Човеколики мајмун или Адам и Ева?

Како настанале луѓето?

  • Човеколики мајмун

    Гласови: 162 66,9%
  • Адам и Ева

    Гласови: 80 33,1%

  • Вкупно гласачи
    242

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Теоријата на еволуцијата е измислена од енглезите за "благородниците" да го оправдаат својот нехуман однос спрема робовите.
Се буни некој кога лавот ја јаде антилопата?
Не, така и вие нема да се буните кога ќе ги камшикуваме инфериорните црнци.
 

Аеродром

Faithful :)
Член од
15 август 2008
Мислења
2.217
Поени од реакции
256
Поише верувам дека сме настанале од мајмуни.Некако не верувам дека сме настанале од адам и ева.
 
Член од
8 март 2008
Мислења
81
Поени од реакции
4
Дефинитивноја поддржува Дарвиновата теорија на еволуција, од мајмун во човек.
Ако потекнувавме од Адам и Ева, тогаш имаме проблем. Адам и Ева го направиле првиот грев, и биле избркани од рајот.И имале деца. Арно ама , два сина, Абел и Каин. И како се размножиле понатаму? Најверојатно со клонирање?
Или Господ пак имал слободен ден и си правел други Адам и Ева.... Абе ова све иде на генетски инжењериг и клонирање...
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
Теоријата на еволуцијата е измислена од енглезите за "благородниците" да го оправдаат својот нехуман однос спрема робовите.
Се буни некој кога лавот ја јаде антилопата?
Не, така и вие нема да се буните кога ќе ги камшикуваме инфериорните црнци.
:cuc::bravo::zver:
Не знам дали знаеш дека секој социјалдарвинист и останатата багра на квазискептици преќутно како најголем еволуционист го признаваат Хитлер.
ДА! Адолф Хитлер!!!

Опстанок на најспособните... Како да не!!!
Според ова човекот не ќе можеше да се појави како вид.

Поздрав:helou:

П.С.
Лавот може да си касне антилопа само ако ја украде од леопардот.
Најспособните се поспособни и да крадат, нели?
Патем во едно општество не се само црнците тие кои се инфериорни. Ние не треба да се буниме ако способните ги камшикуваат или крадат од неспособните, нели?
Што ги онадиме неспособните?
Нека цркнат!
Сепак сме ние само развиени мајмуни, нели?

`бати глупи еволуционисти!!!
Недоквакани сезнајци!!!:uvo:

Поише верувам дека сме настанале од мајмуни.Некако не верувам дека сме настанале од адам и ева.
Ти ВЕРУВАШ дека сме развиени мајмуни. НЕ знаеш туку веруваш, нели?
Твоето напишано не значи ништо друго освен тоа што твојата „вера“ е еволуцијата.

Сесрдно ти препорачувам да го прочиташ постот над твојот.


Поздрав:helou:

Дефинитивноја поддржува Дарвиновата теорија на еволуција, од мајмун во човек.
Ако потекнувавме од Адам и Ева, тогаш имаме проблем. Адам и Ева го направиле првиот грев, и биле избркани од рајот.И имале деца. Арно ама , два сина, Абел и Каин. И како се размножиле понатаму? Најверојатно со клонирање?
Или Господ пак имал слободен ден и си правел други Адам и Ева.... Абе ова све иде на генетски инжењериг и клонирање...
Со појавата на сентиментот Јас, неминовно се појавува и сентиментот Мое.
Значи појавата на свесност за себе, за припадност и сопственост е појавата не човекот.
Приказната за Адам и Ева е само метафорички пренесен факт со две значења. Едниот е појавата на сентиментот Јас со појавата на семејството, а другото значење е генезата од кое семејство потекнува Исус.

Значи појавата на семејството (општеството) се означува како појавата на човекот.
Има разлика помеѓу Хомо Сапиенс и Хомо Сапиенс Сапиенс или не си го знаел ова. Не те учеле во школо за оваа разлика или ти си бил отсутен тогаш?

Најлошата работа не е дискусијата дали е човекот развиен мајмун или е боженствена творба.
Најлошата работа е кога теории им се предаваат на деца како да се факти.
Таквата пракса има име, а тоа име е: Индоктринација.


Поздрав:helou:
 
D

DeviL_32`

Гостин
А бе ајде сме учеле сите биологија за предците на човекот...
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Бог ги создал човеколиките мајмуни. Создал два вида: „Адами“ и „Еви“. Евите се поинтелигентните од двата вида :))
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Бог ги создал човеколиките мајмуни. Создал два вида: „Адами“ и „Еви“. Евите се поинтелигентните од двата вида :))
Пошто глупоста и кај двата вида е безгранична твоето тврдење не може да биде точно :helou:.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Дефинитивноја поддржува Дарвиновата теорија на еволуција, од мајмун во човек.
Ако потекнувавме од Адам и Ева, тогаш имаме проблем. Адам и Ева го направиле првиот грев, и биле избркани од рајот.И имале деца. Арно ама , два сина, Абел и Каин. И како се размножиле понатаму? Најверојатно со клонирање?
Или Господ пак имал слободен ден и си правел други Адам и Ева.... Абе ова све иде на генетски инжењериг и клонирање...
Проблем има само доколку не ја читаме Библијата. Но доколку ја читаме, тогаш на самиот почеток на книгата Битие ќе го забележиме следниов стих:

"По Ситовото раѓање, Адам живееше осум стотини години; и му се родија уште синови и ќерки." (Битие 5:4)
 
