Шпанија - Македонија |1/2 финале|, 16.09.2011, 16:30 часот

Член од
14 март 2010
Мислења
16.972
Поени од реакции
16.342
Луѓе, незнам вие колку сте свесни за овој успех на нашите кошаркари.
Ама незнам зошто да се бара вината во шутот за три поени, играта под кош или што ти знам што. Имаа страв да шутираат за три, посебно Соколов, ама тоа е што е .
Реално Антич и Самарџиски одлично си ја завршија работата под кош, ептен сум задоволен од нивната игра, посебно од вториот. Ама Шпанија можи комотно да ни игра на нас со вториот состав. Ако не му оди на Гасол ќе му оди на Наваро, ние со 6 играчи се` на се толку можиме.
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
791
Мој прв впечаток по натпреваров е дека Македонија направи се што можеше да направи и сум премногу задоволен од покажаното. Шпанија, посебно Наваро едноставно се многу квалитетна репрезентација, па обично и најдобра партија на противникот не е доволна за победа.

Докузовски и екипата одлично се справуваа со „фуријата“. Го запреа Фернандез, го запреа Калдерон и Марк Гасол... По Гасол требаше да има двојно помалку кошеви да не беа оние милион офанзивни скокови....
Одбраната уште еднаш беше супериорна. Фантастично се браневме од играта два на два, феноменално го покривавме Руди и Љуљ, неможевме поквалитетно да одиграме со браќата Гасол...
Се разбира скок играта не изневери, неколку топки кои требаше да ги фатиме ги пропуштивме, за жал во моментите кога се кршеше резултатот... Тоа ќе остави горчлив вкус на овој најголем кошаркарски меч во нашата историја. Тука секако дека многу фалеше Гечевски. Со 3 високи играчи во ротација, неможе да се очекува дека ќе се задржи концентрацијата 40 минути под кошот, не против репрезентација со квалитетот на Шпанија.

Во нападот игравме мудро и смирено. Освен неколкуте катастрофално исфорсирани тројки се друго беше мајсторски организирано, од асистенциите за Самарџиски/Антиќ под кошот, до влезовите на Мекејлеб, па се до акциите изработени за Чековски и Дамјан Стојановски (кои нажалост не влегоа).

Енигма за мене ќе останат 2-те тројки на Рубио!? И се разбира 35-ката на Наваро. Не дека не го чувавме добро шпанскиот бек, едноставно денеска беше негов ден. Неможе да се рече дека не игравме добра одбрана кога на 2 секунди до крајот на нападот погодува тројка надвор од баланс од 9 метри, или кога погодува шут при излегување од блок преку играч. Тоа едноставно се нарекува подобра офанзива! Денеска Шпанија, со ваков Наваро, без проблем ќе победеше било која европска репрезентација...

Нема што да им се замери на нашите момци. Изиграа најдобро што можеа. За мене беше очекувано да шутираме подобро од досегашните натпревари. Штета што тоа не беше доволно.

Останува уште еден меч со Франција или Русија. Според мене тоа ќе биде „песна“ во споредба со денешниот меч. Со право реално можеме да се надеваме на медал, кој за нас ќе биде со златен сјај.

Одиме понатаму, со подигнати глави, со полни срца и со национална сатисфакција што на новиот (се осмелувам така да ја наречам Шпанија) европски шампион му пруживме огромен отпор!

Браво!
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
1.907
Поени од реакции
726
Да не знае некој кога точно доаѓаат кошаркарите во Понеделник?Би требало да биде приквечер така.Тогаш си доаѓам од Србија а сакам да одам на аеродромот ...
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.574
Поени од реакции
6.703
Дечки не се замарајте со троловите на оваа тема. Си има ЧДА таму нека го користат нивното ниско ниво на интелигенција.

Моментот кој верувам најмногу не погоди беше : "Солзи во очите на МекКејлеб" ,, значи еден Американец гине за оваа држава а троловите тука исправуваат криви дрини.

Браво мајсторе, камо срека сите Македонци да беа како тебе.
 

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Си чул за спортски дух? За спорт воопшто?

Ако ова го напишеше Литванец за Илиевски, ќе јадевте трици ко тринајсто прасе.

Штета.
А бе ти сеуште си тука? Не се клади со никого?
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Војната ја добивме уште со влез во полуфинале а сега некоја изгубена битка повеќе или помалку не игра улога.

