Шах

Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Мојот ник е DudukKajgana го напраив специјално за овој мини турнир кој го организирате... па кој сака да плешаме нека пише пп или слично да се најдеме.. позз
 

Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
организиравте нешто бе луѓе ? :helou:
 
Член од
22 јуни 2008
Мислења
457
Поени од реакции
52
Дај Дај да напраиме турнирче... АЈ некој нека организира :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Знам да играм, интересно е, ко помала почесто играв, ама поентата е што сум многу живчана, многу брзам, па затоа често знам да утнам. Немам многу живци за шах, а штета, интересно е. :)
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Ретко...порано играв повеќе, ама знаете, компјутери искочија и...
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
организиравте нешто бе луѓе ? :helou:
Се мислам како да ги направам правилата.
Се слагате ли така:

- За одредено време (ХХ) ако не се заврши играта се смети како нерешено?
- Победата носи 2 бода
- Поразот не добива поени


Ако се слагате почнете да се пријавувате, јас ке направам групи. И некој да ја пастира пак страната што ке играте.

Иаку не сум по шахот ама би се потрудил да ви направам едно турнирче. Гледам сакате.
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
479
Поени од реакции
140
chesscube.com е добра страна,може таму да направите турнир:toe:
 

Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Се мислам како да ги направам правилата.
Се слагате ли така:

- За одредено време (ХХ) ако не се заврши играта се смети како нерешено?
- Победата носи 2 бода
- Поразот не добива поени


Ако се слагате почнете да се пријавувате, јас ке направам групи. И некој да ја пастира пак страната што ке играте.

Иаку не сум по шахот ама би се потрудил да ви направам едно турнирче. Гледам сакате.
Победата нека носи 3 , ремито 1, поразот 0 исто ко фудбал.. партија нека биде најдобро на 15 минути.. мислам дека е доволно време за една добра партија шах без многу брзање, а без многу чекање... а за идеална страница и најлесна за снаоѓање мислам дека е http://playtoy.tportal.hr/ ... најубаво тука да организираме... :helou:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.344
Поени од реакции
57.967
Јас се регистрирав со истиов ник ама ќе мора да кажете кога ќе се игра и колку ќе трае, за да ви кажам дали имам време.

Инаку во шахот, победата е 1 поен, ремито е 0.5, ама не ми смета да е било како.

Исто мора да има време. Инаку некој за да не изгуби нема да игра потези и ќе треба да прогласите реми (ако разбрав добро таков беше планот). Одредите на колку време ќе се игра.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Јас се регистрирав со истиов ник ама ќе мора да кажете кога ќе се игра и колку ќе трае, за да ви кажам дали имам време.

Инаку во шахот, победата е 1 поен, ремито е 0.5, ама не ми смета да е било како.

Исто мора да има време. Инаку некој за да не изгуби нема да игра потези и ќе треба да прогласите реми (ако разбрав добро таков беше планот). Одредите на колку време ќе се игра.
http://forum.kajgana.com/showthread....52#post2797552
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Играм шах добар играч сум ама не играм онлине ...интересна игричка за тепање време
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Во последно време поретко играм, кога бев помал три - четири години повеќе играв.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Шахот е една од најстарите и најраспространети игри на плочи. Мошне сложена игра во која се мобилизираат сите човекови ментални, интелектуални, па и физички сили-логичко заклучување, фантазија, интуиција, упорност во барањето на скриени можности и комбинации и друго.
Шахот потекнува од Индија,а неговата структура е плод на староиндиската филозофија и мистиката на броевите. Најнапред настанала "Игра на војната" или "Чатуранга". Се работи за четириделно-поетски назив за староиндиската војска која имала 4 рода на оружје: пешаци, коњаници, слонови и борни коли. "Чатуранга"-та мошне рано ја презеле Персијанците кои и дале назив "Чатранг". Кога калифот Омар ја покорил Персија, во средината на 7-от век, со играта се запознале и Арапите и ја нарекле "Шатранџ". А така се нарекувал шахот игран според старите правила во целиот среден век. Играта обично завршувала со заробување на противникот, а мат (на арапски "шах-махт"-кралот е мртов) се сметал за мошне убаво завршување кое вредело да биде забележано.
Се смета дека ерата на современиот шах почнала околу 1475-та година, кога се утврдени денешните правила на играта.