R

RAYTHEON23

Гостин
тоа е сменето...од непознат автор кој сватил дека делото нема да држи вода:toe:
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Проблем има само доколку не ја читаме Библијата. Но доколку ја читаме, тогаш на самиот почеток на книгата Битие ќе го забележиме следниов стих:

"По Ситовото раѓање, Адам живееше осум стотини години; и му се родија уште синови и ќерки." (Битие 5:4)
Значи сите правеле инцест помеѓу себе :icon_bigg.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
553
Гледам повише сте гласале за тоа дека сме настанале од Мајмун, што значи дека ја подржувате теоријата на еволуција, зашто ние сме последната фаза од еволуцијата, или во што ќе еволуираме ние и зашто тоа се одложува ??
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Значи сите правеле инцест помеѓу себе :icon_bigg.
Ако инцесот ти е смешен во библискиот модел на создавањето на животните, тогаш уште посмешен е инцесот во еволуционистичкиот модел, бидејќи д[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]одека во Библијата тој "инцест" период трае само неколку стотици години, кај еволуцијата овој "инцест" период трае со милиони години и тоа со незауздан инцест (читај: групен секс) во секоја следна генерација.[/FONT] Животните не гледаат многу на брат сестра, туку што прво им замириса, крене опашка и се намести

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]
Значи, врти-сучи, кој и модел да го одбереш за создавањето на животните и човекот, ти не можеш да избагаш од неопходниот инцест на почетокот, со таа разлика што инцестот во еволуционистчкиот модел е неспоредливо поголем од оној кај библискиот.[/FONT]


А што се однесува до инцесот, како што можеше да видиш и според Дарвиновата теорија, ние сме плод на инцест..и тоа инцест со милиони години, во секоја генерација...ужас, фала Богу што тоа е само претпоставка т.е. режија на креативниот Дарвин


А што се однесува на библискиот модел на создавањето на човекот во спрега со инцесот, дозволи ми малку да те едуцирам. Иако ова тебе можеби ти е познато, сепак ќе дадам мал вовед за другите читатели..

Денес не е дозволено, со закон, стапување во брак на брат или сестра (и на полубрат и полусестра, итн.), бидејќи постои недозволено висок ризик нивните деца да се родат со деформитети. Колку поблиску се родителите по роднинска линија, толку поверојатно е дека некој од потомството ќе биде со деформитети.

Постои многу оправдана и лесно разбирлива генетска прична за таквиот закон. Секој човек има две групи на гени, со приближно 130000 парови кои ја одредуваат неговата градба и функција. Секој човек наследува по еден ген за секој пар од едниот родител. За жал, гените денес содржат многу грешки (поради гревот и Казната), и овие генетски грешки резултираат со најразлични аномајлии (деформитети) кај луѓето.

Колку се родителите подалечни роднини, поверојатно е дека децата ќе имаат различни грешки во своите гени. Тие наследувајќи по една група од секој родител, веројатно ќе имаат по еден пар гени што ќе содржат најмногу по еден неправилен ген во секој пар. Добриот (доминантен) ген во парот има тенденција да го потисне неправилниот (рецесивниот) ген така што деформитетот нема да се пројави.

Меѓутоа, доколку брачните сопружници се поблиски роднини, поверојатно е дека тие ќе имаат слични грешки во своите гени, бидејќи се наследени од исти родители. Затоа, брат и сестра најверојатно ќе имаат слични грешки во своите гени. Децата од брачна заедница меѓу брат и сестра можат да ги наследат истите лоши гени на истиот генетски пар од двата родитела, што ќе доведе до две лоши копии на гените и до сериозни аномалии.

Меѓутоа, Адам и Ева немале акумулирано генетски грешки!
Кога биле создадени првите две човечки битија, тие биле физички совршени. Се што создал Бог било "многу добро" (1 Мојсеева 1:31), така што нивните гени биле совршени - без грешки.
Но кога гревот навлегол во светот, Бог го казнил светот, по што совршеното создание почнало да се деформира, односно да страда со деформирање, болести, стареење, умирање и распаѓање. (Римјаните 8:22)


Во текот на илјада години, оваа деформација произвела најразлични генетски грешки во живите битија.

Каин бил од првата генерација деца што се родиле на Земјата. Тој примил гени од Адам или од Ева практично без грешки, бидејќи ефектот од гревот и Казната во почетокот бил минимален и потребно било време за да се акумулираат овие грешки при копирањето на гените.

Во таква ситуација, браќа и сестри можеле да стапуваат во заедница со Божјо одобрение, без каква и да е потенцијална можност за создавање на деформирани потомци.
Во времето на Мојсеј (неколку илјади години подоцна), дегенеративните грешки се акумулирале во таков обем што се јавила потреба Бог да ја забрани брачната заедница меѓу брат и сестра ( и поблиски сродници 3 Мојсеева 18:6-18)

Во тоа време на Земјата веќе живееле огромен број луѓе и немало потреба од бракови меѓу блиски роднини. Бог испланирал се!


п.с. Пак ќе повторам, смешното во овој инцес-проблем е тоа што дури и да го земете еволутивниот пристап, не можете да го избегнете инцесот, и тоа во овој случај не само во почетокот, туку и редоследно во сите генерации бидејќи животните кога ќе им се дигне опашот, не бираат ни брат ни сестра, туку што прво замириса и се намести
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Јас мислам дека сме настанале од мајмуните, некако не ми држи теза ова дека сме настанале од Адам и Ева, иако верувам во Библијата и Господ...:toe:
 
Член од
18 август 2008
Мислења
680
Поени од реакции
33
Ни тоа ни тоа.

Мајмуните не се претвараат у луѓе .. и од двајца фраери нема потомство.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom