За шпионажа, 32 години затвор
Американски инженер, кој работел на изградба на стелт-бомбардери Б-2, вчера е осуден на казна од 32 години затвор поради продавање воени тајни на Кина, пренесува американскиот печат. Судијата Сузан Оки Молвеј изрекувајќи ја пресудата рече дека Ношир Говадија (66) ги прекршил заветите на лојалност кон својата земја и дека е виновен бидејќи поради лична корист продавал вредна технологија на странски земји. Говадија, кој е роден во Индија, е прогласен за виновен минатиот август за 14 точки од обвинението, меѓу другото и за пренесување одбранбени информации и кршење на прописите за контрола на извозот на вооружување. Обвинителот го обвини Говадија дека за 15.000 долари, кои му биле потребни за отплата на хипотека на луксузна куќа, и помогнал на Кина да изработи крстосувачка ракета од стелт-технологија. Обвинителството проценува дека тој од продажбата на воени тајни добил најмалку 110.000 долари.
Извор