Чудни македонски зборови

  • Креатор на темата Креатор на темата anaveno
  • Време на започнување Време на започнување
Би ли ги објаснил зборовите чалам и чмаене.

Чаламење значи перчење, чалам - разметливост
Чмаење ќе ти го објаснам поопширно, затоа што во моментот не можам да се сетам на соодветен (еден) збор.
Значи, чмаење претставува “неактивност“, “баталеност во некое ќоше каде се дреме и каде ништо не се случува“. Најчесто зачмаеност може да се долови во некои забаталени, пасивни краишта, села и сл. Ете така некако , доколку успеав да ти го доловам значењето на овој збор можеби тебе побрзо ќе ти текне за соодветен пандан на “зачмаеност“ :)
 
Така мислев, ама не бев сигурен. На бугарски е без начално ч - маене. Еве една реченица "Да се чуди и мае". Чалам е турцизам - чал'м. Џитка е истото, а гувеење е говеене -
староб'лг. говѣти. Сродни думи: лат. faveō, -ēre благоволјавам, староисл. , мин. вр. gáða (< *gawiðō) „уважавам, благоговеја“, швед. gömma „гледам“ от ие. *ghaw. Сите со истото значение, но акцентот малко ме зачуди.
 
Џитка мислам дека беше стап танок и долг кој се фрла (со метален врв е копје). Треба да разбарам и проверам бидејќи не сум сигурен и не сум баш сигурен дека е турски збор, можно е да беше унгарски.
 
И на мен Џитка ми наликува на турцизам, но немам време да изтражам. Кажи нешто за кокар. Беше постирал преди, но немаше за етимологиjата. Jaс мислам на една, но прво сакам да вида и друго мнение.
 
Кокар е арпаџик. Или, тоа е расад за кромид. Кога од семето на кромид порасне мало кромидче со главица голема колку една поголема леблебија, тоа се зачувува до пролетта како такво и се сади за да од него порасне голем кромид.
--- надополнето: 7 ноември 2012 во 18:32 ---
А ако мислиш за етимологијата, тогаш кокар најверојатно има врска со “кок“ = “клопче“, нешто во форма на топка. “Кок“ исто така се вика и женската пунџа (се мислев дали пунѓа или пунџа :) ), односно, женската коса собрана на темето во вид на топка , но доколку буквите “к“ се читаат како “ц“ (не е невообичаено) се добива цоцар, односно “цацар“, а тоа е вид на грав (па и грашок) со топчеста форма. Поради тоа и Цицерон го добил својот прекар (дедо му имал точест израсток, во вид на гравче, на носот поради што го завикале Цицерон (цацар-он) ). И именката “кикиритка“ е само варијанта на истиот збор...
 
Од тоа што знам имото на Цицерон произлегува од цицера, што занчи нахут, а не од грав, што е писорум, но тоа не е важно, се е некакво гравче, ама да те прашам има ли врска со цица, цоца, циреj, биберон? Што мислиш? Може ли да дадеш примери за транзиција к - ц кај зборови од латинско потекло во македонскиот јазик?
 
Станува збор за Новолатински и Старолатински вид на говор. Затоа, на пример, истото име Цезар се чита како Каезар (од што произлегло подоцнежното Кајзер).
 
Чочка - вака во Прилеп се нарекуваше вид летало од хартија врзано со конец, исто се лета како балонот, но е помало од него и има форма на авионче или птица.
 
Џитка мислам дека беше стап танок и долг кој се фрла (со метален врв е копје). Треба да разбарам и проверам бидејќи не сум сигурен и не сум баш сигурен дека е турски збор, можно е да беше унгарски.

Џитка , ние си викаме една рачна направа со која се фрлаат камења , си гледал можеби и палестинците си фрлаат камења со тоа.
 
Џитка камења е кај нас како израз останато за некој гулабар, буквално би се превело како фрла. Исто има изрази како се џитка во езеро, се џитна да се тепа и слично.
Не верувам дека се работи за албански збор од причина што во Прилеп немало албанско влијание.
Можеби се работи за турцизам кој го користат и двете нации.
 
Не реков дека е албански.

ГИТ е турски збор , на македонски значи ОДИ, тргнувај , бегај.

А кај нас знаеш како доживуваат мутација зборовите , и од ГИТ , станало ЏИТКА.
 
Не мислев ништо во пежоративна конотација кога реков дека не е албански збор. Не би ми пречело воопшто и да е, само би ми ја изненадило малку логиката.
Најверојатно се работи за турцизам, се употребува исто и Гитла за истатата терминологија што ја спомна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom