на тироидната има црни кругови и постојана болка во пределот на тироидната жлезда т.е долниот преден дел на вратот, гадење, вртоглавици и постојано слабеење ?
... зарем ендокринлогот што ви направи ехо не ви кажа ништо освен „црни кругови“? зарем до сега ендокринологот не ви препорача лабораториско испитување на хормоните на штитната жлезда (матичниот доктор) за да ви каже дека се има проблем т.е. хипертироидизам со можност на лоцирани нодули што може има потреба од итно земање на исклучиво „propiltiouracil “дури и можеби поагресивен пристап со хирушко остранување (тироидна лобектомија) ?
... и спас се наоѓа во прашување на форум дали некој знае? :facepalm:

1568817453274.png 1568817506307.png

ај да пробаме приближно да одговориме, сликата лево, ако има само еден „црн круг“ како што е и десната слика само еден „црн круг“ тоа е „попречен пресек“ од крвен сад што нормално го има во штитната жлезда (C=carotid artery)!
десната слика горе има „ црно издолжено со попречни бели линии„ обележено со „м“ е мускулно ткиво (m=muscle), и на средина поголем круг црн со попречни белии линии со назначено од лево до десно со „ +“ тоа еден нодул!
...нодули можат да бидат цисти исполнети со течност, бенигни целуларни или колоидни аденоми, фоликуларни аденоми со автономна функција или примарни тироидни карциноми, би рекле да најголемиот дел од тироидните нодули се бенигни и немаат потреба од терапија освен тие кои функционираат автономно и може да предизвикаат манифестен хипертироидизам при што ТСХ е во рамките на долните референтни вредности!

1568818510973.png 1568820435080.png

...лево сликата има еден „црн круг“преставува крвен сад (CCA common carotid artery), до него како издолжен „црн круг“ исто е крвен сад (IJV internal jugular vein), после тоа исто црното поле означено со црвена стрелка е нодул (8 mm lymph node)...десно сликата се гледа зголемен лев лобус на тироидната жлезда со хетерогено паренхимно ехотектура, нодули и цистични делови во согласност со мултинодуларна гушавост!
... како и да е, мултинодуларните жлезди ретко малигнизираат, но нодулите кои брзо растат бараат следење (естетски промени, потешко голтање, потешкотии во дишењето, болки на врат), додека сериските мерења на серумското ниво на тироглобулинот овозможува следење на пациентите со тироиден карцином, при што зголемени нивоа сугерираат повторни испитувања!
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Jaс веќе две и пол години пијам еутирокс од 50mg секој ден поради тоа што ми открија Хашимото хипотиреоза, но и покрај тоа што тироидните хормони ми се во нормални граници се чувствувам потполно исто (како да ме акнал воз) како и пред да почнам да го пијам еутироксот :X3:
 
... две години пиеш иста доза? а што вредност си имал на антителата, па те прогласиле за Хашимото синдром?
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
TSH >75 ATPO 200
Hashimoto ми беше утврден откако на патофизиологија жлездата ми ја гледаа со ехо и докторката рече типична Хашимото хипотиреоза.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Повеќе од седумдесет и пет, да за TSH зборам !
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
...сакаш да кажеш дека ТСХ ти е повеќе од 75, а Т3 и Т4 ти се во нормални граници, а антитела ТПО ти е 200 ?
... искрено, докторите кај нас (ендокринолози) испитувајќи ја антитироидна антитела кај пациентот со некоја повисока вредност од насочената нормална вредност веднаш го дијагностицираат пациентот со Хашимото! на жалост не сретнав некој доктор да дебатира во друг правец!
...постојат два типа антитела
1. Антитела на тироидната пероксидаза (АTPO).
2. Антитела на тироглобулин (АTg)
за вистинскиот синдром Хашимото ќе укажеме кога антитироидната антитела (два типа) продираат во штитната жлезда и предизвикуваат уништување или оштетување на ткивото на тироидната жлезда, НО, ПАЗИ СЕГА, присуството на овие две антители во крвта НЕ МОРА да укажува на тоа дека тироидната жлезда е оштетена или ќе биде оштетена!!!!
...овие две антители имаат имиња поврзани со тироидната жлезда, НО, ПАЗИ СЕГА, =тие имаат многу функции што немаат никаква врска со тироидната жлезда!!!
... едноставно откривање на присуство на антитела против тироидната жлезда не е доволно за да се потврди дијагнозата, единствениот начин правилно да се утврди дијагнозата е да се направи биопсија на ткивото на тироидната жлезда за да се пронајдат физичките знаци на оштетување!
... еве на пример дали го имаш испитано естрогенот и Витамин Д ?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom