Шпанија

Член од
5 март 2018
Мислења
16.115
Поени од реакции
18.067
Може да споделиш инфо за рута за патување и смештај поточно каде беше не разбрав
Сместени бевме Валенсија, после тоа со автобус Аликанте, два часа е со автобус оддалечено Валенсија со Аликанте.
Имаш секој ден линии, картата е 36 евра повратна.
Најубаво е рентакар, преефтино е, 8 евра од ден. Дефинитивно најдобра опција ако сакаш да ги прошеташ сите места во Коста Бланка, Калпе, Алтеа, Дениа ...
Таксито за низ град не е скапо, ние така се возевме.
Смештај зависност кај сакаш да си сместен, во Валенсија бевме на 3 км од центарот а во Аликанте бевме скроз центар во стариот град и се ни беше на дланка и плажата и градчето.

Ние летавме од Тирана директно за Валенсија, неколку дена останавме таму после тоа продолживме за Аликанте и сите места покрај брегот.

Дефинитивно јас се враќам Валенсија пак,еден од поубавите градови во Шпанија
Автоматски споено мислење:

Здраво, планирам следниот месец да одам Шпанија на одмор, сега чекам искуство некој шо бил, гледам агенциите гo нудат регионот Коста Брава крајбрежниот регион на Каталонија поточно Лорет де Мар близу Жирона...
Агенциите соработват со едни исти хотели од кои еден е со 4 ѕвезди, а два се со по 3 така некако видов.
Прашањето ми е дали вреди да се оди на тоа место, како е плажата? Водата ? Дали е чисто средено ? Како се цените таму или доколку некој бил во тие хотели чекам мислење, до кај шо видов на нет, тие хотели и немаат некој добри оценки и коментари, напротив се слабо рангирани(затоа и се 3 ѕвезди).
Како се движат цените ? Искрено овај пат планираме одмор, одмор, така да ни треба добра плажа и навечер добри места за шеткање и од факултативите еднино посета на Барселона со стадионот, секој ден исполнет со факултативи не ни сакам доколку имам топ услови околу мене....
Или пак некој да предложи хотел шо бил....

@cholismo (гледам најбрзо имаш посета таму)
Не сум била Барселона.
Ако си за одмор во Шпанија, мој предлог е Тенерифе, за одмор одмор.
Преубава природа, онака без здив да останиш, преубави плажи, пречисто, и ефтино во споредба со другите места во Шпанија и она што ќе го добиеш.
Имам пишано на темава мислам некој опис ако не ти е мака врати и разгледај.
 
Член од
4 ноември 2011
Мислења
59
Поени од реакции
14
Вчера се вратив од таму.
Валенсија е град кој секој има во план да оди Шпанија под дифолт да ја посети, дефинитивно со право ја бираат два пати по ред за најдобар град за живеење.
Град со душа, има шо да се види на секој чекор, што од култура, што од гастрономија, плажи, улици, архитектура, све е топ.

Аликанте е два часа оддалечен од Валенсија и е потуристичко место со поубави плажи од Валенсија и кафичи и таверни на секој ќош.

Бенидорм не бев, и поарно шо не бев, никој не ми го препорача а другарите беа премногу разочарани од местото, беа на еден ден.
Калпе е после Бенидорм и е морално да се посети ако си мерак на убава плажа со чиста вода и ситна песок, рај за очи.

Ако одиш на овие места минимум една недела ти треба за да го доживееш местото и да видиш се наоколу, оти стварно вреди.
Преубава клима има, не е многу жешко и цело време дувка ветер малце, шо е освежување.
Водата топла
Ама како шо кажав за плажи само Аликанте, Калпе и цел Коста Бланка брег, Валенсија не е прочуена по плажи, таа Малвароса е средена плажа, распространета ама водата не е многу чиста.
Цените се кренати за разлика од пред неколку години кога овие места важеа за поефтини од Мадрид и Барселона да речиме, јас не видов голема разлика освен во маркетите.
На сама плажа во Аликанте, на плажа Постигет, имаш огромен хотел, е тука стварно можеше да се јади и пие за поефтини цени од кај нас, точено мало пиво 1.5€ големо 2 €, ти го носат во замрзната кригла.
Појадок за 2.5 €
Самопослужување е, ама на многу добра локација е и имаш преубав поглед од тераса.
Храната во ресторани е слична како Грција, за нијанса поефтино, зависи во кој ресторан си седнат.
Маркетите се ставарно ефтини.
фала многу, вакви препораки барам. Цените се супер според ова што кажа.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.115
Поени од реакции
18.067
фала многу, вакви препораки барам. Цените се супер според ова што кажа.
Цените се секаде различни, зависност шо бараш.
Ние бевме секогаш во пик ресторани седнати и цените беа повисоки.
Имаш ресторани, фаст фуд храна шо стварно за ефтиноча можиш да јадиш и пиеш, треба само шетање и време за да го истражиш местото
 

Kajgana Shop

На врв Bottom