Шпанија - Македонија |1/2 финале|, 16.09.2011, 16:30 часот

Член од
14 април 2010
Мислења
4.701
Поени од реакции
6.087
Се знаеше дека тешко ќе биди со Шпанците....
Убо почнавме, на полувреме водевме, да продолжеа со исто тепмо ќе беше неизвесно до крај како со Литванија, Грузија...
Наваро :cuc: шо рака имаш ти бе дете ??? Од кај шо можеше погоди, не отепа само тој 35 поени :tapp: Да му се исуши раката...:D
Реков и вчера да се задржат Наваро и Рубио гарант ќе тепаме...
Наваро кај најде баш на оваа утакмица да си го помини просекот..
Рубио од почетокот на Европското за 3 поени имал 0/13 и сега со нас најде 2/2 :tapp:
Кај нашиот состав задоволен сум од сите играчи денес го дадоја максимумот (y) Според мене победници се и на овој натпревар !!! СЕКОЈА ЧЕСТ МОМЦИ !!!!

Навивачите 0 !!!!
Зошто баравте карти бе алоооо ??? :tapp:
Само 1/4 Абе Македонче и Едно име имаме се испеаја и толку !!! РЕЗИЛ !!!!
Овде сите ги критикувам шо беа за Литванија: Комити, Чкембари, Фемили, Пирати, Лозари, Ајдуци....
Зошто ојдовте бе другари ??? 300 навивачи отпатувавте за да гледате ???? Ова не е театар !!!! ОВДЕ КРИВА ЈА НАОЃАМ ВЛАДАТА ШО ВИ ОБЕЗБЕДИ ЗА ДА СЕ ПРОШЕТАТЕ !!!
ТРЕБАШЕ ДА ГРМИТЕ ТАМУ ДА ЗНАТ КОЈ СЕ МАКЕДОНЦИ !!!!

Сега за 3 место сакам да играме со Русите !!!
Да ги нашлакаме дебело за оној помочан пораз !!!!

ОДИМЕ НА БРОНЗА !!!
Брат овде си гршка од овие никој не беше што ги спомна беа обични гледачи семкари бетер и од семкари овие беа пошо три четвртини не им се слушна глас а семкарите барем на некој потег ќе аплаудираа и ќе подвикнеа по нешто овие како да занемеа
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
М

Мартин`

Гостин
Нема место за за жалење и никој апсолутно никој не треба да биде разочаран по денешниот дуел со Шпанија, едноставно момците го дадоа максимумот машки храбро се бореа целиот натпревар но џабе е кога ќе му тргне на некого се е џабе.. резултатот беше добар со оглед на тоа дека Наваро се распуца како ненормален.. па у пм баш сега со нас ли најде да даваш 35+ поени од кои еден куп тројки бе ццц ..

Сепак ко што реков радувај се Македонијо имаме на што да бидеме горди а тоа се нашите кошаркари пред се..
во Велес иако изгубивме пак се славеше низ градот со мотори/коли и најбитно одиме на нова победа во Недела и на бронзен медал!! (y)
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
2.640
Поени од реакции
1.240
Тешко ми е многу ...
Ретко плачам ама денес , денес не се издржуваше , многу ми беше тешко ...
Да ги чува здравје цел живот , господ среќа нека им даде цел живот , овие момци се моите херои
 
M

macgowan

Гостин
НАЈГОЛЕМО БРАВО ЗА НАШИТЕ ШАМПИОНИ!!!

ПРИМЕР ЗА СИТЕ !!!

Одиме по медал !!!

Поздрав до нашите неверојатни со нешто старо од кога бев млад јаврија !!!
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
И покрај тоа што не победивме,атмосферата на плоштад беше фантастична..Да не му беше денот на Наваро може и ке имавме некакви шанси на натпреваров..Сепак ПРЕЗАДОВОЛНИ СМЕ И СО ОВА ДОСЕГА што го направивме..Топ 4 во Европа за земја како Македонија не е мала работа..Плус не исфрли актуелниот шампион во Европа,а најверојатно шампион и на ова ЕП-Шпанија..
Фала ви за се ХЕРОИ !!:cuc::cuc:
 
M

Mario Gómez

Гостин
Ја прочитав набрзина темата и бев згрозен од некои коментари за Наваро и за Шпанците. Ми го уништи расположението по денешнава игра кога го видов потенцијалот во нашите, кога изиграа опуштено и една од најдобрите кошарки шо сум ги глеал у европа.
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
A great Tournament for you, anyway. If you want to discuss about that (and about all other sports, in which you can follow Macedonian teams and athletes too in the Road to London 2012), reach us on totallympics.com .
Thank you and good luck for Bronze medal match !
Thank you my buddy ! :)
 
S

Stivie G

Гостин
Верувам дека цела Македонија е задоволна од тоа што го постигнаа нашите кошаркари, е сега со медел или медел и не е ни толку битно, им покажавме на светот дека постоиме :)
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.701
Поени од реакции
6.087
Сега гледам дека сме се пласирале директно на еп во словенија 2013 год и сигруно ќе бидеме ако не во првиот тогаш во вториот шешир е ако ова не успеавме да го освоиме тоа дефинитивно е наше :)
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Зар после ваков историски успех, зар после ваква одлична партија со Шпанија, зар после толку големи победи, зар после ваква сполотеност мегу народот која ни ја овозможија кошаркарите, зар после најубавите 20 дена кои ги доживеавме, зар после Се што се сличи, повторно се најдоа неколку бедни тролчиња да тролаат и да пробаат да го минимизираат овој успех....

Па добро бе мајкуму стара, имате ли грам почит и срце во тоа бедните ваши души ? Имате ли грам самопочитување и гордост што сте Македонци после ваков успех ?
Очигледно немате НИШТО !!

Само едно, не пробувајте и понатака да тролате со бедните ваши рачиња и мозочиња зашто оваа наша радост, гордост, среќа, нема да можете да ни ја одземете, како на нас овде така и на цела Македонија....
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Добро е луѓе, налетавме на единствената непобедлива репрезентација според мене и не сакав да зборам пред натпревар да не кобам ама тоа е тоа одиме понатаму за бронза. Секоја чест за нашите одлично изиграа ама Наваро копилето не промаши. :(
Како за трето првенство на кое учествува Македонија одлични сме... на првото немавме ни една победа, на второто се пласиравме во осмина финале, на третото бронза :), а на четвртото злато.... ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom