Морам овде да се отворам:
По нападот на нашето ушно сетило со североисточниот турбоиден музички бран, многуте кич емисии и глупави прашалници на секоја тв анкета, се појави и најдрагиот ни наш дел од телевизиското мени-НЕЈЗИНОТО ВИСОЧЕСТВО-ШПАНСКАТА СЕРИЈА!(во Србија пркна Касандра, па после дојде и кај нас).Страшниот факт е дека ги разбрани умовите на младата популација(сега не толку),а богами постарата генерација научи и шпански, си го подобри и српско хрватскиот(и тие имаат обиди, да не ги ограничуваме само на хиспано подрачје), и етерот се здоби со секојдневни 20, 30 40 минутни фијаска, кои задолжително завршуваат со Фин на крај, и после цела тајфа актери се клања во знак на почит пошто нели, верно ги следиме!Стартот е во ударен термин, и тоа со чекан по глава по кој после некој извесен Санто Мигуел ти ѕенѕа врз глава.Инфицирачката дејност почнува со ригорозна пломба на теве апаратот во тајминг кој им ја слева напатената душичка на илјадници домаќинки, баби, случајни гледачи право во Венецуела, Бразил, Пореч, и не знам уште на кое место.Иако и тоа е труд да се донесе некаква програма на теле- визорот, но после вирусот Касандра, можат да му се фатат сите други на нашиот набилдан имунитет, надополнет со витамински бомби од Хрватска, Србија, Италија, а и од нашиот геј сосед-Нечу Да је именујем.Заеднички плачат Розалина, Дуња, Паола, Џанкарло, Лука и Јорго...
Зачудувачки фактор е и самата телевизија што пласира вакви расипани бомбони од кои ни се менува бојата на мозокот, но сериозно им двоиме време за да ги гледаме.Враќајки се кон совршено драматизираната Кармен&Карлос романтка,звучно ни осцилираат и секојдневните шеги на шпанскиот, кој бесплатно го совладуваме, и притоа визијата за утописките слепи што ќе прогледаат, глупи ќе се опаметат, лоши што ќе умрат, (О)станува јасно побиена, а и понатаму посакувана, се да заврши сјајно, онака како што реално никогаш не би завршило...