Шагринскa кожа

С

Сатори

Гостин
~*~

Скоро сите што пишаа дека не би ја зеле имаат максимум 18 години,и некако ми се чини дека реалноста уште не ви удрила во глава.
Верувате во правда?Или дека ќе имате вечен детски живот?

Земајте кожата,скратете едно 20 години старачки живот,мочање во пелени,склероза и итн..за да изживеете бар еден асален и исполнет младачки живот...инаку кожата ќе фунционира кај луѓе што знаат што сакаат и што се умерени.Инаку ќе има ист ефект како дрога.
Значи фактот дека ти имаш 20 треба да ни докаже како ти си пораснал и дека сите ние живееме во свет полн со илузии и виножита?
Дека реалноста ни е потполно страна работа?

Знаеш, луѓето се познаваат по две работи, или се квалитетни или не се, или се борат за тоа што го сакаат и се носат со реалноста, или бегаат од неа барајќи причина да ја прекинат и да им се препуштат на „шагринските кожи“.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Фичо, а подобро би било да живееш 90 години опкружен со фамилија и пријатели, отколку 40-45 години затворен, испотен од мака, нервозен со дволични пријатели шо само заради парите ќе бидат со тебе? о.0
А од каде идејата дека ќе сум богат? :)

Парите не ја прават среќата, кожата ја прави. :)
 
Б

БејбиГрл

Гостин
Би ја зела да си исполнам некои неостварени желби,и ќе ја чувам да си ја користам така ептен коа ќе ми притреба,коа ќе ми биде тешко....значи нема да ја користам често(ама колку ќе можам да го издржам тоа незнам)
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.584
Поени од реакции
13.248
Замисли да ја одбијаш кожата, и следна работа, те гази камион и умираш на место. Подоцна ќе умриш од мака оти не си ја зел кожата... :)

А 2 сцена...

Ја земам кожата и посакувам да живеам долг, среќен живот! Или тоа не спаѓа во асортиманот на понуди на оооооооооо величенствената шагринска кожа?

Или сепак е тоа само книга... :)

Најверојатно последново :kesa:
 

Gadfly Baba

Registered Loser
Член од
20 февруари 2007
Мислења
997
Поени од реакции
21
Значи фактот дека ти имаш 20 треба да ни докаже како ти си пораснал и дека сите ние живееме во свет полн со илузии и виножита?
Дека реалноста ни е потполно страна работа?

Знаеш, луѓето се познаваат по две работи, или се квалитетни или не се, или се борат за тоа што го сакаат и се носат со реалноста, или бегаат од неа барајќи причина да ја прекинат и да им се препуштат на „шагринските кожи“.
Дај не треси за реалност на ваква тема.Се беше поставено од книга со волшебна кожа,искрено не се замарав со метафорите за истата,ја сфатив како што беше објаснето,исполнување на желба со кратење на животот.
Е сеа ме изиритираа изјави како супер ми е сеа и неам потреба од никаква жртва за подобар живот,сите што напишаа вака ги доживеав како деца,а и испаднаа деца и на годишна база.
Зошто не сте спремни да жртвувате дел од животот за животна желба?Сепак тоа е неизбежно,само целата работа е што кожата е представена како шорткат.

бајДуеј
Се што мислиш дека си го заслужила можеш да го добиеш?
Ти си квалитетен човек што се бори за тоа што го сака и секогаш ја носиш реалноста на грб?
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Каде е исполнетоста од уживање во последиците на заслужената работа?
Книгава е баш за да ни укаже дека ништо не `паѓа од небо`, се` си има своја цена и не можеме да добиеме без да дадеме, без да се потрудиме, среќата треба да се заслужи. И тогаш среќата е вистинска, не` исполнува.
 
Член од
9 февруари 2008
Мислења
4
Поени од реакции
0
не би ја земал.
иако дава се што ќе посакаш, сепак немаш доволно време да го искусиш поради скратувањето на животот
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Прво, фала шо не` просветли на темава дека е досадна книга.

Второ, не е досадна туку не ја сфаќаш или не сакаш да читаш.

Трето, не е шит, тоа е Балзак и е класика.

А онтопик, не би ја зел кожата. Не сакам да знам кога ќе умрам.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
47
Поени од реакции
2
Кога сме веке кај Шагринска кожа, има ли некој нешто за животот и делото на Балзак, ке бидам благодарна ако ми дадете
btw се извинувам за офтопик-от:smir:
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
за лектира ми е..почнав да ја читам..ама почетокон ми е безвезен мислам премногу се има задржано на опишување на некои работи шо можат да се искажат и во 5 реченици,а не 5 страни, а не ни спомнал како се вика главниот лик т.е. на почетокот не се освртува на главниот лик..

иначе доколку би имала можност не би ја зела, подобро ми е да се трудам, да успеам сама со свој труд и да си доживеам и старост отколку да живеам уште 20 години, да живеам брзо и све да си имам готово..
:toe:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
543
Мене ми е за утре за обработка, треба да ја прочитам до вечер, уште на почетокот сум, ама знам што се дешава. Занигде е книгата со тие непотребни описи.

Он топик: Да, би ја зел... Барем би живеел како сакам.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Мене ми е за утре за обработка, треба да ја прочитам до вечер, уште на почетокот сум, ама знам што се дешава. Занигде е книгата со тие непотребни описи.

Он топик: Да, би ја зел... Барем би живеел како сакам.
Првите 70 страници колку што ме држи сеќавањето се полни со описи, но ако читаш внимателно, ќе ја најдеш убавината во секој опис. Штета што денес се реткост професорите кои на учениците им ја објаснуваат убаво суштината и даваат критички осврт на книгите.
П.С. Не би ја земала кожата, затоа што животот го сакам со сите предизвици, среќни и несреќни случки. Едноставно и` оставам се` на судбината.
 

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
Во никојј случај не би ја зела затоа што животот е убав и поубаво е кога знаеме дека самите сме се избориле за остварување на своите желби без притоа да го ставаме на коцка најскапоценото нешто што ни е дадено од Бога..Животот нема цена и е дар од Бога кој не заслужува да би го скратиле заради земските задоволства..
 

Mag_sk

••• dreamer •••
Член од
8 октомври 2008
Мислења
43
Поени од реакции
0
Јас не би ја зела!:nenene:
Се што премногу лесно се добива, скапо ќе те чини.
Во животот со доволно труд и работа се се постигнува! Не ти треба ни магија, ни кожи..само воља и труд! :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom