Шведска - Македонија [26:26]

Статус
Затворена за нови мислења.

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Чешка - Германија 9-3 12 мин ... ШТО СЕ ДЕШАВА СО НЕМЦИВЕ ???
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
внимание, долг пост !!! :D


там там тататам там тататам, на на нанана нананан.... пампарам пам пам.... :)

уффффф, незнам што да очекувам, незнам....

Глобално, очекувањата се големи. До душа, и оправдани се таквите очекувања. Оваа селекција игра долго време заедно, имаме квалитетни поединци, сите се во најзрелите години... НО (за жал има но) ме плаши тоа што немаме аворитетен тренер. Но не треба и да претеруваме...

Ех, да го назначевме Червар, ќе бев уверен дека идеме до полуфинале. Вака со Шундовски, незнам, ми се чини дека ја нема потребната дисциплина во тимот.

Настрана тоа, најголем противник на нашите нема да бидат ни Шведска, ни Чешка и Германија, туку ПРИТИСОКОТ. Вечниот наш душман, кого кошаркарите успеаа да го совладаат и видовме што се случи. Се надевам дека и ракометариве, научија како да се справат со притисокот... се надевам...

За вечерашнава утакмица, ќе биде жустро. Да се допре Андерсен и да не им се овозможат шанси за контри... тоа ќе е клучното. Но, како што реков, ни тие не се толку опасни колку притисокот врз нашиве... Ако успеат да го убијат притисокот, победуваме !!!

Лошо е што немаме право на кикс... да беше групава со 6 екипи, ќе имавме можност за поправен, вака секоја утакмица е ПРЕМНОГУ важна.

Се надевам дека у пријателските ги криеја адутите, кои ќе ни бидат многу потребни...

Аутсајдери сме, тоа е можеби најдоброто у ситуацијава, сакам кога сме аутсајдери и кога им го пикаме аутасјдерски на фаворитите.... :)

Како и да е, сакам да остават срце на терен, да игра колективот да ги потиснат личните интереси во сенка, да играат како еден. Видоја како се прави тоа у септември...

Желба ми е пак, да го слушам Игорче (или кој било) како вика: КИРЕ ЛАЗАРОВ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ !!!
Желба ми е пак нацијава да се обедини, пак сите да дознаат за Македонија.

Сеа, сигурно ќе дознаат, бидејќи пративме триилјадна фаланга у Ниш. Ќе видат како се навива, ќе видат што е Македончето на трибини. Се надевам дека ќе се опаметат и идиотите (кои сигурн ќе ги има меѓу нашиве) кои заминале у Ниш па нема да има инциденти ко у Хрватска...

Сакам пак околку Аце да се соберат 100.000 Македонци прославувајќи нов успех...

Тоа е тоа, незнам што да пишувам, рацеве ми се тресат веќе, 351627 пати стиснав backspace оти испогрешив у пишувањево...

Ние сме подготвени за нов ураган, се надевам дека се и ракометарите...

НАПРЕД МАКЕДОНИЈО !!!
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Така и Докузовски го правевте немал везе ова она па стигна до 4то место ... Шундовски си е на место ..
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Абе остајте швабите дали гледате нашата публика што прави на овај натпревар. Можам да замислам што ке се случува за сат ипол:vozbud:. Најдобра публика ке имаме со најшироки срца ке навиваме, голем мотив е тоа за нашите играчи мора да победиме.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Косовско знаме ќе се вее од страна на нашите, како одмазда за тоа што србите отворија грчко знаме.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom