Чудни македонски зборови

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.288
Поени од реакции
25.557
Мислев на тоа дека секој поинаку си ги толкува зборовите :) Инаку знам што значи башка (посебно, одделно) и дека е турски збор...
Е добро како другчие моше да се протолкува ``башка`` освен како ``посебно`` ???
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507
Сучка ........., незнам зошто, но ептен ми е чуден зборот :)
 
Член од
11 јуни 2013
Мислења
13
Поени од реакции
53
Е добро како другчие моше да се протолкува ``башка`` освен како ``посебно`` ???
На друг начин зборот "башка" може да се преведи како: друг, посебен, одделно
Пример: Спиеше на башка постела. ( тука во овој пример, "башка" може да се сфати како "друга" )

Во мојот дијалект коа се кажува "башка" најчесто се мисли на "друг/а" (исто како во горенаведениот пример) , а во некои случаеви и како "посебен".

А еве ти и пример за "башка" кога се употребува во случаеви кога се мисли исклучително на "посебно" или "одделно" :
Пр: Сето тоа ние башка ќе го платиме. (тука нема смисла "башка" да значи "друг/а"... Пр: Сето тоа ние ДРУГ/А ќе го платиме.- нема смисла, нели ? Пр:Сето тоа ние ПОСЕБНО ќе го платиме. - е во овој случај ова е правилното значење )

Се надевам дека помогнав малку од малку :)
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Е добро како другчие моше да се протолкува ``башка`` освен како ``посебно`` ???

Не мислев на толкувањето... Пак не си ме разбрал. Можеби ќе ме разбереше да кажев дека секој си е “башка будала“, ама ај не сакав да не ме разберете пак погрешно....
Кога пишав така мислев дека секој (секопе наречје) зборовите што ги напишав си го толкува побашка :)
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
1.Кастиле - намерно, за инает
2.Елбет - евентуално
3.Збоктиса - здосади
4.Сочијо - грав
5.Цифуњ - место кај што дува ветер, силна промаја
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
Коњопој - прво смешно па после чудно ми беше кога дојдов во Скопје како дете од село, али после ми кажаа дека тоа биле високине масички по дискотекине.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.288
Поени од реакции
25.557
Не мислев на толкувањето... Пак не си ме разбрал. Можеби ќе ме разбереше да кажев дека секој си е “башка будала“, ама ај не сакав да не ме разберете пак погрешно....
Кога пишав така мислев дека секој (секопе наречје) зборовите што ги напишав си го толкува побашка :)
Ок е друже... најбитно од се е што многу збориш а малку кажуваш....
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Цифун (како што си напишал Цифуњ) колку што ми е познато е цевка која на крајот се стеснува и се користи во водениците за насочување на млаз вода во тркалото.
Сочијо е всушност сочиво (леќа).
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.288
Поени од реакции
25.557
Цифун (како што си напишал Цифуњ) колку што ми е познато е цевка која на крајот се стеснува и се користи во водениците за насочување на млаз вода во тркалото.
Сочијо е всушност сочиво (леќа).
ја како сифон го имам чуено ....
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
Цифун (како што си напишал Цифуњ) колку што ми е познато е цевка која на крајот се стеснува и се користи во водениците за насочување на млаз вода во тркалото.
Сочијо е всушност сочиво (леќа).
Да можно е и да е цевка но има и логика да се користи за силен ветер барем кај нас така го користиме.
Сочиво може да е леќа, но кај нас на гравот си му викаме Сочијо а на мешунките од гравот сочијарка. Таќе си е к’ј нас:)
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
ја како сифон го имам чуено ....
Па, цифун е произлезено од сифон (или обратно е ?!) - истиот збор е, само цифун бил во употреба порано од “странскиот“ сифон, пред да влезат “странските“ зборови кај нас во употреба (од кои најголемиот дел се повторно со македонско потекло, само поминати низ странските усти).
--- надополнето: 6 јануари 2014 во 11:50 ---
Да можно е и да е цевка но има и логика да се користи за силен ветер барем кај нас така го користиме.
Сочиво може да е леќа, но кај нас на гравот си му викаме Сочијо а на мешунките од гравот сочијарка. Таќе си е к’ј нас:)

Можеби така се вика силен ветар поради неговата сила (како да е истиснат низ цифун - колку потесна цевка толку поголема сила). Може да се нарекува така поради формата (како инка) - затоа што и торнадото има форма на цифун-инка.
Можеби треба и да се спореди зборот ЦИФУН со зборот ТАЈФУН па да се види што ќе испадне...
--- надополнето: 6 јануари 2014 во 11:52 ---
Сочиво е леќата (прехрамбена) поради нејзината форма. Затоа и го добила тоа име - поради нејзиниот облик на оптичка леќа односно оптичко сочиво (синоним за леќа).
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
1.Трмка - Пчела
2.Пизми - Мрази
3.К’р - слабо плодна земја
4. Виран - празно, пусто.
5. Вирее- живее, успева. Последниве две сигурно се поврзани со латинското viridis зелен, зеленее.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Претпоследното ВИРАН е всушност ФИРАН и е во блиска врска со ОФИРАН (омаловажуван, ништожен).
Фиран = отпадок, шкарт.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom