Гледате дека не се разбирате од тие работи? Светот во кој што живееме е во власт на лукавиот.
Во 1 Јованово 2:16 ни следи потврдата за редоследот на елементите на искушението, но и уште една додатна информација; “...се што е во светот – похотта на телото, желбата на очите и горделивоста на животот, не е од Отецот, туку од овој свет. А светот е минлив и похотите негови, а оној што ја извршува волјата Божја, останува довека“. А во претходниот стих, ни е дадена информацијата “Не љубете го светот и се што е во него. Ако некој го љуби светот, во него нема љубов од Отецот“. Значи, лукавиот делува во светот.