Чудни македонски зборови

Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Незнам дали е спомнат зборот КРКМИ,што за мене е многу чуден и незнам колку се употребува.
Демек тоа било шишки...:pos:
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Стрижење...се мисли на шишање:confused:
А колку што знам,само овците се стрижат:pos:
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Стрижење...се мисли на шишање:confused:
А колку што знам,само овците се стрижат:pos:

Шиша го нема како глагол во македонскиот литературен јазик и се води како дијактен збор од северните наречја (што е неправилно според мене, но тоа е сега друга приказна...). Во книжевниот јазик се употребува токму стрижи, сеедно дали за луѓе или за овци. :)
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Шиша го нема како глагол во македонскиот литературен јазик и се води како дијактен збор од северните наречја (што е неправилно според мене, но тоа е сега друга приказна...). Во книжевниот јазик се употребува токму стрижи, сеедно дали за луѓе или за овци. :)
Тревата се стрижи, луѓето се косат.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Не ме ашкај,ко демек не ме закачај...не знам само дали е македонски... :D
 

Shakti

The blue-lidded daughter of Sunset
Член од
6 ноември 2012
Мислења
918
Поени од реакции
3.372
Незнам дали е спомнат зборот КРКМИ,што за мене е многу чуден и незнам колку се употребува.
Демек тоа било шишки...:pos:
И во Прилеп се употребува овој збор што и мене ми е смешен ама што да правам, од Прилеп сум чоек.:icon_lol:
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Бегло - прилог за начин кој означува брзо, кратко, привидно, површно, плитко, без интензитет и сл. Веројатно коренот е глаголот бега, па бегло би означувало нешто направено како со бегање, нешто набрзина и со тоа и не темелно.

Мислам дека се употребува и во некои дијалекти на бугарскиот јазик, само не знам кои - нека сподели ако знае некој од бугарските гости на форумов...
 
Член од
27 февруари 2012
Мислења
64
Поени од реакции
48
Шиша го нема како глагол во македонскиот литературен јазик и се води како дијактен збор од северните наречја (што е неправилно според мене, но тоа е сега друга приказна...). Во книжевниот јазик се употребува токму стрижи, сеедно дали за луѓе или за овци. :)
Сосема точно, потстрижување е македонски. Шиша ти е 102.7% србизам навлезен околу 60-70тите, од популарната југословенска култура. Етимологијата ми е целосно непозната, можеби е и само жаргонски белградски збор. Некако грубо звучеше дамите да одат на фризер да се постришуваат, па почна да се упторебува се шиша.
Каква иронија, сега стрижење е чудниот збор, а шиша е вистинскиот. Ех Македонијо ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom