- Член од
- 6 ноември 2024
- Мислења
- 1.588
- Поени од реакции
- 3.162
Богами и тебе мислењето ти е слаба страна. Ама кој да ти каже...Може да вежба и мислење не е на одмет има право на тоа...
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Богами и тебе мислењето ти е слаба страна. Ама кој да ти каже...Може да вежба и мислење не е на одмет има право на тоа...
Личност која најмногу ја имам гледано на Јутуб (заедно со Агадматор), може многу да се научи од сите негови видеа од серијата Speed runs, меѓу малкуте што можел да прави потези прилагодени на секое ниво и да го приспособи мозокот да размислува според ранкингот на кое го игра видеото. Одличен едукатор, коментатор, секогаш скромен, присебен... Се утепав од радост кога го победи Фаби во класикал пред неколку години. Вест која многу ме потресе, благодарност за се што има направено за шахот.RIP Мајсторе
Od sto umrel ?Личност која најмногу ја имам гледано на Јутуб (заедно со Агадматор), може многу да се научи од сите негови видеа од серијата Speed runs, меѓу малкуте што можел да прави потези прилагодени на секое ниво и да го приспособи мозокот да размислува според ранкингот на кое го игра видеото. Одличен едукатор, коментатор, секогаш скромен, присебен... Се утепав од радост кога го победи Фаби во класикал пред неколку години. Вест која многу ме потресе, благодарност за се што има направено за шахот.
Нема објавено јавно причина за неговата смрт, но се претпоставува дека е самоубиство поради булингот од страна на Крамник кој подолго време го обвинуаше дека е читер.Od sto umrel ?
Он Не лути се човече може да игра само.Богами и тебе мислењето ти е слаба страна. Ама кој да ти каже...
A so kurac kramnik se ponasa ko deteНема објавено јавно причина за неговата смрт, но се претпоставува дека е самоубиство поради булингот од страна на Крамник кој подолго време го обвинуаше дека е читер.

Веќе е надолу заминат. Веќе и нема такви играчи, ако сака Магнус и 3200 рејтинг нека има. Сето е на пресметка и извежбано до максимум. Се игра зихерашки, како пц вс пц да играат. Мене и Магнус не ми е интересен за гледање, не па новите што би излегле за 5-10 години. Порано имало камикази како М Тал затоа што немало компјутери и пресметки, па се анализирало со денови дали тоа е најдобар потег, како да се одбраниш итн... сеа комп ќе ти го каже тоа за неколку секунди.Што мислите за иднината на шахот?
Јас мислам дека врвот е достигнат, во иднина не би имало играчи ко Карпов, Каспаров, Фишер, Магнус...плус со АИ и моќниве компјутери кои секоја комбинација и игра може у милисекунда да ја предвидат нема ни интерес од човекот да се натпреварува.
Не знам статистички али јас не познавам дете кое игра или барем знае да игра шах. Јас коа бев дете (пред 30год.)кај мене у маало на клупи имаше секое попладне барем 6-7 парови на пензионери кои играат шах и ние ко деца гледавме и чекавме шанса некој да ни даде и ние некоја партија да изиграме. Сега мислам дека шахови се купуваат само да ти стојат ко украс не познавам некој да игра, за жал.
Може грешам и сум у такво опколување али од мал сум со шахот а сега не гледам некој да игра.
Веќе излезе на Нетфликс, кој сака може да го ѕирне.
Како машко пологично е да кликнеш на видео од Ботез отколку на некој маж, па колку сака нека биде интересен. Имаш еден куп морони што им бараат онлифанс.Веќе излезе на Нетфликс, кој сака може да го ѕирне.
Интересен е конфликтот што го имала со Каспаров. Карактерно е многу поагресивен во однос на Карпов (кој речиси и никогаш не покажува емоции) кој самоиницијативно ќе си ја признаел грешката, односно ќе одиграл потегот со (мислам) коњот. Дури и кога има видео доказ како ја пушта фирурата, Каспаров не сака да си ја признае грешката! Сепак, тоа е ерата на Каспаров, егото, па и реномето, игра значителна улога, пред се во тој затворен круг.
И има доста сол, пред се неколку клипчиња од Фишер во однос на неговите ставови за жените, па и неколку советски велемајстори кои го критикуваат стилот на Полгар.
Сега играта е многу променета, има релативно многу жени на Јутуб кои креираат видеа поврзани со шахот, притоа во видеата мора да внесат и трошка забава, нешто што поумешно го прават од мажите, кои одат на прегледност и аналитичност. Затоа и жените, па дури и оние кои не се велемајстори, се далеку погледани од мажите.