Ако ја добиеме последната битка за БРОНЗА е феноменално но и ако загубиме светот слушна за нас, дечките се надминаа неколкукратно себеси.

Игравме против НБА играчи од земја со 45 милиони луѓе и јака лига ние од едно малецко земјиче со слаба лига, па ние сме ФЕНОМЕНИ и една од најспортските нации на свет споредено со население и вложувања во спортот.

Нема назад, идеме само напред, лавовски и машки!
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Мило ми е и што дечкиве ќе си изградат една убава кариера.. Го заслужуваат тоа ! Секоја чест!
http://www.kurir.mk/sport/kosarka/42583-Armani-Dzins-saka-da-go-otkupi-dogovorot-na-Vojdan
И мене ме интересира дали и кои се заинтересирани екипи за нашите репрезентативци. За Антиќ и Војдан сум скоро сигурен дека ќе идат во некоја јака екипа!
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.344
Поени од реакции
18.425
Тоа и јас сакав да напишам единствено што се разочарав од оваа утакмица е нашата публика или оние 400 манекени кој ќарија гага шетња до литванија да им ебам се требаше 40 мин да ечи во салата а не они како пички некој ќутат не ги пратија за тоа таму ццц срамота од тие што отидоа таму и така се пострамотија да бев денес меѓу тие 400 ќе се срамев да кажам кога ќе се вратев
Друже кој ни е крив што отидоа 400 манекени..? владата е крива за многу работи али за ова само го слушаше мислењето наше.Пази првин баравме носење навивачи.КОа кажаа дека ке носат,сите рекоа ке идат деца на министри.Отидоа навивачи,се кењаше зашто се од скопје сите.Отидоа таму и навиваа против 15 000 литванци,зашто се степале..У весници најголеми државни предавници ги направија.Ете владата да удоволи на ,,народот,, ги прати естрадните уметници,ко дан емаат пари сами да си платат карта ебате.:) Толку од оваа тема..Македонија не направи горда,и неаме причина за жалење.
PS: зоте иди убијсе пред некој да ти помогне
 

Sura

Gooner 4 Life
Член од
6 мај 2010
Мислења
3.422
Поени од реакции
1.923
Браво за момците, изиграа феноменално, но сепак Шпанија беше преголем залак......
Го оставија срцето на терен, браво за сите до еден.....И дај банирајте вакви тролчиња, што уште имаат смелост да мрчат ово оно за нашиве....
 
П

Паспарту

Гостин
Мекејлеб: Знам да пцујам на македонски

Во својот вчерашен текст посветен за македонската кошаркарска репрезентација, Њу Јорк Тајмс пишува и за нашата кошаркарска ѕвезда на ова првенство, Лестер Бо МекКејлеб.


,,Јас играв за Србија минатата година кога се случи разговор со Македонците – тие ме побараа да играм за нив- објаснува МекКејлеб, кој порасна во Њу Орлеанс и продолжи да игра на Универзитетот во Њу Орлеанс. Тој играше за професионалните лиги во Србија и Турција пред да потпише договор со италијански клуб, Монтепаски Сиена, минатото лето. Не поставив никакви прашања - вели Бо, јас само реков да - и заминав со авион следниот ден во Скопје.”
На крајот од овој текст авторот пишува:
„МекКејлеб вели дека ниту тој, ниту неговата нова држава не ја изгубиле желбата да им покажат на оние кои се сомневаат во нив, дека грешат. Тимот се квалификуваше на Олимписките игри во Лондон и МекКејлеб изјави дека ќе ја претставува Македонија. Тој живее во хотел во Скопје еден месец во текот на годината и не знае да зборува македонски, но неговите соиграчи го научиле некои пцовки за кои се надева дека нема да мора да ги употреби на дуелот со Шпанија. Да бидам искрен, се чувствувам како дел од нив сега - изјавува Бо.

http://www.kurir.mk/sport/kosarka/42557-Mekejleb-Znam-da-pcujam-na-makedonski?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed: kurir/sport (Курир - Спорт)
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Си чул за спортски дух? За спорт воопшто?

Ако ова го напишеше Литванец за Илиевски, ќе јадевте трици ко тринајсто прасе.

Штета.
И имаме право да го сториме тоа :ROFLMAO:
Troll is art, Patriots we stay ! :pos:
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
И мене ме интересира дали и кои се заинтересирани екипи за нашите репрезентативци. За Антиќ и Војдан сум скоро сигурен дека ќе идат во некоја јака екипа!
И Владо исто така, не заборавај :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom