Со еуротакси ми имаат кажано, колку пари имаш комшике толку.
Па фала Богу еве ме жива сум, само со нив се возам.
Не којзнае колку често, ама ме сфативте ваљда која ми беше поентата. У маалски кафич 30 денари фурнаринки имаш, 40 денари боровница со внатре топка сладолед, бонбона.
Во други населби симит погача нема ни за лек, ебате. Или бар ја немам видено, овде на секој ќош.
Повеќето што првпат пробуваат им е гадно, ама кога некој ќе израсне со нешто, навикнат е и тоа е.
Татко ми кога го изгуби телефонот у маало, се јавија, до врата му го донесоа. Не може да генерализирате толку лесно. Као Чаир, уаууу таму темна зона.
Све си има минус и плус. Може дека тука сум израсната и така све ми е нормално... ама не би ја менувала за друга населба. Реално да менувам стан за некој помал во друга населба, со скроз чкљ распоред на собите... ја не би.
На 10 минути до Центар, што све ми е блиску, а тие што се преселија зацепале до Драчево, Волково, Припор, Усје... мех.
Да не биде потценувам сеа нешто или не знам, ама реално кога ми одговара, зошто да менувам? Штета што ништо не се вложува во неа, со децении ништо не е сменето, освен згради што има никнато еден куп. Имам слушано од баба ми повеќе приказни за од турско време, дека центарот бил на оваа страна на Скопје, после постепено се разбегале на другата страна. Ако она ме лажела, Ве лажам и јас сеа Вас.
Тоа што улиците и сообраќајната култура е на нула, не го негирам ич. Земале ги прошируваат улиците низ Чаир, демек плус лента, а на таа лента до неа испопаркирани коли, игла нема кај да фрлиш, не се знае кој јаде кој плаќа (океј, никој
). Џабе и улица и све, кога не важи закон, пајак неам видено ниеднаш у живот навака, научна фантастика.