За една голема шаховска личност:
На 27-ми јануари 1790-та година во Велс се родил Вилјем Девис Еванс. Биографијата на овој познат шахист е мошне интересна.
Кога имал 14 години му се посветил на морнарскиот живот и во брод бил се до 1850-та кога, поради лошо здравје, е пензиониран. Шах научил да игра кога имал 28 години, но мошне брзо напредувал, особено благодарение на дописните партии со познати партнери.
Шаховското отворање што го носи името Евансов гамбит е создадено во 1824-та година, додека тој управувал со поштенски брод помеѓу пристаништата Милфорд во Велс и Вастерфорд.
Во 20-тите и 30-тите години на 19-от век Еванс, по струка поморски капетан, бил еден од најдобрите шахисти во Лондон. Тој е пронаоѓач на оригинален систем на морска сигнализација за спречување на судари. За тој пронајдок е награден со парична награда од англиската влада, а од рускиот цар добил на подарок златен џебен часовник и парична награда.
Како пензионер, Вилјем Девис Еванс живеел во Остенде, каде што умрел речиси слеп и во тешка материјална ситуација. Помошта што за него ја организирал познатиот шаховски работник Џорџ Вокер за жал стасала предоцна.
На гробот на Еванс во Остенде има натпис на чиј крај се вели дека тој е автор на во шаховскиот свет прославениот Евансов гамбит.

"Проблемски" шахист:
Кон крајот на 19-от и на почетокот од 20-от век мошне популарни биле шаховските проблеми што ги поставувал познатиот англиски шахист Артур Мекензи (1861-1905), кој живеел во градот Кингстон на Јамајка. Шаховските композиции почнал да ги објавува кога имал сенасе 19 години, а во текот на кариерата негови околу 300 шаховски проблеми биле посебно забележани. Од нив дури 50 се наградени со прва награда.
Меѓутоа, кога Мекензи имал 33 години го изгубил видот. И покрај тоа продолжил да компонира шаховски проблеми, па на конкурсот на Англисклиот шаховски магазин во 1897-ма година за дваиполпотезен проблем добил прва награда.
Во 1887-ма година Артур Мекензи издал зборник на своите проблеми под наслов "Шаховска лирика". Шаховските задачи што ги составувал тој, слеп и упорен човек, одличен познавач на шахот, му донеле светска слава.

За едеен необичен шаховски меч:
Средбата на двајцата шампиони на светот, во кагегоријата шахисти-велемајстори Гари Каспаров и во категоријата електронски сметачки машини компјутерот "Длабоко размислување", е одржана во Њујорк, на 22-ри октомври 1989-та година. Иницијатор на овој несекојдневен меч била американската фирма Еј Џи Си, а место на одигрувањето зградата на њујоршката Академија на уметностите. Меѓутоа, додека Каспаров седел на шаховската маса, неговиот "партнер" бил во Питсбург. Потезите на оваа машина стасувале по телефон во Њујорк, што значи дека овој меч, кој се играл во 2 партии, имал карактер на дописно-телефонска средба. За секоја партија партнерите имале за размислување по 30 минути, па целиот меч е одигран за еден ден.
Каспаров ги добил двете партии, и тоа првата со црни, а втората со бели фигури.
Пред овој меч, машината "Длабоко размислување" го победила, во меч од 5 партии, велемајсторот Роберт Берн (САД). Таа станала шампион на светот во категоријата "Компјутери" на 6-тото Светско првенство што е одиграно кон крајот на мај во 1989-та година во Канада. По 5 одиграни кола машината ги освоила сите 5 поени. Нејзините можности се мошне високо оценети оти во секунда анализирала 720.000 позиции. Таа не игра до мат, туку е толку усовршена што навреме ја предава партијата.

