Вака сега, утре ќе ги прочитам постовите од претходните страни, незнам што е искоментирано, јас ќе пишам коментар од моја гледна точка, најреално
Пошто бев на само некој метар од местото на настанот... Собирно место беше кај Зоолошката, и имаше некаде 250-300 Гробари од Македонија и Србија... Не беше одобрен групен влез на трибина, а картите беа за на север и се распрскаа сите за на полувреме да се собереме 50-тина (на другите им беа искинати картите пред влезот и не им беше дозволен пристап) и да почнеме да навиваме, ама почна да се собира полиција, и се насети работата и почна фрката, од секаде се маваше, а полицијата по нивна наредба не однесе накај излезот, за да прекине фрката... Тепачка немаше никаде, имаше само еден Гробар погоден со запалка во главата и му потече крв, друго посериозно немаше... Атмосферата се стиши со напуштањето на стадионот од страна на Гробари, а од надвор ечеше "Подршка ле, за ухапшене Гробаре"
Да имавме барем малку заштита (бидејќи неможе 50 на 5000) и да беше организацијата на ниво, да се средеа работите, да не ставеа на Запад или Југ, ќе беше подруго... Вака на сред Северна, од сите четири страни Албанци, не биваше, немаше логика, иако се проба нешто ама безуспешно... На ваков натпревар од висок ризик, без никаква организација, не беше ни за очекување да има навивање...
Балисти немаа никаков контакт со Гробари, тие беа ептен далеку, на Истокот
Проблеми направија Шверцерат и група од Приштина, како што можев да забележам... Балисти навиваа цел меч, ама најчесто скандирање, што за Шкендија, што за Србите итн... Тие пееја едно на едната страна, Шверцерат и тие другите пееја друго, на моменти и малку политички кога скандираа "Учк"
... Едно не ми беше јасно, зошто Шверцерат една песна испеаја против Вардар!?
Се на се, никаква организација, да неможе да се обезбеди место за 250-300 луѓе, кога веќе две трибини беа празни... Така барем немаше да настанат никакви проблеми, вака можеше да биде многу опасно... Тоа е тоа