|И.И|
говно интерашко
- Член од
- 24 јуни 2008
- Мислења
- 5.560
- Поени од реакции
- 6.673
Европскиот првак Шпанија наредната година ќе гостува на Градскиот стадион во Скопје, каде што ќе одигра пријателски натпревар со нашата фудбалска репрезентација. Ова е епилог од вчерашниот состанок во Мадрид на водечкиот двоец на ФФМ, претседателот Х
Европскиот првак Шпанија наредната година ќе гостува на Градскиот стадион во Скопје, каде што ќе одигра пријателски натпревар со нашата фудбалска репрезентација. Ова е епилог од вчерашниот состанок во Мадрид на водечкиот двоец на ФФМ, претседателот Хари Хаџи-Ристески и генералниот секретар Никола Костов, со првиот човек на Шпанската федерација, Анхел Вилар. Останува само да се прецизира терминот на одигрување на мечот, со кој се одбележи 100 години од фудбалот во Македонија и 60 години од постоењето на Фудбалската федерација на Македонија. На состанокот присуствуваше и нашинецот Марко Блажевски, кој работи за шпанската менаџерска агенција "Групо Сантос Идуб" и е посредник во преговорите за одигрување на овој натпревар.
- Средбата помина во одлична атмосфера. Во просториите на Шпанската фудбалска федерација Вилар разговараше со Хаџи-Ристески и Костов, по што прифати Шпанија следната година да гостува во Скопје. Се уште не е прецизиран терминот на одигрување на натпреварот. Шпанскиот фудбалски челник е расположен мечот да се одигра во август, но за тоа треба да дадат согласност и луѓето од ФФМ, како и шпанските клубови. Може да се случи натпреварот да се одржи и во термин кој не е во календарот на ФИФА за одигрување пријателски мечеви. Најважно е ова средба да влезе во програмата на шпанскиот национален тим за наредната година - вели Блажевски, кој најавува дека Шпанија на "Градски" ќе истрча во најсилен состав.
- Падна муабет и за таа тема. Како што истакна Вилар, тие не сакаат да загубат од Македонија и затоа во Скопје ќе допатуваат со силен состав. Интересно е што претседателот на Шпанската федерација не постави посебни услови за гостувањето на неговата репрезентација.
Хари Хаџи-Ристески вчера требаше да даде одговор и околу гостувањето на нашата репрезентација во декември во Шпанија, кога би одиграле пријателски ревијален натпревар со селекција на шпанската покраина Андалузија.
Извор: Вест :helou: