Не. Значи е со тврдо В и не само полошко го користиме, а сум го слушал и во източна Македонија исто така со истото значење - празно пусто.Претпоследното ВИРАН е всушност ФИРАН и е во блиска врска со ОФИРАН (омаловажуван, ништожен).
Фиран = отпадок, шкарт.
Кај нас „виран“ значи неубав, лош...А за фиран и јас немам слушнато...ВИРАН кај нас во валандово значи валкан, нечист. а збор Фиран до сега не сум слушнав овде.
Кај нас „виран“ значи неубав, лош...А за фиран и јас немам слушнато...
Цифун (како што си напишал Цифуњ) колку што ми е познато е цевка која на крајот се стеснува и се користи во водениците за насочување на млаз вода во тркалото.
Сочијо е всушност сочиво (леќа).
Јас па го знам ФИРАН и кога се употребува се мисли на нечист, мацан, валкан, сокинат, раздрснат.ВИРАН кај нас во валандово значи валкан, нечист. а збор Фиран до сега не сум слушнав овде.
Исто е - се разликува од наречје до наречје. До изговорот е...Јас сум го чул како Циун, млазот што удира на воденичарското колце. Ама може да е од Цифун.
Па исто е... Сите толкувања се слични едно со друго и се вртат околу : отпадок, нечистотија и сл.Јас па го знам ФИРАН и кога се употребува се мисли на нечист, мацан, валкан, сокинат, раздрснат.
А зборот мацан?
Мацање= Макање (јадење без прибор, со прсти и залак леб)А зборот мацан?
Ништо немора јас предпоставуам, и давам пример ако ти имаш друг , но тоа што е и на Србски и на Бугарски тоа незначи дека коренот е од соодветните јазици.А зошто БАШ мора да биде од латинскиот збор виридис?
Зар не може да произлегува од наш збор, српски, грчки, албански, унгарски, турски...?