Швајцарец го брани македонското име

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Ако Грција побара да ги пребојосаме македонските ознаки на нашите авиони, ако треба три дена ќе седам на писта, ама не попуштам, гордо и достоинствено ќе го бранам името[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Пред два дена, на прес - конференција на МАТ се појави еден дечко со симпатичен македонски јазик. Николас Кимерле, комерцијален директор на македонската авиокомпанија, е Швајцарец. Но, за себе вели дека е голем македонски патриот.
Важи за добар познавач на авиобизнисот и сериозен директор посветен на работата.
[/FONT]

35-годишниот Кимерле е роден во Лозана. Почнал да студира биологија, ама сепак се специјализирал за авиотранспорт. Во Македонија прв пат дошол на осми април 1998 година како претставник на швајцарската авиокомпанија "Свис ер". Пред тоа бил претставник во Германија, Англија, Камерун и во Сенегал.
"Кога ме прашаа дали сакам да бидам претставник во Македонија малку знаев за земјата. Знаев за политичката ситуација, за проблемот со Грција и другите соседи. Но, тоа беше малку, па веднаш се закачив на Интернет за да научам што повеќе. Веднаш се одлучив да ја прифатам понудата и во Македонија дојдов еден ден порано за да си најдам стан. Следниот ден ми беше официјално првиот ден на работа во Македонија и веднаш отидов на чорба. Почнав да ја запознавам Македонија, Скопје, луѓето, обичаите. Требаше да останам само две години, а јас останав шест", раскажува Николас, како што го викаат сите во Македонија, иако, како што вели, неговото име е Никола, без с, зашто доаѓа од францускиот дел на Швајцарија.
Македонски научил многу брзо. Вели дека одел на курсеви, читал весници, гледал македонски филмови, се дружел. По шест години во Македонија, не дека сакал, туку морал да замине на ново работно место. Кога "Свисер" престана да лета од Цирих за Скопје и го затвори претставништвото во Македонија, Никола отишол во Танзанија каде што останал 2,5 години, како претставник на новата компанија "Свис" во Дар ес Салам. Вљубен во Македонија, вели, почнало да го фаќа носталгија и затоа најдобрите пријатели таму му биле единствените четворица Македонци кои работеле во Танзанија. По Африка, сакале да го вратат во Швајцарија, но тој сакал да се врати во Македонија.

"Пресреќен сум што пак дојдов да работам во Македонија, овој пат, во МАТ. Се вратив кај старото друштво кое се уште е истото непроменето. Само што сите се испоженија. Останавме тврдокорни јас и уште еден другар. Не сакам да си заминам од Македонија. Тука сум на неограничено време и како што стојат работите ќе земам Македонка", вели Никола.
Никола не само што не е имун на политиката, туку, како што вели, заинтересирано се малтретира со вести. Во тек е со се што се случува, омилени политичари му се покојниот Никола Кљусев и Јован Манасиевски, добронамерно критикува дека на младите македонски политичари им треба и по некој стар искусен политичар. Најмногу го засега спорот за името, зашто и неговата компанија МАТ е засегната со грчката забрана за прелет на македонските авиони.
"Ме нервира сето тоа. Знам за случајот на 'Палер' од 1996 година кога на Крф Грците со канта боја го бојосуваа зборот "маседониан". Слично му се случило и на МАТ во 1997 година.
"Мене тоа сега да ми се случи, три дена ако треба ќе седам на писта, ама не попуштам, гордо и достоинствено ќе го бранам името. Не го мразам грчкиот народ, ама ме нервира грчката политика и затоа од принцип во продавница не купувам грчки производи и не одам таму на одмор. Во односите со Грција ништо не е сменето цели 10 години, и пред да одам во Танзанија и сега се е исто. Не ја заборавив Македонија ни кога бев во Африка и таму го славевме добивањето на кандидатскиот статус за ЕУ на Македонија", вели Никола.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.183
Поени од реакции
34.407
Поголем Македонец од доста „македонци“. Браво :)
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
секоја чест за типот БРАВО
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Го имаше ова во Вест, во последниот број.Браво за човекот, типичен пример како се сака една држава и како се брани.
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Го гледав на ТВ во една утринска емисија ако не беше. Одлично зборува македонски човекот и се гледа дека е паметен. Браво.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Се надевам дека не и единствен, БРАВО !
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Човеков ни е на патот за влез во ЕУ и НАТО.
Некој да му се јави да му каже да не ги провоцира Грците.
Едноставно еве ја ќе му донирам боја нека префарба што треба, само да влеземе што побрзо во ЕУ и НАТО.
Сарказам.

Браво, пример за сите нас а поготово за оние што се сончаат на плажите на поробена Беломорска Македонија.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Браво за човеков! Закон е! Може да учиме од него какви треба и ние да бидеме!

:zver:
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
6.857
Поени од реакции
1.232
Свака Част за дечково поштуем
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
секогаш туѓините се поголеми патриоти...оние сега што се на власт низ грција се македонци...тиа се прават поголеми грци него вистинските грци...прашајте некој од по јужниот дел на грција што мислат за македонското прашање (значи правилните грци) ќе ти кажат дека егејска македонија си е македонска, дека грција си е грција и дека нема везе со македонија, и дека немаат проблем со нашето име...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom