Forrest Gump
низа1
- Член од
- 12 ноември 2009
- Мислења
- 7.038
- Поени од реакции
- 29.618
„Шпанија е земја на борби со бикови, фламенго танчарки и преубави плажи.“
Но, Шпанија не е само тоа! Таа е земја препознатлива и по својата модерна архитектура, по темпераментот на својот народ, по преубавите Шпањолки, по Антони Гауди, Пикасо, по фудбалот... Има многу нешта кои што вредат да се видат во Шпанија, земја составена од неколку народи кои се разликуваат по својата култура, јазик, кујна и уметност. Шпанија е составена од 18 покраини, а најголеми противници се Castille и Madrid, т.е. Баскијцитe и Каталонцитe.
Архитектура
Единствената архитектура на Шпанија воочлива е во Кордоба, Саламанка, Гранада, Толедо, Мадрид и во многу други градови. Визионерската архитекрура на Гауди и музејот на Пикасо се во Барцелона, додека пак во Мадрид се наоѓаат трите најбогати и најголеми музеи во Шпанија: Прадо, Националниот музеј на кралицата Софија и Националниот археолошки музеј.
Село
Покрај прекрасното крајвбрежје, во Шпанија е интересно да се посетат и Пиренеите, особено подрачјето околу Арагон. Во Андалузија се наоѓа планинскиот венец Sierra Nevada со луксузен зимски ски центар.
Плажи
Во Шпанија постојат и голем број на плажи до кои не може да се стаса со автомобил. Таква е на пр. плажата Papagayo во Lanzarote на Канарите, до која што се доаѓа само пешки или со велосипед. Незаменлива природна убавина има и плажата Cala Tarida, која што се наоѓа на Ибица. Таа е сместена далеку од журките и бучавата, во песочен залив со кристално плаво море.
П.с. Така малце незадолжително...

Архитектурата на Гауди
Помеѓу останатото, делото на овој архитект е едно од најголемите богатства на оваа преубава земја. Тој е познат по тоа што неговите столбови се овални, без прави агли, па така зградата како што е La Pedra на пр., во центарот на Барцелона, повеќе потсеќа на карпа, отколку на зграда. Чудесна е и неговата катедрала Sagrada Familia, која што е симбол на преубавата Барцелона.
П.с. Така малце незадолжително...
Сте биле? Мечтаете за да отидете? Вашите искуства и перверзии за Шпанија тука...