Шпанија

  • Креатор на темата Креатор на темата Forrest Gump
  • Време на започнување Време на започнување

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.619
„Шпанија е земја на борби со бикови, фламенго танчарки и преубави плажи.“

c4f2f29904a8b39426d5c286eec2e8a1.jpg

Но, Шпанија не е само тоа! Таа е земја препознатлива и по својата модерна архитектура, по темпераментот на својот народ, по преубавите Шпањолки, по Антони Гауди, Пикасо, по фудбалот... Има многу нешта кои што вредат да се видат во Шпанија, земја составена од неколку народи кои се разликуваат по својата култура, јазик, кујна и уметност. Шпанија е составена од 18 покраини, а најголеми противници се Castille и Madrid, т.е. Баскијцитe и Каталонцитe.

092064289d2e717a5c924e440d78c707.jpg

Архитектура
Единствената архитектура на Шпанија воочлива е во Кордоба, Саламанка, Гранада, Толедо, Мадрид и во многу други градови. Визионерската архитекрура на Гауди и музејот на Пикасо се во Барцелона, додека пак во Мадрид се наоѓаат трите најбогати и најголеми музеи во Шпанија: Прадо, Националниот музеј на кралицата Софија и Националниот археолошки музеј.

86e5bebafa99734e38dfe8c7f628056a.jpg

Село
Покрај прекрасното крајвбрежје, во Шпанија е интересно да се посетат и Пиренеите, особено подрачјето околу Арагон. Во Андалузија се наоѓа планинскиот венец Sierra Nevada со луксузен зимски ски центар.

78d22de5127b49d88cddce84922e85ef.jpg

Плажи
Во Шпанија постојат и голем број на плажи до кои не може да се стаса со автомобил. Таква е на пр. плажата Papagayo во Lanzarote на Канарите, до која што се доаѓа само пешки или со велосипед. Незаменлива природна убавина има и плажата Cala Tarida, која што се наоѓа на Ибица. Таа е сместена далеку од журките и бучавата, во песочен залив со кристално плаво море.

c44c9e19f338e5098c349d3f4bd33f1c.jpg

Архитектурата на Гауди
Помеѓу останатото, делото на овој архитект е едно од најголемите богатства на оваа преубава земја. Тој е познат по тоа што неговите столбови се овални, без прави агли, па така зградата како што е La Pedra на пр., во центарот на Барцелона, повеќе потсеќа на карпа, отколку на зграда. Чудесна е и неговата катедрала Sagrada Familia, која што е симбол на преубавата Барцелона.

П.с. Така малце незадолжително...

1297500790_001.jpg

1297500839_002.jpg

1297500848_004.jpg

1297500836_005.jpg

1297500812_006.jpg

1297500781_007.jpg

1297500784_008.jpg

1297500797_011.jpg

1297500796_009.jpg

1297500814_013.jpg

1297500834_014.jpg

1297500828_015.jpg
1297500852_016.jpg

1297500839_017.jpg

1297500868_018.jpg

Сте биле? Мечтаете за да отидете? Вашите искуства и перверзии за Шпанија тука...​
 
Стварно убаво ама сликиве како од Cartoon Network да се земени.
 
Не се избистрени, туку се HDR фотографии (види што е HDR во подфорумот за фотографија). И не се дискутира за фотографиите, така да може слободно да престанете околу тоа.

Темава е во Туризам. Кој бил во Шпанија од вас и какви впечатоци има од таму?
 
Оние кој што одат на најпопуларните туристички места во Шпанија, Палма де Мајорка и Ибица треба да им се даде како информација дека климата е премногу влажна и доколку имаат проблем со дишење или астма подобро да изберат друга дестинација. Ова претежно не стои како известување, но навистина е добро да се знае пред тргнување.
Главен адут на Шпанија е забавата. Храната е иста како нашата, пијат без кофеин кафиња, цело време џогираат и изгледаат како Богови. Многу се гласни и експресивни така да и да не го познаваш јазикот ќе сфатиш што сакаат да ти кажат.
Палма де Мајорка - прекрасно парче на планетава земја. Најчести гости се Италијанците, Русите, Французите, Англичаните и Германците. Балканци речиси и да нема што секако е позитивно. Таму туризмот функционира до совршенство. Патиштата се како авионски писти, автопати со три ленти, благо навалени на кривините, по краевите со лента за будење при заспивање во вожња, собраќајни знаци, карти и сос телефони на секој чекор. Обележано радарска контрола и високи казни за непочитување на знаците. Ако во тој дел е 80 на саат, значи колони од возила возат 80 и ништо фазла. Во делот на безбедност освен сообраќајот кој им е совршен важен момент им е и шпанската полиција. Ги има буквално насекаде, а се како дел од туристите. Љубезни чувари на редот кој ем се неприметни, ем знаеш дека си безбеден. Такси превозот е регулиран на тој начин што низ секаде на островот има поставени табли на кој ја пишува цената од едно место до друго со дневна и ноќна тарифа. Таксистите се во бели возила со единствена ознака. Значи нема диви таксисти и цени по таксиметар. Точно знаеш колку те чини за секаде. Јавниот превоз им е точен до секунда но е скап 18 евра е карта за 60км дестинација. Како Велес-Скопје во еден правец.Останатите цени за храна и пијалок се како Грција . Плажите се мали како заливи,песочни.На некои места и долги песочни со палми. На плажите во Палма нема журки,освен најавени пред некои хотели.Ноќен живот - совршенство. Се е нормално и дозволено. Пача дискотека има 3 спрата, од кој првиот е елитен ресторант, под земја е техно,на вториот е рок во едниот дел, диско во вториот и на третиот спрат со перници и душеци е просторијата за одмор. Обезбедувањето е составено од горила, но наместо како нашиве клошари овие ти ја отвараат вратата, повелете, пријатно, објаснување изнесување за врат од дискотека и слично.
Ибица - место кое неможе да се опише освен да се доживее. 24 часа живее островот, од забави на плажи (Бора Бора најпопуларната плажа) до дискотеки од типот на Спејс и Пача кој ги има овде и на Дубаи.Светските ди џеи се секој ден таму. Дрога секс и алкохол и во џебот многу пари. Под поимот многу пари подразбирам многу пари. Сите траекти и бродови кој одат накај Ибица се со журки/дневни журки со ди џеи да ти подготват атмосфера. Ако некој сака да одмори воопшто и нека не оди.
 
