До психа мислам е проблемот, до 6та партија Непо играше квалитетно ептен, ама многу стегнато, играше за реми, не сакаше ништо да пробува надвор од комфор зона, што и е океј да се очекува бидејќи огромна е тежината на мечот. Ама после тој пораз после 8 саати, ептен распад систем му се деси во психа, далеку игра од неговите можности. Реално Карлсен не може да се победи со Руј лопез, до 30ти потег сите варијации на потези ги има во глава, мора нешто поразлично да се проба, понесекојдневно, и тоа нема да упали најверојатно, ама играње со сигурни отварања нема шанси да донесе ништо. Дубов само за Карлсен, барем да има лудории малку, поинтересен да се направи мечот. Мислам следен предизвикувач ќе е Фирузија и тоа ќе е бајги зезнат меч, ама прејјак е упм Магнус, доминантен ептен.