Секој ден милион деца умираат од глад, ама сепак наместо чудо да се случи со тоа што ќе се смени тоа за миг, сепак нешто се случи во Македонија, и Македонците како "избран" народ. Се исчистија фреските.....
Сепак дали чудото може да го видат само тие што имаат 500 денари, а што е со оние кои немаат што да јадат, како ќе влезат тие за да бидат блиски со бога и со тоа чудо?
Исус дали наплаќал кога ги правел чудата и го лекувал народот?
Според протојерејот Африм, црквата ќе биде отворена 24 часа на ден, а влезниците за сите оние кои ќе сакаат да го видат г. г. г. Стефан се наплаќаат по 500 денари од човек. За деца до десет годишна возраст и за лица постари од 60 години влезот е 250 денари
Верувам во Бог , но верувам и во науката, и мене искрено ова ми делува на материјалистичка превара, имам и некоја моја теорија.
Ај да имавме некоја саглам црква и управување, али во Македонија, црквата на секој начин гледа како да заработи во поголемите градови, додека во изолираните места, малку работите се свртени кон црковното а не кој материјалистичкото.
Науката сепак вели дека дури и при самото правење на фреските, хемијата игра голема улога, во целата процедура на правењето на фреската, вар гипс, цртање,боење, сушење...
Во процедурите се употребуваат соединенија и некои од нив се:
SiO2
CaO
H2O
Ca(OH)2
CO2
CaCO3
Како за правење така и за одржување на уметничките дела има трикови.
Хемиски продукти добиени како резултат на одредени реакции и овозможуваат фасцинантен ефект и чистење на остарени остатоци од уметност.
Отворете го прикачокот, на интернет има сигурно многу материјал за одржување, па дури и санација на ептен стари уметнички дела