Штип

Член од
30 мај 2008
Мислења
830
Поени од реакции
27
тачно!
а по карактер, ко менталитет ЕВРЕИ! а има и други епитети... змијарник, пекол, клет град (според народо), а иначе по структура... угоре удоле ни за штикла ни за точок, а не па за ролери, ноќен живот од 1 до 5 = 2ка.....
E vo pravo si.Ima kafici i diskoteki,no tesko da se stigne do niv.Covek da se ispotepa po neramnite ulici.I za mene kako vozrasna voopsto ne mi se dopaga nokniot zivot,zosto go nema.Ne znam sto mladite baraat sekoja vecer da izleguvaat koga e ziva dosada sekogas da se srekavaat isti faci.
 

Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.543
Поени од реакции
167
Ако научите да возите во Штип,директно можете да идете на Париз-Дакар релито оти нели улиците ни се такви :)
 

пробистипка

малечка
Член од
13 август 2008
Мислења
2.026
Поени од реакции
130
јас го обожавам штип и идното место на живеење ми и е токму штип.Тој веке стана центар на источна Македонија има се што му е потребно на младиот народ а сега со отварањето на факлутетите градот повторно заживеја.:toe:
 

BoR4e

Manchester United
Член од
28 февруари 2008
Мислења
2.384
Поени од реакции
36
утре одам за штип на утакмица и да виим мош има нешто сменано
 

WondeR`

Дипломат
Член од
2 февруари 2008
Мислења
156
Поени од реакции
5
Економија и образование

Градот Штип во минатото и денес важи за град - центар на текстилната индустрија во Македонија. Некогашните текстилни комбинати-гиганти „Македонка“, „Астибо“ по распадот на СФРЈ и паѓањето во стечај, денес се поделени на повеќе приватни текстилни фирми кои успешно пласираат производи на домашниот и странските пазари. Во Штип исто така е развиена и чевларската индустрија, во која денес спаѓаат повеќе приватни фирми на местото на некогашниот комбинат „Баргала“. Особено голем е развојот на прехрамбената индустрија која исто така во најголем дел е во приватна сопственост како што се повеќето приватни масларници (меѓу кои најпозната е „Брилијант“), кондиторски фабрики (за слатки, кремови итн.), млекарници и приватни винарски визби („Имако“ и др.) кои успешно го преработуваат грозјето од штипско-виничкото виногорје. Сепак во градот има голем број на невработени стечајци, поранешни работници во текстилните комбинати.
Во градот работат и повеќе гимназии, стручни и музички училишта. Од 2007 година во Штип е формиран и четвртиот државен универзитет Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. Во состав на универзитетот влегуваат рударско-геолошкиот факултет, педагошки факултет, факултет по информатика, економски факултет, факултет по музика, виша медицинска школа, правен факултет во Кочани и земиоделски факултет во Струмица.

Архитектура и локалитети

Штип има еден добро зачуван манастир од 14 век и рушевини од неговиот стар замок кој го надгледува градот од ридот Исар. Безистенот, масивна камена градба која порано била затворен пазар (но сега е уметничка галерија),е остаток од исламското влијание во градот. Во старите делови на градот (и особено во населбата Ново Село) некои куќи се градени по стар македонски стил на архитектура. Градот под Исарот ги има и лековитите сили на бањата Кежовица, како и рушевините на античкиот град Баргала.

Уметност и култура

Штип е домаќин на најголемиот фестивал на забавна музика во Македонија, Макфест. Тој се одржува веќе преку две декади, секој ноември во културниот центар "Ацо Шопов". Другиот поголем културен настан е Штипско Културно Лето, фестивал кој трае цел месец и се одржува од 1ви јули до 1ви август, почнувајќи од 1987.[1].

Медиуми

Штип е богат со различни медиумски установи. Првата приватна телевизија во Македонија, „ТВ Теко“, е формирана во овој град. Денес се активни телевизиските станици „ТВ Ирис“ и „ТВ Стар“. Штип е дом и на повеќе радио станици, меѓу кои се истакнува „Канал 77web site, првата приватна радио станица која моментално има проширена мрежа низ североисточниот дел на земјата. Други поважни станици се "Радио Штип" web site и ромската станица „Радио Черењаweb site. Локалниот весник се нарекува „Штипски Весник“.

Маала

Штип е поделен на многу маала, две од нив се Леваците и Деснаците, ситуирани на левата и десната страна од горниот тек на реката Отиња. Отиња тече низ центарот на Штип и го дели на два деле пред да се влие во реката Брегалница во јужниот дел на градот, во Штипско Ново Село. Штипско Ново Село е во јужниот дел на градот, и продолжува во Кежовица маало кое се простира до Кежовица минералните геотермални извори. Ново Село е едно од најстарите маала, и за време на турското ропство било единствен дел од Штип каде живееле Македонци, додека во останатиот дел од Штип живееле претежно Турци, Власи и Евреи. Истовремено е познато и како селото во кое дел од својата просветителска дејност ја поминал познатиот македонски револуционер Гоце Делчев.
Централниот дел на Штип, помеѓу Трговскиот Центар и Градската Црква обично не се води како маало, а се нарекува едноставно Центар. Исарот е друго интересно маало на падините на истоимениот рид и има најубав поглед на целиот град. Интересно маало е и Раданскиот пат каде претежно живеат припадници од Ромска националност. Од останатиот дел на градот од постарите маала се и Стар Конак (близу до музичкото училиште) и Кадидере. Од поновите маала изградени претежно по Втората светска војна се Осми Ноември (според денот на ослободувањето), Сењак (1-4) Пребег, Дузлак и други.

Познати личности

За автоматски генерирани листи на лица родени или починати во Штип, погледни: Категорија:Родени во Штип и Категорија:Починати во ШтипЗа мануелно оджувани листи на лица родени или починати во Штип, погледни ги статиите: Родени во Штип и Починати во Штип
 

WondeR`

Дипломат
Член од
2 февруари 2008
Мислења
156
Поени од реакции
5
Четири штипски фирми се закитија со злато
Наградите на Брилијант, Оаза, Грација и Мавис вечерва ќе им ги врачи претседателот Црвенковски, а на манифестацијата ќе биде подготвена и џиновска пастрмајлија, со која градот Штип ќе учествува во Гинисовата книга на рекорди

Штипските фирми Брилијант, Оаза, Грација и Мавис се добитници на златните плакети за општествена корпоративна одговорност, што ги доделува Стопанската комора на Македонија. Овие фирми, како што истакна вчера во Штип, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески се избрани бидејќи ги исполниле највисоките критериуми во своето работење, како што се грижата за вработените, кон заедницата и кон животната средина.
- Да се биде општествено одговорен не значи да се биде одговорен само кон државата во плаќањето на давачките, туку и да се биде одговорен кон своите вработени, клиенти, добавувачи, потрошувачи и кон животната средина - истакна Азески.
Компанијата Брилијант, која ја доби златната плакета, се занимава со производство на масло за јадење, млечни производи и јагнешко месо, а има и сопствено складиште и терминал за течни горива и царински комплекс. Оваа компанија во 2001 година е добитник на ISO сертификатот 9001:2000 и на сертификатот за чисто производство НАССР.
Производството на модната конфекција Грација, која е најчесто по принцип на лон систем е 98 проценти наменета за извоз во Германија, Холандија и Белгија. Во Германија целокупното производство го извезува и женската конфекција Мавис, којашто планира до крајот на 2007 година да го надмине минатогодишниот девизен прилив од 3,5 милиони евра. Компанијата Оаза се занимава со откуп и конфекционирање на кожа, туризам и угостителство и производство и извоз на еколошки зеленчук, кој го пласира во земјите на Балканот и Европа.
Претседателот Бранко Црвенковски вечерва лично ќе им ги врачи златните плакети на добитниците, за време на традиционалната манифестација што ќе се одржи во Штип "Денови на масло и пастрмајлија", каде што на атракативни штандови присутните ќе имаат можност да ги дегустираат познатите штипски пастрмајлии и вино. Ќе биде подготвена и џиновска штипска пастрмајлија, со која градот Штип ќе учествува во Гинисовата книга на рекорди.



 

Kajgana Shop

На врв Bottom