Сега гледав,ferry-to од Барселона до Алкудиа(on foot) е 70 еур повратна(за септември барем).
Значи може да се комбинира со евентуален поевтин лет до Барселона,само тој летот уште да го биди...
 
Со колку пари би си поминал солиден одмор во Ибица?
 
Со колку пари би си поминал солиден одмор во Ибица?

Лежалка е 80 евра на Бора Бора, Сангрија (нај ефтината пијачка ) 24 евра, влез во дискотека 50 евра, вода во дискотека 7 евра, пијачка надвор од дискотека 14 евра. Превоз до град 13 евра.
Стави сместување,авион и храна и пресметај за солидно поминување.
 
Лежалка е 80 евра на Бора Бора, Сангрија (нај ефтината пијачка ) 24 евра, влез во дискотека 50 евра, вода во дискотека 7 евра, пијачка надвор од дискотека 14 евра. Превоз до град 13 евра.
Стави сместување,авион и храна и пресметај за солидно поминување.

600-700 значи.

80 евра за лежалка ќе размислам дали ќе дадам и да имам две црнкињи и 3 јапанки што ќе ме празнат коа ќе ми се присака.А вака поубаво коа би размислил ни за тоа не би ги дал.

Ова е лудост тука ни 4 000 евра не ме крпат.

А Палма Де Мајорка? Ноќен живот? Цени?
 
Ова е лудост тука ни 4 000 евра не ме крпат.

А Палма Де Мајорка? Ноќен живот? Цени?

4000 евра ако си на диета и си антиалкохоличар ќе ти завршат работа :)

Палма е пристојна со цени, кога ќе земеш во предвид дека е исто популарно место за летување на Европјани. Во Палма полупансионско сместување и авионска карта ќе те чини 600 евра. Се разбира настрана од градот Палма. Мој предлог е да си изнајмиш стан во самиот град Палма, колку што разбрав многу поефтино излегувало. Рент а кар е 300 евра за 5 дена, бензинот е ист како кај нас и немаш патарини. Цените ти е се 3 евра хамбургер, до 5 евра порција похован стек. Кафе од 1.30 во помалите градови до 2.5 евра во Палма (еспресо,другите им се без кофеин). Пијачките се од 5 евра коктели (вода), па нагоре. Влез во најдобрата дискотека во самиот град Палма, Титос е 20 евра со две пијачки ( една пијачка ја рачунаат цела чаша џин и шише швепс), а во останатите во градот ти е 15 евра, 10 некаде. До Пача се оди организирано имаат свои автобуси бидејќи е надвор од Палма и те чини со се превоз и две пијачки 40 евра.
Маркетите им се доста ефтни флаша вино им е 3 евра, сангрија буре од 5 литри им е 5 евра, ред бул ти е 2 евра, вода (не се пие) ти е 1.30, леб ти е 2.5. итн. Плажите не се плаќаат, бесплатни се :). Ноќниот живот е лудница со нешто помладо население. Шопинг е неминовен бидејќи сите марки се шпански и фала богу таму се ефтини.
Бидејќи плажата исцрпува, незнам некој да може да го издржи темпото и навечер. Што значи со 500 евра во џеб (ако делиш трошоци за кола ) ќе поминеш задоволително.
 
Добра е Палма Де Мајорка ама во тоа дискотеката и секс соби да ти имало и ситуација оди човек на мочање и пред кенеф црнецот се обраќа на англиски соблекувај се :pos::pos::pos::pos:. Тоа да не ти биде кенеф туку соба за срамни работи а црнецот стража држи за да не те вознемируваат.
 
Само да се напомене дека Шпанците се луѓе кои кога е дојдено време за одмор, за нив е време за одмор и нема што тука. Работат до 10 часот на вечер(за продавниците зборам), ни минута подоцна, па ти ако сакаш нешто да разгледаш на глава застани си нема да може, ќе те ,,избрка,, елегантно од продавница и ќе ти каже дека работното време е завршено и толку.
 
Кој дел на Шпанија е најефтино за летен одмор, и живеење, а каде е најскапо за одмор и најскапо за живеење?
 
Шпанија е една од најубавите држави на светот, преубава е, едноставно немам зборови. Топло ви ја препорачувам Малага ако сте за на одмор или Барселона ако сте по шетањето. Палма де Мајорка, ништо посебно, само стариот дел е поинтересен да се посети и плажите, др. ништо посебно. Јас дури и имав чувство дека сум отишла во Штип а не во фамозната Палма де Мајорка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom