Чудни македонски зборови

Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Може и така да се свати, затоа што тоа е отпадок, она што отпаѓа или се отфрла од конечниот производ.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
Претпоследното ВИРАН е всушност ФИРАН и е во блиска врска со ОФИРАН (омаловажуван, ништожен).
Фиран = отпадок, шкарт.
Не. Значи е со тврдо В и не само полошко го користиме, а сум го слушал и во източна Македонија исто така со истото значење - празно пусто.
Офиран или офирен значи прозирен, видлив, истакнат. Додека ФИРА значи вишок, отпад.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
В и Ф се заменуваат често, поготово во прилепско (во Прилеп многумина го викаат Вилип наместо Филип - кој знае како е поисправно, затоа што “свилено“, “увилено“ значи “нагалено“, некогаш “натажено“...).
Според тоа, “виран“ и “фиран“ се истиот збор.
Тие се повеќезначни, но сепак значењата им се поврзани со отпад(ок), валкано нешто, одвишок. А “офирање“ во српскиот јазик значи “валкање“ на некого, “валкање“ на неговото име, оговарање на некој начин...
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
ВИРАН кај нас во валандово значи валкан, нечист. а збор Фиран до сега не сум слушнав овде.
 

TheQueen

Поларна мечка од цвет на цвет
Член од
26 ноември 2013
Мислења
584
Поени од реакции
791

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Кај нас „виран“ значи неубав, лош...А за фиран и јас немам слушнато...

така нешто, кога зборувам со валандовчани јас за нечист викам виран, како и сите други. а за неубав и лош се користат истите зборови.
 
Член од
27 февруари 2012
Мислења
64
Поени од реакции
48
Цифун (како што си напишал Цифуњ) колку што ми е познато е цевка која на крајот се стеснува и се користи во водениците за насочување на млаз вода во тркалото.
Сочијо е всушност сочиво (леќа).

Јас сум го чул како Циун, млазот што удира на воденичарското колце. Ама може да е од Цифун.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Јас сум го чул како Циун, млазот што удира на воденичарското колце. Ама може да е од Цифун.
Исто е - се разликува од наречје до наречје. До изговорот е...
--- надополнето: 9 јануари 2014 во 22:13 ---
Јас па го знам ФИРАН и кога се употребува се мисли на нечист, мацан, валкан, сокинат, раздрснат.
Па исто е... Сите толкувања се слични едно со друго и се вртат околу : отпадок, нечистотија и сл.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
А зборот мацан?
Мацање= Макање (јадење без прибор, со прсти и залак леб)
--- надополнето: 10 јануари 2014 во 16:31 ---
Во однос на Вирее и ВирАН како што напишав доаѓа од латинското viridis- зелен зеленее, односно каде што нешто зеленее значи успева нешто живее, и со додавката АН како негација, на крајот од зборот логиката е повеќе од јасна
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
А зошто БАШ мора да биде од латинскиот збор виридис?
Зар не може да произлегува од наш збор, српски, грчки, албански, унгарски, турски...?
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
А зошто БАШ мора да биде од латинскиот збор виридис?
Зар не може да произлегува од наш збор, српски, грчки, албански, унгарски, турски...?
Ништо немора јас предпоставуам, и давам пример ако ти имаш друг:) , но тоа што е и на Србски и на Бугарски тоа незначи дека коренот е од соодветните јазици.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
1.Јагуре-малечок недоразвиен грозд кој што узрева покасно.
2.Бабуле-мочен меур.
3.Куфет-кондиција,сила
 

Kajgana Shop

На врв Bottom