Неколку шаховски занимливости:
-Ханс Фарни (1874-1939) е првиот мајстор кој играл симултанка против 100-мина противници. Таа е одржана во 1911-та година во Минхен. Постигнал 55 победи, 39 мечеви завршиле со реми, а 6 партии изгубил во текот на 7,5 часа, колку што траела симултанката;
-Еден од најголемите шаховски скандали се случил во 1987-ма година. Зонскиот турнир во Џакарта (Источна Азија/Австралија) е поништен по обвиненијата дека кинеските играчи местеле резултати на партии за да осигураат еден од нив да се пласира на меѓузонски турнир. Повеќето од играчите одбиле да играат по партијата во која еден кинески шахист ја предал во реми позиција, а потоа друг изгубил на време (гледал други партии се додека не паднало знаменцето на часовникот) против кинески шахист кој бил во врвот и се борел за пласман на меѓузонски турнир. Потоа ФИДЕ го поништи турнирот. Подоцна претседателот на ФИДЕ Кампоманес ја поништи таа одлука и ги призна резултатите;
-Постојат 8 различни начин во 2 и 335 различни начини на матирање во 3 потези;
-Багдадскиот калиф Билаг е првиот кој компонирал шаховски проблем-во 840-тата година;
-Кралот на Данска и Англија Canute, во 11-от век, научил да игра шах во текот на патување за Рим. Кога играл со еден дански благородник дошло до инцидент. Кралот одиграл лош потег и се обидел да го врати, но благородникот тоа го одбил и ја превртел таблата. Кралот тогаш го извадил мечот и го убил;
-Насловот на автобиографските книги на Карпов и Корчној е ист: "Шахот е мојот живот";
-Светската шаховска федерација проценува дека постојат околу 550 милиони шахисти;
-Турнирска партија преку телепринтер е одиграна на 25-ти август 1965-та година, кога Боби Фишер играл на Меморијалниот Капаблански турнир. Ги играл партиите преку телепринтер од Њујорк против противниците кои биле во Хавана, на Куба;
-Леди Џејн Карев е прва шахистка која живеела во 3 века-од 1797-ма до 1901-ва година;
-Ефим Гелер, Марк Тамјанов, Давид Бронштајн, Лав Полугаевски и Михаил Таљ се единствените играчи кои играле на 20 или повеќе шампионати на поранешниот СССР на финален турнир;
-Рекорди во мечеви за титулата светски шампион:
Најмалку ремија-1 (Штајниц-Чигорин, 1889);
Најголемо враќање-Штајниц го надминал 1-4 поразот против Зукерторт и победил во 1886-та година;
Најдолга партија- 124 потези (Корчној-Карпов, 1978);
Најдолг меч-48 партии (Карпов-Каспаров, 1984-85);
Најмногу ремија во еден меч-40 (Карпов-Каспаров);
Најголем број на мечеви-8 (Ласкер);
Најмногу победи во еден меч-11 (Аљехин-Бого, 1929);
Најкратка победа-19 потези (Штајниц-Зукерторт);
Најмногу последователни ремија-17 (Карпов-Каспаров);
Најголем број на потези во меч-1647 (Карпов-Каспаров);
Најдолго траел-159 дена (Карпов-Каспаров);
Најголема разлика во години-32, разлика помеѓу Емануел Ласкер, кој имал 26, и Штајниц, кој имал 58 години;
Најстар светски шампион-Вилхелм Штајниц, на 56 години го победил Чигорин;
-Кратка партија: на отворениот шапмионат на САД во 1959-та година е одиграна следната:
Бел: Masefield; Црн:Trinka
1: e4 g5
2: Nc3 f5
3: Qh5 mat
Мат во 3 потези!

Дали играте, колку играте, дали сте добри? Дали шахот е спорт или не? Дали шахот се базира на интелегенцијата или искуството? Омилен шахист? Дискусијата овде...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom