Анкетата покажува дека над 14 милиони луѓе во Обединетото Кралство во тоалет читаат весници, книги и магазини.
Осум милиони луѓе зборуваат на телефон или се довикуваат со членови на семејството кои се во близина на тоалетот, а секој петти испитаник испраќа смс пораки.
Истражувањето што опфатило над 2.000 испитаници е направено по барање на добротворната организација „Тирфанд“ по повод Светскиот ден на тоалетот што се одбележува денеска.
Се покажало дека повеќето луѓе мислат на храна додека седат на веце шољата, а мажите за разлика од жените повеќе сакаат да најдат некоја забава додека се во „акција“.
Кралската организација за заштита на јавното здравје во одвоена студија предупредува дека слабата хигиена е одговорна за брзо ширење на бактериите.
Според податоци на организацијата, речиси половина возрасни Британци не ги мијат рацете по посета на јавен тоалет, а секој шести признава дека не ги мие рацете после секоја употреба на тоалет.
Професорот Рикард Париш, шеф на организацијата, наведува дека е познато оти по миењето и сушењето на рацете може да се спречи појавата на половина од акутните респираторни инфекции во Британија.
извор
========================================================
Муабетов ми е шо прајте вие додека клечите на шолја?
Еве горе се споменати некои примери... конкретно јас во последно како шо се бесплатни поракиве на Т-Мобајал си пишам порачиња.
Знам луѓе што читаат весници, а знам еден шо имат 2,3 пати со лаптоп влезено во WC
Шо прајте вие во WC?