Па добро, нема баш многу шкртаници за Тетекс или Силекс во Скопје, инаку би отворил и тема за нив.
Добро знаете на што се однесува темата. Нa се сите навивачи уништувачи на ѕидови. Не се ни обидуваме да таргетираме одредена навивачка група, туку одредени ликови кои мислат дека со уништувањето на фасадите ја изразуваат љубовта кон клубот.
Тоа е муабетот.
Ради постов мроам да рециплирам.
"Нa се сите навивачи уништувачи на ѕидови" - Тема отворена во Навивачки групи. Мета: Навивачките групи. Осудувани: Навивачките групи. Кретени, дебили, малоумници: Навивачките групи.
Не знам до кога само ќе сметаат навивачите. Секоја тепачка, секој инцидент криви се само навивачите, па сега и ова. Навивачите граѓани од втор ред ли се па само што цел на напади сме ние ?
Шкорпионче
Не знам кој ја покажа својата малоумност овдека, дали ние навивачите или ти со твоите муабети. Тотално се избламира во секој можен пост. Како прво овдека не се збори општо за сите вандали што цртаат графити туку само навивачите, каде што е и отворена темата. Многу јасно е дека на некој му смета ова што се прави, точно и мене ми смета на фасада некој да ми шкрта. Конкретно твојот проблем не е откриен сеуште ама како не се буниш за партиските натписи, за кретивните имиња што се потпишани на секој ѕид, за натписите од типот Те сакам срценце мое и слично? Без разлика на се кога веќе осудувате, осудете ги сите натписи, а не оние навивачките. Без разлика за каков натпис станува, дали партиски дали клубски уништување на имот е уништување и тоа е факт.
Како што кажа Џигер, на кој му смета повелете Западна трибина знаете каде се наоѓа, секој викенд скоро сме таму, повелете дојдете на една утакмица и пожалете се. Во државава има многу неправди и непочитување на закони па не се буните за тоа, туку најлесно е за се да ги етикетираш навивачите.